Дај објасни попластично малце, не секој го интересира да знае таква терминологија
Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
Па ни јас не се разбирам премногу, но попластично е дека станува збор за различна технологија што се користи.
Во LAN можеш да имаш симетрични, исти брзини, ама максимално до 60Mbps.
Кај Euro Docsis 3.0 што го имаат претежно сите корисници, максималната брзина за симнување е 150 а за прикачување е 5Mbps.
Пред не знам година-две-три, се вршеше промена на каблите и опремата од LAN во Docsis кај сите корисници, бидејќи била подобра, побрзо се интервенирало, со еден кабел се средувало и ТВ и Нет и некои други предности, но не ги знам.
Има постручни на форумот, со поголемо знаење, можеби ќе објаснат доколку прочитаат.
Искрено мислев дека кај сите корисници промениле, но ете, кај тебе се' уште е останато на старо.
Е сега, во светот постои нешто шо се вика Docsis 3.1 Full Duplex, односно доксис понапредна верзија, каде што исто се нудат симетрични, односно исти брзини и за симнување и за прикачување. Но кога и дали ќе се имплементира некогаш кај нас, навистина не би знаел, иако посакувам.