A1 TV кабелска телевизија (Blizoo/Cabletel/Vip TV) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Xak
  • Време на започнување

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.732
Поени од реакции
1.308
Toa дека Вип ќе го купи Близу се само шпекулации,барем засега нема вистина во тоа. Операторот дека е на продажба тоа е вистина но не значи дека ке се продаде бидејќи бележи раст. Филмските канали се на добар пат, очекувам до крајот на Јануари да бидат пуштени. Аналогната телевизија ке биде изгасена секаде, но чекор по чекор нема да се случи одеднаш. Истите тие за само плус 50 денари од сегашната претплата ке можат да следат дигитална телевизија. Има најава и за зголемување на брзините, но нема датум :D. Тоа е тоа засега.
А може да ургираш распоредот на канали да биде понормален, некако некои ми се без ред?
 
Член од
7 септември 2008
Мислења
371
Поени од реакции
109
Добро може ли да се каже на кој филмски канали се мисли, ако сега не се пуштат за предстојните празници поубаво ич нека не ги пуштаат. Се се работи на шпекулации и нагагања и тие мислам на вработените што работат те гледаат бледо и ке ти кажат се работи на подобрување на услугата и зголемување на бројот на канали ништо конкретно(даден одговор како низ газот), кога ке треба да обновиш договор ти се лигават до максимум. Проблемот кај сите оператори да те навлечат да користиш нивна услуга после за нас како клиенти ги заболе онаа ствар. Дека ке пуштат нешто ново не верувам а дека гасат тоа сум сигурен.
 
Претпоставка моја е дека станува збор за HBO и HBO Comedy, бидејќи кога ги прашав HBO на фб, рекоа дека преговараат со голем број на кабелски оператори, а кога ги прашав дали најголемите оператори во земјава, рекоа да. Само сега незнам дали мислеа само на Телекабел или и на близу.
Иначе на 27ми СРД ќе им издаде некои потврди за канали, да видиме што ќе биде :)
 
Член од
7 септември 2008
Мислења
371
Поени од реакции
109
Ако ги пуштат тие канали мислам на hbo i hbo comedy, ке треба да се доплати тоа значи нема ништо од проширување на програмската шема.
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.732
Поени од реакции
1.308
Ако ги пуштат тие канали мислам на hbo i hbo comedy, ке треба да се доплати тоа значи нема ништо од проширување на програмската шема.
Или едноставно можат да ги стават во некој од веќе постоечките пакети како Супер пакет или Плус Супер пакетот ;)
 
Член од
7 септември 2008
Мислења
371
Поени од реакции
109
Или едноставно можат да ги стават во некој од веќе постоечките пакети како Супер пакет или Плус Супер пакетот ;)
За жал од нив таков филм нема да видиме тие се во состојба се да наплатат, за жал каде и да идеш услугите се тие. Ако ги пуштаат сега е време да дадат 15 до месец дена промо гледање.
 
Член од
11 април 2013
Мислења
355
Поени од реакции
183
И јас мислам дека тоа ке се HBO каналите. Инаку не ми е јасно, што ке се чека до средина на Јануари за два канали кои најверојатно уште утре ке имаат дозвола истите да ги емитуваат. Инаку зголемувањето на брзини е нешто што и не треба да се збори, мислам кај нас стандардно е зголемување на брзини околу нова година, евентуално месец-два после неа. Претпоставка моја а и од тоа што слушнав е дека ке скокнат брзините минимум за по 10 мегабити. Па наевтиниот ке е од 20 итн. Али се се тоа претпоставки ништо сигурно.
HBO и HBO Comedy ферски спрема сите корисници е да се првин да се слободни 1 месец, а потоа да се во ист пакет со SK3,Golf по иста цена.
 
Член од
11 јуни 2011
Мислења
382
Поени од реакции
187
Добро може ли да се каже на кој филмски канали се мисли, ако сега не се пуштат за предстојните празници поубаво ич нека не ги пуштаат. Се се работи на шпекулации и нагагања и тие мислам на вработените што работат те гледаат бледо и ке ти кажат се работи на подобрување на услугата и зголемување на бројот на канали ништо конкретно(даден одговор како низ газот), кога ке треба да обновиш договор ти се лигават до максимум. Проблемот кај сите оператори да те навлечат да користиш нивна услуга после за нас како клиенти ги заболе онаа ствар. Дека ке пуштат нешто ново не верувам а дека гасат тоа сум сигурен.
Не може да се каже поконкретно затоа што се преговори. Тие преговори кога се водат не се знае што ќе биде. Дали на операторот ќе му одговара дали не. Затоа не можат да се каже кои канали ке бидат и како. Важно ке има сигурно.
 
Член од
19 ноември 2008
Мислења
741
Поени од реакции
286

Дај кажи им таму да го средат електронски водич зошто на македонските ич нема.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
Blizoo најверојатно е тргнат од продажба. http://www.tmtfinance.com/news/blizoo-sale-called
Вин вин е ова за нас ,ем знаеме што не очекува во иднина ем ке си го имаат профитот они. АКо памтам ланскиот профит им беше 80мил евра ,а приходот не ми текнува окулу 200+ ке да беше. Малце не ми е јасно зашто не сакале да платат толку али ај.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.114
Поени од реакции
12.697
Ги има ли некој фреквенциите на дигиталните ТВ канали на Близо за да ги објави на форумов ?

Сега кога мигрирав на Старт Делукс, морав да го вратам едниот кабелски рисивер кој го користев со LCD телевизорот и да го заменам со кабелскиот CA модул што ми го дадоа од Близо.

Но проблемот со LCD телевизорот е во тоа што не може автоматски да ги наоѓа дигиталните ТВ канали, туку морам рачно да му ги внесувам фреквенциите за да ги побара дигиталните ТВ канали, а упатството што ми го дадоа за кабелскиот CA модул е комплетно бескорисно (линк: http://www.blizoo.mk/images/Root/downloads/manuals/CA_Module.pdf).

За среќа, вториот кабелски рисивер што го користам со обичниот телевизор и понатаму ми врши работа, па успеав од кабелскиот рисивер да ги препишам повеќето дигитални фреквенции на Близо, но очигледно не сите, бидејќи ги нема Food Network HD, MTV Live HD, Cartoon Network и некои други дигитални ТВ канали, а попладнево ја немаше ниту Сител, поради што морав одново да ги скенирам фреквенциите за да ја најде и Сител.

Тоа е една од негативните карактеристики на кабелскиот CA модул од Близо, ако сигналот од дигиталниот ТВ канал е слаб во моментот кога се скенира неговата фреквенција, телевизорот нема да го најде тој ТВ канал и нема да го стави на листата, за разлика од кабелскиот рисивер кој ја превзема листата директно од централата на Близо.

Како и да е, ги објавувам фреквенциите од дигиталните ТВ канали кои ги препишав од кабелскиот рисивер и ги охрабрувам останатите членови на форумов кои користат дигитална телевизија од Близо, а особено тие кои користат HD рисивер од Близо, да ги препишат и да ги објават фреквенциите на дигиталните ТВ канали на форумов.

418000 KHz (418 MHz)
426000 KHz (426 MHz)
434000 KHz (434 MHz)
442000 KHz (442 MHz)
578000 KHz (578 MHz)
650000 KHz (650 MHz)
658000 KHz (658 MHz)
666000 KHz (666 MHz)
674000 KHz (674 MHz)
682000 KHz (682 MHz)
690000 KHz (690 MHz)
698000 KHz (698 MHz)
834000 KHz (834 MHz)
842000 KHz (842 MHz)
850000 KHz (850 MHz)

6875 KS/s (6.875 MS/s)

64 QAM (QAM 64)

За тие кои не знаат, а сакаат да ги препишат и да ги објават на форумов фреквенциите на дигиталните ТВ канали на Близо, постапката се врши на следниот начин:

Главно мени -> Подесување -> Сортирање на канали;

Во менито за сортирање на канали, со бирање на опцијата Именување или Поместување, може да се врши навигација низ каналите, а под листата се прикажува фреквенцијата на конкретниот канал врз чие што име се наоѓа покажувачот во менито.

Било каква помош од било кој член на форумов кој користи дигитална телевизија од Близо, е добредојдена.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.114
Поени од реакции
12.697
Го решив проблемот.

Фреквенциите на дигиталните ТВ канали на Близо кои недостигаа се следните:

586000 KHz (586 MHz)
826000 KHz (826 MHz)
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.232
Поени од реакции
8.338
Нема ништо од Близоо каналиве гледам само Балканика на седницава од 27.12
 
Член од
7 септември 2008
Мислења
371
Поени од реакции
109
Христос се роди!
Blizoo e едиствен кабловски оператор во Р Македонија која не ја прошири понудата за празниците кој поминаа!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom