A1 TV кабелска телевизија (Blizoo/Cabletel/Vip TV) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Xak
  • Време на започнување
Член од
24 април 2008
Мислења
10.567
Поени од реакции
11.694
znaci pak ke kazam eurosport ke bide ukinat sekade vo makedonija bez razlika stp na neotel pisuva deka do oktomvri imaat dogovor.....
Што прават и што ќе прават Неотел е проблем на Неотел, а што прават випосаните е проблем на випосаните.

Укинувањето на ЕуроСпорт каналите е неоправдано, бесмислено и мора тие канали да останат во телевизиската понуда на Вип ТВ, без разлика што прават или што ќе прават останатите телевизиски оператори.
 
Член од
14 август 2010
Мислења
787
Поени од реакции
506

znaci ne e do vip nit telekom do samiot eurosport e kanalite imaat zabrana za emituvanje kaj nas....
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.421
Поени од реакции
2.766
znaci pak ke kazam eurosport ke bide ukinat sekade vo makedonija bez razlika stp na neotel pisuva deka do oktomvri imaat dogovor.....
Чек малку сега, полека. И јас слушнав дека Еуроспорт веќе нема да се емитува во МК, па да прашам зошто е тоа така? Зошто забрана? Кај нас во МК е проблемот или што? Навистина чудно ми е.
 
Член од
14 август 2010
Мислења
787
Поени од реакции
506
Самите Discovery Communications одлучиле сите нивни ТВ канали да не се емитуваат повеќе во Македонија ?

Некакво објаснување зошто, што им текнало така ?
neznam zasto e toa taka bitno nema da se emituvaat kaj nas....jebiga
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.567
Поени од реакции
11.694
neznam zasto e toa taka bitno nema da se emituvaat kaj nas....jebiga
Нема јебига, мора да има објаснување.

Кога Б92 беше укината во Македонија, од Б92 однапред објавија соопштение дека не сакаат нивната телевизија да се емитува во Македонија.

Кога Пинк каналите беа забранети во Македонија, АААВМУ ја оправда забраната со неплатени долгови кон државата.

Мора да има објаснување зошто Discovery Communications одлучиле сите нивни ТВ канали да не се емитуваат повеќе во Македонија.
 
Член од
14 август 2010
Мислења
787
Поени од реакции
506
Нема јебига, мора да има објаснување.

Кога Б92 беше укината во Македонија, од Б92 однапред објавија соопштение дека не сакаат нивната телевизија да се емитува во Македонија.

Кога Пинк каналите беа забранети во Македонија, АААВМУ ја оправда забраната со неплатени долгови кон државата.

Мора да има објаснување зошто Discovery Communications одлучиле сите нивни ТВ канали да не се емитуваат повеќе во Македонија.
poleka...ja ne odlucuvam za kanalite ja samo kazav deka nema da se emituvaat a pradanjeto treba da go postavis vo vip......
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.567
Поени од реакции
11.694
poleka...ja ne odlucuvam za kanalite ja samo kazav deka nema da se emituvaat a pradanjeto treba da go postavis vo vip......
Чисто информативно, твоите информации се инсајдерски од Вип, или ги објавуваш бидејќи така ти кажале по телефон или во салон ?

Бидејќи за потсетување, и EuroSport News го укинаа пред повеќе години бидејќи "престанал да постои".

И една работа некако не се совпаѓа со отстранувањето на Discovery и EuroSport каналите, а тоа е ова интервју на Викторија Дејвис од Discovery Communications за Слободен Печат на 1 декември 2017.

http://www.slobodenpecat.mk/magazin/ekskluzivno-intervju-viktorija-dejvis-diskaveri-e-lider-megu-pretplatnichkite-kanali-na-makedonskiot-pazar/

Eксклузивно интервју со Викторија Дејвис: „Дискавери“ е лидер меѓу претплатничките канали на македонскиот пазар

December 1, 2017

Викторија Дејвис, постар потпретседател и кантри менаџер на „Дискавери нетворкс“ за Централна и за Источна Европа, е одговорна за менаџментот на 13 пазари, вклучувајќи ги Македонија, Унгарија, Чешка, Србија, Романија, Бугарија и Словенија. Во ексклузивно интервју за „Слободен печат“, го споделува нејзиното видување за водечката позиција што „Дискавери“ ја има на македонскиот ТВ-претплатнички пазар, ги откри плановите за претстојните ЗОИ, ги објасни новите директиви на компанијата како и нејзината визија за иднината на телевизијата.

Слободен печат: Ќе започнеме со директно прашање: Kако „Дискавери каналите“ се позиционирани на македонскиот телевизиски пазар?
– Прво, сакам да потенцирам дека Македонија е добро развиен ТВ-пазар, аналогниот сигнал е исклучен пред четири години и има голема пенетрација на претплатничката телевизија од речиси 80 отсто, што е меѓу највисоките во регионот. Нашите водечки канали „Дискавери“, „ТЛЦ“ и „Еуроспорт“ имаат целосна претплатничка дистрибуција, па така, морам да кажам дека нашата позиција е многу добра. На пример „Дискавери“ е втор кабелски и сателитски канал, а е на прво место кога станува збор за забавен канал на македонскиот пазар. Силни сме во Македонија и ќе продолжиме да ја зајакнуваме нашата позиција со квалитетна содржинска понуда.

Слободен печат: „Дискавери“ ги доби правата за пренос на Олимписките игри од 2018 до 2024 година за „Еуроспорт“. Кога веќе зимската олимпијада се приближува, кои се плановите?
– Плановите се големи и сѐ се случува навистина брзо. Тони продукциска опрема се носи до Јужна Кореја во моментов. Ова ќе бидат првите дигитални игри за Европа и сакаме да ги прикажеме на многу луѓе и на повеќе екрани од кога било порано. Ќе имаме 12 студија и 1.100 камери што ќе ја покриваат Олимпијадата. Каналите „Еуроспорт“ ќе бидат сосема посветени на ЗОИ, но сѐ, а со ова мислам секоја минута, секој спортист и секое натпреварување од Олимписките игри ќе биде достапно на „Еуроспорт плеер“.

Слободен печат: „Еуроспорт плеер“ е ОТТ сервис, кои се можностите за спортските фанови со „Еуроспорт плеерот“?
– Сакаме да го нарекуваме нашиот „Нетфликс“ за спорт. Во суштина на спортските фанови им дозволува што сакаат да гледаат, кога и да сакаат да го гледаат. Секој љубител може да си креира свое искуство околу спортот кој го сака. Ние сме партнери со „БАМтех“ во ова, што ни осигурува голема техничка способност. Ни отвора толку многу можности и партнерства, како, на пример, со „Телеком Италија“, кои беа првите што се пријавија за официјалниот мобилен пренос за Олимписките игри.

Слободен печат: Интернетот зазема сѐ повеќе од видеосодржината. Дали „Дискавери“ се движи во истиот правец?
– Ова е логична еволуција за нас. Прво имаше само аналогни ТВ-канали, па пристигна кабелската телевизија и сега сме во ситуација кога има интернет и многу мобилни направи, но и нови генерации што ги користат, што за нас отвора нови патишта за да ја доближиме содржината поблизу до корисниците. Меѓутоа, кога зборуваме за содржината денес, не зборуваме само за телевизијата туку и за содржината на мобилните платформи. Наш таргет сега се 7 милијарди уреди. Денес, помладите гледачи и не само тие, туку и другите ја консумираат содржината на различен начин. Различниот начин на живот побарува од нив да гледаат содржина кога тие тоа ќе го посакаат, сега тие не сакаат некој да им креира распоред за гледање, во овој случај на телевизијата. На пример, многу ни е важно да имаме содржина што ќе се емитува преку мобилните апликации и мора постојано да ја збогатуваме таа содржина. Ова не го менува нашиот базичен бизнис, но сега ова го правиме преку различни медиуми. Се обидуваме да експериментираме и учиме многу комбинирајќи го нашиот интернационалниот „know-how“ со локалните видувања. Сакаме да ја доближиме нашата содржина до повеќе луѓе, на повеќе екрани.

Слободен печат: Што, според Вас, е иднината на телевизијата?
– Има голема дебата за ова во нашата индустрија. Едно е сигурно, има огромен глад за мобилна содржина и фактот дека навиките на гледачите се менуваат. Но лично мислам дека големиот екран секогаш ќе има специјално значење за луѓето, само поради искуството што го нуди. Се сеќавате колку е фасцинантно да се гледа натпревар со пријатели пред големиот екран. Нема да исчезне, но ќе има сѐ повеќе содржина комбинирана со другите медиуми во живо па така секогаш ќе има содржина што ќе започне да се гледа прво на мобилен уред, па ќе се префрли на ТВ-екран и обратно. Стабилната позиција на телевизијата се гледа и од минатогодишните податоци. „Дискавери“ има 3 милијарди претплатници што имаат изгледано 52 милијарди часа содржина.

Слободен печат: Што ќе се случи со содржината што ја нудите? Дали мислите дека ќе се промени ако се земе предвид дека денес луѓето гледаат една содржина час или два?
– Уште од формирањето во 1985 година и интернационалната експанзија во деведесеттите, „Дискавери“ секогаш еволуираше и секогаш сакавме да бидеме пионери во новата содржина, која низ децениите стана евидентна со амблемните шоуа како „Беар Грилс: роден да преживее“, „Митбастерс“, „Неделата на ајкулите“, „Борба за опстанок“, „Комарци“ и уште многу. Ние бевме првата телевизија без фикција, први кои го претставија ХД итн. Поради промените во начинот на гледање на содржината, заедно и содржината и форматот се менуваат. На пример, сега креираме многу пократка содржина. Направивме 100 милиони долари инвестиција во групацијата „Најн медија“, една од најдобрите дигитални компании специјализирана за кратки филмови. Ова отвори нови врати за нас, бидејќи гледачите денес сакаат да гледаат повеќе за пократко време. „Дискавери“ отсекогаш бил пионер кога станува збор за задоволување на човечката љубопитност. И ова останува за нас како примарна цел, задоволување на љубопитноста.

Слободен печат: Дали во Македонија во моментов телевизијата е најважен медиум, поважен и од интернетот?
– Секако. Кога ќе ја земете предвид целокупната публика, телевизијата е сѐ уште број еден. Има уште гледачи што се верни на телевизијата. Интернетот ни носи можности за проширување и збогатување на видеоискуствата и да креира интерактивност, но телевизијата е лидер и донесува супериорно ниво на гледачко искуство. Тука е и помладата генерација, која сака нешто друго и ние мора да сме подготвени да ѝ го испорачаме начинот на кој таа ќе сака да го консумира.

Слободен печат: Кои се Вашите идни планови за Македонија?
– Да продолжиме да бидеме лидери преку донесување иновативна содржина со неспоредлив квалитет за македонската публика во соработка со нашите партнери. Сакаме да развиеме нови производи за македонските и за светските фанови. Наша цел е да ја продлабочиме соработката и со нашите гледачи и со партнерите што нè дистрибуираат и секој ден да прикажуваме вредна содржина на повеќе македонски гледачи. Во Македонија „Дискавери“ е омилен бренд и луѓето го сакаат во своите домови и тоа е она што нас нè мотивира да сме подобри и подобри секој ден.

Слободен печат: Што ќе им препорачате на читателите, што е она што мора да го погледнат на каналите „Дискавери“ во блиска иднина?
– За спортските фанови, зимската сезона започна на „Еуроспорт“, има и натпревари од Бундеслигата, а и Австралискиот опен чука на врата. Секако и ЗОИ наближуваат. „ТЛЦ“ е преполн со вистински животни приказни, кои допираат до човековото срце и ум како „Невести со облини“ и „90 дена до венчавка“. Јас, лично, не можам да дочекам да го погледнам документарецот за Никола Тесла, кој наскоро ќе се прикажува на „Дискавери“.
 
Член од
22 октомври 2011
Мислења
1.281
Поени од реакции
798
Нека се ебат ако мислат дека ке продолжам договор со овие лопови после укинување на Еуроспорт и Дискавери.
Иптв за 100 евра годишна претплата и што сакам тоа ке гледам!
 
dobro ne ti e cudno sto site operatori gi ukinuvaat kanalite? tuka ti e odgoborot
 
Kajgana Shop

На врв Bottom