Веб сајтот на Телеком беше унифициран уште пред спојувањето на Ти-Хоум и Ти-Мобајл, поради што нормално е да остане достапен.
За веб сајтот на Ти-Мобајл можеби не сакале Дојче Телеком да ризикуваат, бидејќи сепак сајтот многумина го користат секојдневно, не само за да ги видат актуелните понуди на Ти-Мобајл, туку и за да го користат Мојот T-Mobile.
Но кога сме кај веб сајтот на Најк, доколку истиот е недостапен повеќе од една година, тогаш очигледно станува збор за некаков проблем кај Интернет провајдерот, или навистина Македонија е банирана.
Но доколку ова второво е точно, следува прашањето:
Зошто ?
Што сме им згрешиле ние Македонците на Најк за да ни оневозможат пристап до нивниот официјален веб сајт ?
Но според коментарите на @
JB00F во пост
#6129, преку 3G од Вип успева да пристапи до официјалниот веб сајт на Најк.
Доколку и корисниците на другите Интернет провајдери низ Македонија успеваат да пристапат до овие сајтови кои се недостапни за нас - корисниците на кабелскиот Интернет на Близо - тогаш повеќе од очигледно е дека треба некој да им ги загрее телефонските линии на Близо со поплаки и негативни критики.
Сметките им се редовни, но услугата не им е баш 24/7 достапна изминативе недела дена.