"Клон" внесе страв во А1!
Телевизија А1 многу добро знае да процени квалитет во одредена серија. Секогаш кога тие ќе намирисаат дека новата серија што се најавува на конкурентната Сител има потенцијал за успех, и уште ако таа при самата најава предизвикува општа хистерија и голема заинтересираност меѓу публиката, тие договараат состанок и веднаш прават план со чија помош би ја уништиле премиерата на новиот проект што се најавува. Првите епизоди на бразилската серија "Индија" забележаа одличен рејтинг, па затоа во тој период А1 чинеа се што беше во нивна моќ за да ја уништат нејзината гледаност, така што, терминот на "Лисјата" го поместуваа постојано. Со оглед на тоа дека "Лисјата" тогаш имаа гледаност за каква сега, моментално, А1 може само да сонува, квалитетната серија "Индија" која навистина имаше што да понуди одеднаш ја загуби публиката, затоа што гледачите беа приморани да бираат меѓу "Индија", што сеуште беше нова, и "Лисјата", што веќе имаа привлечено своја публика.
Според А1, на добриот проект, мора да му се конкурира со најмоќното оружје!
Новиот проблем на себичните А1 овој пат е "Клон". Неможејќи да се помират со фактот дека дозволија "Бунтовничката" на Сител секојдневно да влече што поголем број на гледачи, овие искомплексирани луѓе одлучија да удрат врз уште една квалитетна серија. Имено, серијата "Под среќна ѕвезда", што на сите ни предизвикуваше нагон на гадење, остана без својот термин близу 17.00 часот. Во тој термин, од утре ќе се емитува репризното издание од тековната епизода на турската бљувотина - "Лисјата". Која случајност, промената се случува токму во моментот кога "Клон" треба да започне на Сител. Навистина не знам до каде планираат да стигнат со овој расипан ум, од ден на ден, екипата на оваа телевизија во моите очи станува се помизерна. Мизерна како и нивниот буџет, организацијата на нивните емисии и шоуа, водители, квази новинари и големата екипа на лажговци и крадци кои го уредуват целиот циркус.
Јас НЕ сум А1! Никогаш не сум бил, и нема ни да бидам во иднина. А вие, утре во 17.00 часот на Сител, не пропуштајте ја првата епизода од новата верзија на мегахитот "Клон".
kristijan manev
tvpaket.com.mk
:pos2: :pos2: :pos2: