- Член од
- 28 мај 2008
- Мислења
- 3.966
- Поени од реакции
- 4.073
Лига на шампиони со водителите од МТВ и амерички серии и филмови, тоа е добитна комбинација да се избега од турските и индиските серии што ги даваат 12 часа во денот.А1 Телевизија се враќа во етер, а познатиот новинар Борјан Јовановски ќе биде на чело на телевизијата. Според најновите информации не се работи за интернет телевизија. Од 1 мај телевизијата ќе започне со емитување програма. Македонски бизнисмен, чиј идентитет се уште не се открива, вложил огромна сума пари, за да ја врати во живот телевизијата која беше затворена пред една година. Се купува нова опрема, а ќе се користат старите простории. Наскоро ќе биде објавен и конкурс за прием на новинари, уредници, монтажери, сниматели... За почеток ќе бидат вработени околу 150 луѓе, а ќе се врати и дел од стариот тим. Сопственикот го проверува рејтингот и кредибилитетот на новинарите кои беа препознатливи за оваа телевизија. Врз база на тоа ќе одлучи кој може повторно да седне зад камерите.
-Денес е недела, ден за моето семејство, ден кој сакам да го посветам на моите деца. Не сум во државата, така што Ве молам оставете ме на мира. Не негирам ништо, ниту пак потврдувам – ни изјави Јовановски.
Новиот сопственик веќе ги откупил правата за пренос на натпреварите во Лига на шампиони од следната сезона. Повторно ќе се бира Македонскиот идол, а ќе бидат емитувани и многу познати американски ТВ серии. Она што сигурно нема да го има на програмата на обновената телевизија се шпанските, турски, индиски и латино американски сапуници.
Од Агенцијата за електронски комуникации ни потврдија дека е дадено одобрение за користење радиофрекфенција. Оттаму повеќе не сакаа да коментираат.
Не е исклучена можноста на пазарот повтроно да ги видиме и дневниот весник Време и неделникот 1Е.
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=68911
Ako stavat americki serii ke bide dobro eve i liga sampioni kaj niv dosta ambiciozno pocnuva samo da ne ja politiziraat do max ke bide super, a poso e borko toa ke bide tesko, nisto ostanuva da se vidi sto ke ponudat i se nadevam ke go prosvletlat tursko makedonskiov tv-mrak !
За тоа како ќе бидат политички обоени или необоени гајле ми е, битно да даваат добра програма, вестите ќе ги прескокнуваме.