A1 Телевизија повторно на тв екраните

Дали ви фали А1 телевизија


  • Вкупно гласачи
    333
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
^ Ама кажи и дека таа беше првата и тоа со најдобра синхронизација.Стварно се трудеа, види на некои програми синхронизацијата на српски, хрватски колку е слаба.МОре и со Турски и Кинески и Американски и наши и спорт и се беше најдобро таму, најдобра беше и остана.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Ми фалат деновите кога А1 форсираше култни серии ( секако не мислам на турските шитови), кога идеше англиско првенство, кога имаа своја квалитетна продукција, кога му беа кошмар и на Латас и на влада и на све. А1 фали у македонскиот етер и како синоним за објективно новинарство, добри репортажи, издржани проекти, високи стандарди, секогаш одличен дневник и ми се чини дека беа единствената телвизија која реално ја критикуваше секоја влада. Или пак беа некогаш такви али дефинитивно после А1 остана сивило. Еве нешо незнам како ќе го доживеете али погледнете го. Јас не гледам многу телевизија ( посебно не македонски) али кога гледав дефинитивно тоа беше само А1.

 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.926
Поени од реакции
8.526
Од почетокот да, али подоцна откако другите телевизии ја презедоја нејзината програма дури и мислам подобро е што ја нема. Одсекогаш пренесувала негативно расположение кај народот изминативе 20 години.
 

0nline

ЕУ и Нато Антифашист
Член од
8 јануари 2012
Мислења
103
Поени од реакции
58
Не . Последните неколку години беа прави идиоти . А последната година не ги ни гледав .
 
Член од
6 септември 2009
Мислења
2.641
Поени од реакции
1.239
Си гласав да, иако последните месеци беше хорор да ги гледаш. Сепак после згаснувањето, со или без нив не е исто. Поставија стандарди што за другиве „телевизии“ се само сон:)

А ви текнува на ова бе ? :pos:

 
M

Moon Child

Гостин
Едноставно се навикнав дека ја нема. На моменти ми недостига, пошто следев Вести и таму и на Канал 5, па така си создавав мое гледиште. Сега почесто ја гледам 24 Вести. Предобра телевизија, објективна пред се. Добри анализи и интервјуа паѓаат(y)
Вести гледам таму и на Канал 5 сега. На Сител не гледам, ми ја вреѓаат интелигенцијата. Особено она орангутанот Латас кога ќе го видам:гомце:
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Не ми недостига,а би бил среќен и Сител ако ја снема.Неможам више дома да седам од тие посрани серии 24/7 ги има.Полат,Саваш,Езел аман веќе една серија не сум гледам а секој детаљ го знам од филмовите.Дома моиве сите гледаат,дојдат гости ајде - прераскажување на тукушто завршената серија.На работа исто,пред добро утро оди - "гледавте Саваш ?" .Да ви се мочам и во саваш и во сериите глупи.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Ај да ги тргнеме серииве глупи турски, гледам другиве само вестите ги спомињате како А1 и споредувате со други телевизии вестите. Аман бе луѓе до толку ли гледате вести?! Имате интернет и се може да дознаете, од цел свет.
 
Член од
24 јуни 2010
Мислења
206
Поени од реакции
68
Да,во старите добри времиња, иначе во последно време како опција навечер за некој филм..

Офф топик за серииве турски/индиски/шпански итн...
Работава испаѓа сите ги плукаат, а повеќето бар по една следат
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Да,во старите добри времиња, иначе во последно време како опција навечер за некој филм..

Офф топик за серииве турски/индиски/шпански итн...
Работава испаѓа сите ги плукаат, а повеќето бар по една следат
Не познавам некој што следи една.Најверојатно е така во секоја куќа - кој гледа ги гледа сите кој не,ниедна.

Ова ти искача ко изборот да си непушач,а мора да седиш по цел ден у просторија со 10 пушачи.Не ги гледам серииве ама исто ко да сум ги гледал.
 
T

Tetro

Гостин
Се враќа А1 телевизија, како што најавуваат повеќемина новинари од поранешната А1, преку рекламно лого кое го објавуваат на своите профили.

Неофицијално дознаваме дека се работи за електронско интернет видео и текстуално издание на А1.
Телевизијата А1 беше затворена од власта, по жестоката политичка пресметка минатата година.

http://sky.mk/makedonija/18967-А1-се-враќа.html

301792_331935926863649_100001417321124_930627_1253981662_n.jpg

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=331935926863649&set=a.204716912918885.51997.100001417321124
 
Член од
23 март 2011
Мислења
626
Поени од реакции
323
Изворов ти е :facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:
инаку,неверувам да е вистина ова....после се што се случи,незнам кој будала ќе се нафати пак да раизикува
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Телевизијата А1 беше затворена од власта
Не переа пари дечките... чесно си работеа. Клетиот Грујо од лошотилук ги испоапси...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom