A1 Net кабелски Интернет - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Swifty
  • Време на започнување Време на започнување
Cabletel-ов И Е ОД Blizoo...Провери им го сајтот на blizoo.bg (или напиши cabletel.bg исто ти се фаќа).
Колку сме само зависни од бугариве не сме свесни :D

Хорор, бугарски бизнис во Македонија! :D
 
Хорор, бугарскибизнис во Македонија! :D
Бугарски? Колку што читам по интернетов Blizoo е добиен со купување и спојување на CableTel и Eurocom операторите во Бугарија и CableTel операторот во Македонија (линк), од страна на EQT V - северноевропски фонд (линк), односно со капитал од Данска, Финска, Норвешка, Шведска, Германија...
 
Денес за 20 минути сурфање ми побара да се се логирам преку 15 пати, при нормално сурфање низ нетов :tapp:

Се јавив и во контакт центарот ми рекоа дека тоа е глобален проблем и имале проблеми со губење на пакети .
Има ли некој од тука што е на лан мрежа и има сличен проблем денеска?
 
не, само ти си. лажат од контакт центарот.
 
не, само ти си. лажат од контакт центарот.

Колку си само вицкаст ;), не смеам да прашам како е нетот кај другите корисници дали има проблем само во мојот влез, моето маало, мојот град или во целата држава?
Не треба да се интересирам за нешто што ми треба и сум го платил ?
Не ми е проблем ако нема интернет или пак стабилен интернет ако е поради технички проблем, како е кај сите така е и кај мене, проблем ми е ако немам интернет поради некој што не си ја работи работата и му требаат две недели да одговори на налог за немање интернет ...
Јасно е сега... или поважно е да се мрчи?
 
Го зеза на некој друг интернетот вечерва?Кога отвара страни кога не некако се со прекини е?
 
Колку си само вицкаст ;), не смеам да прашам како е нетот кај другите корисници дали има проблем само во мојот влез, моето маало, мојот град или во целата држава?
смееш, чим не знаеш шо значи глобален проблем.
 
Денес за 20 минути сурфање ми побара да се се логирам преку 15 пати, при нормално сурфање низ нетов :tapp:

Се јавив и во контакт центарот ми рекоа дека тоа е глобален проблем и имале проблеми со губење на пакети .
Има ли некој од тука што е на лан мрежа и има сличен проблем денеска?

Исто. Лан зона...Откога го видов мислењево ми падна камен од срце :D Штотуку ми помина гаранцијата на рутерот а мислев дека е до него па илјада пати на ден го ресетирав и ми бараше да се најавам...

Изглеа пак нешто прават...Денес нешто гледав мајстори чепкаа кај мене и на други локации коа одев накај школо..

Инаку, зошто гледам (кај пошта тие рекламите малку подолу кај автобуската одма до T-Home пишува на билборд со големи букви Blizoo и нешто лидер во оптичкиот џгр мгр...?

PS - http://www.eqt.se/en/Portfolio/Companies/CableTel/
Subscriber base - 470.000? :O Јаки близу јакии :)
--- надополнето: Nov 4, 2011 10:38 PM ---
Бугарски? Колку што читам по интернетов Blizoo е добиен со купување и спојување на CableTel и Eurocom операторите во Бугарија и CableTel операторот во Македонија (линк), од страна на EQT V - северноевропски фонд (линк), односно со капитал од Данска, Финска, Норвешка, Шведска, Германија...

Да те потврдам дека си у право
1573984492.png


Кон шведска пингот е само 60 и кусур ms :D100% со нив сме поврзани преку оптика, бидејќи пингот во осло е ко накај америка, а скоро на иста далечина се од претходниот мерен град во Шведска
1573986811.png
 
Јас завчера онака си шеткарам низ мало и случајно поминува кола cabletel , подвикнав застанаа со цел да ги прашам кога ќе ми пуштат интернет, бидејќи веќе 15 дена не ми дошле да ме врзат, дечките ми рекоа , дека се посебна екипа, која пушта главна мрежа а за приклучок се други екипи, подоцна и се јавив на агентката која ме потпиша ми кажа дека имаат некој проблем и се работи на проблемот кој се јавил во мрежата , така да момците воркаат, е кога ќе средат не се знае :)
 
Го зеза на некој друг интернетот вечерва?Кога отвара страни кога не некако се со прекини е?
И јас имам сличен проблем како твојот,само што кај мене е веќе 2 недели така,на секој 40-50 мин морам да го рестартирам модемот,зашто цело време паѓа интернет,тоа си покажува дека има интернет а уствари нема,не отвара ни една страна,и затоа морам да го рестартирам модемот..и денеска татко ми кога ги прашал што е проблемот,му кажале дека било поради брзината на интернетот нешто демек,бидејќи интернетот бил многу брз,и затоа цело време правело така,и му рекле ако сум сакал да ми ја намалеле брзината и ќе се средело тоа..
 
Имам телекабел телефонија, нет и кабловска. На модемов ми трепка зелено за телефонска линија 1, ставено е кабелчето во него, од другата страна во базата , базата има струја, бежжичниот телефон има струја, но немам никаков сигнал, не можам да вртам ни да ми вртат на фиксниот. Што може да биде проблемот?
 
Го зеза на некој друг интернетот вечерва?Кога отвара страни кога не некако се со прекини е?

Да имаат мали проблеми деновиве, али ќе се среди. не е ништо страшно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom