A1 Телевизија повторно на тв екраните

  • Креатор на темата Креатор на темата mishko
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви фали А1 телевизија


  • Вкупно гласачи
    337
па може само знакчето да ми фали А1 а се другото што го имаше на А1 го има на сител и канал5 сега па така да не ми фали :D
 
A се сеќавате ли кога на времето даваа NBA ?
Со Љубомир Николовски како коментатор . Беше прекрасно да се гледа и слуша .
Е арно ама .... Турски серии , Шпански серии , Уа Влада , Турски серии , топ шоп , Уа Влада ... ја укакааа на крај . Така да , НЕ МИ НЕДОСТАСУВА !
 
Како што многумина потенцираа, А1 беше телевизија се до 2008/9та после отиде јабана.
Ги снема цртаните, документарците, филмовите, вистинските серии а не сапуниците турски, шпански и какви ли не. Имаше англиско првенство и тн.
Не ми недостига зашто не и придавав значење како што не и придавам на ниедна мак.телевизија од причина што не вложуваат, не се развиваат во интерес на аудиториумот и го гњават премногу со серииве кои сега се актуелни.
Телма мислам дека има капитал да го преземе приматот на сите до сега ама и таму толку се работи...
 
Воопшто не ми недостига, така и гласав на анкетава.
Пред се, она малку време кое го поминувам пред ТВ, воглавно го поминувам гледајќи ТВ програми на странски телевизии. Така да која и да било од домашниве телевизии да ја нема, епсибир.
 
Мене за некој работи ми недостасува ,а за некој не

Таму гледав Идол,Бело Глувче,Моето цд -квиз во кој секој ден им се јавуваше едно девојче Елеонра,Фантаскоп,Имаше една емисија за Рап ,метал .. зна ги даваа на таа Санаториум ... Наше Маало ... и да не наборјувам други ги има многу но за жал тие траеа се до 2002 година можеби и малку повеќе или помалку од таа година
 
Mи фали да ги гледам како мрзнат пред Влада :pos::pos: Тоа беа убави моменти :pos:

Сеа озбилно: Реално А1 беше поим за телевизија во Македонија. Во најдобрите денови можеше да се рамња со балканските, а не со македонските „телевизии“. Последната година сами си го бараа , и си го добија.
Имаше огромна доверба во народот, најдобри вести, ни ги донесе најпопуларните американски серии, откупи лиценци за најпопуларните квизови и шоуа. Да не беше А1 чисто се сомневам дека ќе имавме македонски верзии на „милионер“, „момент на вистината“, „50:50“, „идол“ и други. Верувам дека сите кои плукаат по А1 израснале со неа.
Меѓутоа моќта и влијанието кое го имаше А1, Велија сакаше да го злоупотреби. За 6 месеци успеа да сруши тоа што го градеше 18 години! Успеа да ја донесе А1 до дно заедно со сите негови послушници. Затоа А1 згасна, Велија што надроби, си срка.
 
Добри коментатори, одлични преноси од Премиер лига правеа. Костовски еднаш се избламира тешко со женската ракометна репрезентација или Коментал, кога и дофрли нешто на Кастратовиќ дека не била Македонка па таа се расплаче и девојките го напуштија пресот. Исто имаше тежок гаф кога гостуваше Ф1 возачот Мика Хакинен во Македонија, тоа не можам да му го заборавам умрев од смеење. Но за фудбал беа одлични, посебно Николовски, со задоволство гледав натпревари кои ги пренесуваше.

Се надевам брзо ќе си најдат работа.
 
Барем А1 не даваја Прељуници :pos:

Офф топик
кога сме кај прељубницитве ,ја најдов епизидата со Македнците ,видете ја во темата соодветна за неа
 
Не постои добра Македонска Телевизија ..
Да те дополнам:
После донесувањето на одредбата да не се прикажува пиратерија, инаку секој ден во вечерен термин имаше по некој нов филм на некоја од телевизиите, што денес тоа го имаш само за Нова година.
Инаку не ми недостасува А1, кога гледам телевизија тоа е заради некој филм или англиска серија или некој документарец.
 
Добри коментатори, одлични преноси од Премиер лига правеа. Костовски еднаш се избламира тешко со женската ракометна репрезентација или Коментал, кога и дофрли нешто на Кастратовиќ дека не била Македонка па таа се расплаче и девојките го напуштија пресот. Исто имаше тежок гаф кога гостуваше Ф1 возачот Мика Хакинен во Македонија, тоа не можам да му го заборавам умрев од смеење. Но за фудбал беа одлични, посебно Николовски, со задоволство гледав натпревари кои ги пренесуваше.

Се надевам брзо ќе си најдат работа.
Некако поштуро е без овие двајца коментатори, како квалитетен би го вбројал и Горан Штерјовски и он после А1 остана без работа.
 
А1-ТВ си беше телевизија на место, се до крајот на 2009 и почетокот на 2010 година, одкога постана една обична партиска филијала/штаб на опозицијата !! Плус почна да шири и Анархизам помеѓу граѓаните т.е. јавно повикување на бунт, безредија, непослушност, штрајкови и.т.н. што секако е казниво со закон и тоа не само кај нас. туку во секоја држава, бидејќи да бидеме реални, ниедна држава(власт) не дозволува да дојде до појава на немири и Анархија !! И да признаам дека А1-ТВ воопшто не ми недостига и се навикнав веќе дека не постои !! Ионака не гледав ништо на тој ТВ канал, вестите беа како нарачани од некој партиски опозициски штаб, емисиите беа шљам, фармер на пример жива глупост, турските сериски филмови не ги следев, освен Долина на Волците, која за среќа почнаа да ја емитуваат на ТВ-Сител ... Така да и без А1 се си е ОК, дури и боље ... само лошо што многу работници останаа без работа, но се надевам дека за кратко време ќе си најдат работа/егзистенција на некое друго многу подобро работно место !!!
 
Пушти Сител да гледам А1,ете денес се наоѓаме во таква ситуација
--- надополнето: 7 јануари 2012 во 11:11 ---
Пушти Сител да гледам А1,ете денес се наоѓаме во таква ситуација
 
Негативно на А1 е што почна да ги синхронизира филмовите. Со тоа се изгуби уште една можност, младите да читаат и да слушнат странски јазик.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom