Браво за Телекабел, сега можам да направам математика дали да ја исклучам само телевизијата од Вип ТВ, или да го исклучам и кабелскиот Интернет од Вип ТВ.
Единствениот вистински проблем се двата постпејд мобилни телефони за кои моите добија попуст кога се споија Вип, Оне и Близо во 2015 година, поради што ќе треба да видам колку ќе плаќаат ако се префрлиме на Телекабел или на Неотел, бидејќи сепак нивните мобилни телефони ќе останат на Вип.
Само оптичкиот Интернет од Телекабел заедно со кабелската телевизија ќе не` чинат 1.350 денари месечно, ако на ова го додадам и фиксниот телефон ќе не` чинат 1.500 денари месечно. На ова ќе треба да ги додадам двата постпејд мобилни телефони на Вип, но ќе треба да видам која тарифа ја користат сега со попустот кој го добија кога се споија Вип, Оне и Близо.
Како и да е, убаво е да се знае дека навистина имаме алтернатива на випосаните.
http://avmu.mk/trd-robi-telekabel/
http://avmu.mk/wp-content/uploads/2017/06/ROBI-Telekabel.pdf
И на официјалниот веб сајт на Телекабел се вратени Discovery каналите и ЕуроСпорт каналите во дигиталната ТВ понуда, а од аналогната ТВ понуда и онака никогаш не беа отстранети.
http://telekabel.com.mk/index.php/mk/телевизија/аналогна-телевизија/листа-на-аналогни-канали
http://telekabel.com.mk/index.php/mk/телевизија/дигитална-телевизија/листа-на-дигитални-канали
Среќна Нова 2018 година и на тебе.
Ако целта ти беше да уживаш во тролање на форумов, се надевам дека уживаше додека ти траеше таквото задоволство.
Во спротивно, добредојден си да придонесеш за објективна дискусија со реални факти, наместо со твоите лични шпекулации дека "сите" оператори ги укинуваа(т) Discovery каналите и ЕуроСпорт каналите.