Добра недобра, знаеше да го погоди вкусот на гледачите секогаш и се што ќе прикажеше стануваше невиден хит, дали се работело за серија, шоу или за некаква вест.
Изгради препознатлива програмска шема уште години наназад, но се се смени откако ги донесоа турските синхронизирани серии.
Своевремено најголема популарност имаа шпанските серии на А1, по нив следуваа амеирканските, за на крај да бидат заменети со турски, први ги донесоа реалните шоуа, квизовите, препознатливите презентерки на вести и новинари, А1 Ексклузив, премиерни филмски хитови. Патот за Авонли, Рекс, Сен Тропе, Савана, Млади бунтовници, Клон, Очајни домаќинки, Изгубени, Серанови, Сопранови, Два ипол мажи, Дивиот ангел, 24, ЦСИ, па јапонските цртани серии, па Големиот брат, Идол, Операција триумф, Преживеан, Јас имам талент, Милионер, Момент на вистината, Тркало на среќата, навистина ми недостасуваат овие времиња.