A1 TV кабелска телевизија (Blizoo/Cabletel/Vip TV) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Xak
  • Време на започнување
Член од
9 април 2012
Мислења
50
Поени од реакции
14
И мене еден пријател што работи во Близу ми кажа ке ги пуштеле до Нова година FOX каналите и плус уште 2-3 други така да стискаме палци може ке има нешто добро.
 

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.732
Поени од реакции
1.308
Случајно видов дека на неколку по ред седници на СРД имало одобрение за проширување на понудата на blizoo (ме мрзи да го барам линкот од СРД). Јас (коњ) мислев дека ќе понуди нешто квалитетно и за сите корисници, а тоа да ти било tring канали: Telesport, BFF, Living, TV Sh, Bunga Bunga и Desire.Срамота (n)
 

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.732
Поени од реакции
1.308
За тоа што напишав погоре:



[ 10.12.2012 ] „Близу“ додаде 20 бесплатни канали во дигиталната платформа

Со овој чекор, повеќето корисници на дигитална телевизија ќе можат бесплатно да уживаат во дваесетте Тринг канали со најразлична содржина коишто ги вклучи операторот во својата понуда.
Пред новогодишните празници, телекомуникацискиот оператор „Близу“ промотивно воведе 20 бесплатни Тринг канали во својата дигитална платформа, со што го зголеми бројот на канали во албанското портфолио со вкупно 38 канали.
На тој начин, повеќето корисници на дигитална телевизија ќе можат бесплатно да уживаат во дваесетте Тринг канали со најразлична содржина коишто ги вклучи операторот во својата понуда, и тоа: RTV 21, Tirana TV, 3 Plus, 21 Popullore, 21 Junior, Tip TV, Tring Life, Tring Super, Tring Comedy, Tring Fantasy, Tring Planet, Tring World, Tring Sport News, Desire, Bunga Bunga, Telesport, BBF, Living, Bizare и TV Sh.
„За малку повеќе од година дена присуство на овој пазар, успеавме да го зголемиме бројот на каналите во дигиталната понуда на завидно ниво. Се надеваме дека ова изненадување за корисниците на дигиталната телевизија ќе внесе дополнителна позитивна динамика во рамки на телекомуникацискиот пазар. Бидете подготвени за уште новости од секој сегмент од нашиот бизнис“- изјави Кирил Трендафилов, извршен директор на „Близу“.
Корисниците коишто сакаат да ги активираат каналите потребно е да поднесат барање за активација во продажен салон, или пак на 089 011 011. Промоцијата трае до 31.12.2012 година.
 
Член од
10 ноември 2011
Мислења
120
Поени од реакции
56
За тоа што напишав погоре:
Не ми се верува додале нови канали хаха смешка.
Откако дојдоа над 30 канали исклучија и нека не се фалат многу,побарувањата на корисниците не ги исполнуваат каде се FOX, FOX movies,AXN,Sci-Fi ,а па да не збориме за HBO каналите.

СРАМОТА.
 
Член од
18 март 2007
Мислења
570
Поени од реакции
78
Бомбастичен наслов „бесплатни“, за потоа да сфатиш дека станува збор за промотивен период. Па уште треба да ги активираш, за потоа да заборавиш да ги деактивираш и да ти ги наплатат. Не им е првпат, true story.

Патем, на новиот канал CBS Drama сакав да ја гледам Twin Peaks, ама не можам. Зошто? Има чешка натсинхронизација без опција да се исклучи. :facepalm:

Worst of the worst.
 
Член од
26 април 2012
Мислења
205
Поени од реакции
123
стварно не ми е јасно што сте запнале со FOX MOVIES, сте виделе реклама и мислите којзнае што е каналов. Си ги дава своите постари филмови на 20 century fox кои во најголем дел веќе оделе на мак. канали по 5 пати. На пример видете ја програмата на каналов за денес, како премиера е Fletch Lives (1989) со Чеви Чејс, веќе гледан минимум 3 пати на мак. канали. :гомце: Па веќе ги има каналите на Universal i MGM на кабловските па никој не ги гледа. Ќе го стават каналов и па за месец дена ќе го правиме истиот муабет дека нема асален фимски канал и дека на FOX MOVIES иделе истите гледани филмови. Како второ пошто каналов има две верзии (поквалитетната иде под друго име FX Movie Channel) кај нас ќе иде катастрофа верзијата која иде во африка и таму е free to air. Наместо да стават еден квалитетен канал и решен проблем, ајде НВО се скапи, ама не би биле проблем некои канали кои веќе ги има во околните држави како Cinemax
 

Kajgana Shop

На врв Bottom