A1 Телевизија повторно на тв екраните

  • Креатор на темата Креатор на темата mishko
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви фали А1 телевизија


  • Вкупно гласачи
    337
ај не ја расипувајте одма темата со политика зошто ќе падне под клуч..
 
има тема за а1, зошто да се дуплираат работите и така нема ништо да постигнат ако работат само преку интернет, Бк тв пробаа во Србија но ништо не постигнаа, во секо случај за поздравување.
 
Порталите Скај и Плус Инфо ти се нај аматерските сајтови :facepalm:и секоја нивна информација со резерва ја земам
 
Порталите Скај и Плус Инфо ти се нај аматерските сајтови :facepalm:и секоја нивна информација со резерва ја земам

Од Сител и курир нема по аматери!!! После она што не лажеа на здрави очи дека црквата во лабуништа не била запалена! Мислат тие дека народот мастило пие и тротоар јади :facepalm:
 
Катерина Цаневска (бивш новинар во А1) исто така ја објави и потврди веста, и btw доменот www.a1on.mk веќе е откупен.
 
Паника у портокаловиот штаб а, одма се приметува, Скај и Плусинфо се релевантни колку што се Курир, Сител, Миленко Неделквски и Македонска нација. Така да, ај да видиме што ќе биде, секако дека тешко ќе ја достигне моќта и влијанието на старата А1, оти ги нема веќе криминалните пари на Велија, ама секој нов медиум каков и да е, во овој затупен новиарски простор е добредојден.
 
Ова ќе биде само Интернет “телевизија“. Со оглед на тоа дека Умот е в зандана и со надеж дека Биљана и Борјан нема да се мешаат, очекуам А1 барем малку да допре до старите добри времиња. Очекувам и умерена критика кон едноумиево кое владее, но не до степен кој го гледавме пред една година. Помалку малверзации, повеќе памет во глава. Нека им е со среќа, што да кажам...
Битно Миленко ќе се исќења во наредното негово т.н. шоу. :pipi:
 
А1 се враќа!

301792_331935926863649_100001417321124_930627_1253981662_n.jpg


Се враќа А1 телевизија, како што најавуваат повеќемина новинари од поранешната А1, преку рекламно лого кое го објавуваат на своите профили.

Неофицијално дознаваме дека се работи за електронско интернет видео и текстуално издание на А1.

Телевизијата А1 беше затворена од власта, по жестоката политичка пресметка минатата година.

http://www.sky.mk/makedonija/18967-А1-се-враќа.html
 
Најсикрено им посакувам добра и успешна работа меѓутоа реално интернет телевизија не може баш да просперира особено не во Македонија. Најчесто телевизија гледаат оние кои не користат интернет земете ја последната листа на најгледани емисии на телевизија ќе видете дека турските серии се во првите 20 места. Нас ни треба домашна продукција на филмови серии, документарци искомбинирано со добри странски филмови и емисии ни треба продукција за квизови, реални шоуа, ток шоуа и слично. Искрено не верувам дека сето тоа ќе успат да го изведат во една интернет телевизија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom