Ги има ли некој фреквенциите на дигиталните ТВ канали на Близо за да ги објави на форумов ?
Сега кога мигрирав на Старт Делукс, морав да го вратам едниот кабелски рисивер кој го користев со LCD телевизорот и да го заменам со кабелскиот CA модул што ми го дадоа од Близо.
Но проблемот со LCD телевизорот е во тоа што не може автоматски да ги наоѓа дигиталните ТВ канали, туку морам рачно да му ги внесувам фреквенциите за да ги побара дигиталните ТВ канали, а упатството што ми го дадоа за кабелскиот CA модул е комплетно бескорисно (линк:
http://www.blizoo.mk/images/Root/downloads/manuals/CA_Module.pdf).
За среќа, вториот кабелски рисивер што го користам со обичниот телевизор и понатаму ми врши работа, па успеав од кабелскиот рисивер да ги препишам повеќето дигитални фреквенции на Близо, но очигледно не сите, бидејќи ги нема Food Network HD, MTV Live HD, Cartoon Network и некои други дигитални ТВ канали, а попладнево ја немаше ниту Сител, поради што морав одново да ги скенирам фреквенциите за да ја најде и Сител.
Тоа е една од негативните карактеристики на кабелскиот CA модул од Близо, ако сигналот од дигиталниот ТВ канал е слаб во моментот кога се скенира неговата фреквенција, телевизорот нема да го најде тој ТВ канал и нема да го стави на листата, за разлика од кабелскиот рисивер кој ја превзема листата директно од централата на Близо.
Како и да е, ги објавувам фреквенциите од дигиталните ТВ канали кои ги препишав од кабелскиот рисивер и ги охрабрувам останатите членови на форумов кои користат дигитална телевизија од Близо, а особено тие кои користат HD рисивер од Близо, да ги препишат и да ги објават фреквенциите на дигиталните ТВ канали на форумов.
418000 KHz (418 MHz)
426000 KHz (426 MHz)
434000 KHz (434 MHz)
442000 KHz (442 MHz)
578000 KHz (578 MHz)
650000 KHz (650 MHz)
658000 KHz (658 MHz)
666000 KHz (666 MHz)
674000 KHz (674 MHz)
682000 KHz (682 MHz)
690000 KHz (690 MHz)
698000 KHz (698 MHz)
834000 KHz (834 MHz)
842000 KHz (842 MHz)
850000 KHz (850 MHz)
6875 KS/s (6.875 MS/s)
64 QAM (QAM 64)
За тие кои не знаат, а сакаат да ги препишат и да ги објават на форумов фреквенциите на дигиталните ТВ канали на Близо, постапката се врши на следниот начин:
Главно мени -> Подесување -> Сортирање на канали;
Во менито за сортирање на канали, со бирање на опцијата
Именување или
Поместување, може да се врши навигација низ каналите, а под листата се прикажува фреквенцијата на конкретниот канал врз чие што име се наоѓа покажувачот во менито.
Било каква помош од било кој член на форумов кој користи дигитална телевизија од Близо, е добредојдена.