Пред се, за да имаш дигитални ТВ канали, мораш да имаш кабелски рисивер или кабелски модул од Близо. Кабелскиот рисивер работи со било каков телевизор, се додека телевизорот има влезна SCART порта или влезни композитни порти, додека кабелскиот модул работи само со LCD или плазма телевизори, под услов конкретниот LCD или плазма телевизор да има сопствен DVB-C декодер за дигитална кабелска телевизија. DVB-T е декодер за дигитална терестријална телевизија, односно за дигитална телевизија која се фаќа со обична антена, а не преку кабелска телевизија.
Доколку немаш кабелски рисивер или кабелски модул од Близо, тогаш немаш дигитални ТВ канали, туку само ти пуштиле појак аналоген сигнал за аналогни ТВ канали.
Доколку имаш кабелски рисивер или кабелски модул од Близо, не верувам дека за 799 ден. / 24 месеци следуваат HD канали бидејќи досега не сум слушнал за таква понуда од Близо, но и тоа можеш да го провериш доколку имаш кабелски рисивер од Близо, рисиверот мора да има HDMI излезна порта, во спротивно ако има само SCART излезна порта, тогаш значи дефинитивно немаш и нема да имаш HD канали со тој кабелски рисивер.
А ако имаш кабелски модул од Близо, направи пребарување на дигиталните ТВ канали и види дали ти дава EuroSport HD, Сител HD, Алфа HD и некои други HD канали, ако ги дава, тогаш значи имаш HD канали со тој кабелски модул, а ако не ги дава, тогаш значи немаш HD канали со тој кабелски модул.