A1 телевизија е најгледана и тоа е факт кој лесно може да се провери.
Нема потреба од анкети или нарачани пипл метри од разни агенции, доволно е да се праша некој од Т-хоме: Што гледаат корисниците на макс-тв највеќе?
Точно се знае секој приемник на макс-тв на кој канал е во моментот пуштен. (Немој само да ми рече некој дека сите корисници на макс-тв се од оваа или онаа партија или пак се од една или друга националност.)
Како и да е, јас гледаноста на А1 не ја поврзувам со нејзиниот квалитет на програма или пак објективност при известувањето туку со нејзината така да речам контраверзност, и во минатото а уште повеќе денес.
Ако сте слушнале (или сте го гледале филмот) за радио водителот Хауард Штерн, јасно ви е за што ќе зборувам.
Имате ситуација. (ова е за А1 мое видување
)
Велија прашува одговара главниот и одговорен уредник.
Колку ни е гледаноста?
- 40 % газда.
Одлично. Колку од гледачите што не гледаат не сакаат?
20 % газда.
Како бе тоа само 20 % не сакаат?
Што викаат тие што не сакаат, зошто не гледаат?
Да видат што следно ќе “треснеме“ .
А тие што не не сакаат а не гледаат, што викаат?
Па исто, да видат што следно ќе треснеме.
Верувајте дека тоа е така, едноставно таква ни е човечката природа.
Некој колку повеќе го неќеш толку повеќе го следиш да видиш што ќе одвали за да после пцуеш по него.
А1 како телевизја целокупно ја земав, бидејќи се покажа дека е “уан мен телевизија“, односно дека се е ставено во функција да се заштити “ликот и делото“ на газда Велија.
Потполно истава логика важи и за толку “експонираните“ (џоомити се некои ѕвезди и битен фактор, жими газов :baeh
водители Јанко и Миленко.
Многу повеќе ги гледаат луѓе што не ги сакаат, отколку што тие навистина имаа “обожаватели“.
А1 е најгледана, но моментално е катастрофа со понуда на програма. Неможам да издвојам апсолутно ниедна квалитетна емисија во нивна продукција.