Ај добро утро на сите. Синоќа не бев во состојба да седнам пред компјутер, па затоа сега ќе си ги искуцам импресиите, легнати после 30+ часа.
Журката се опишува само со два епитети на Б : Брилијантно и брутално. Лудиов настан на кој присуствав, сигурно ќе ми треба уште некој ден за убаво да го впијам и да сфатам од што сум бил дел уствари.
Прво, едно име го украде шоуто - Даш Берлин
. Второ - Јака им душа на тие шо ќе одат во Мајами и Ден Бош, со лајнапи од по 10 души. Мене поливините ме искинаа за тие 9 часа, тие таму космодискови навреме нека си набават. Трето - Вистинската транс фамилија се виде која беше : Лудаците (како мене) што влегоа уште од 9.30 во салата, скокаа уште во 10 на Рубен, а потоа душата си ја оставија на Даш и издржаа колку-толку на Денис. Пацери и шминкери имаше многу, кои слушнале само за Армин и дојдоа во 3 и нешто, го исслушаа бр.1 ДЈот до 4.00 и си легнаа дома. Не ми се веруваше како нагло се проретчи толпата кога заврши Армин и излезе Даш. Си викав во главата : Алоооо, знаете ли што пропуштате бре умоболни. Свесни ли сте кој е Даш Берлин ?! Седми ДЈ во Светот ! Ама ајде, тоа е ...
А сега за изведувачите по 2 реченици :
1. Рубен де Ронде - Убав и на место сет за загревање, мене стварно ме бендиса.
2. М&Ш54 - класик ремиксерски настап, цел сет им беше електро-вокал траки. Преточија ептен јака енергија врз толпата, посебно тој шо изиграваше Чубака со крпата и парадираше со камерата цело време. Ми ја стрефија Promises на крај, ептен се израдував !
3. Фери - транс со електро шмек. Првата половина од сетот повеќе ме бендиса, последните му пола саат веќе некако ептен ме маваше во мозокот. Плус тој ми беше кризниот период, половините ме јадеа, вратот дрво, нагло се наполни салата и почна воздух да ми фали. Во магла ми е некако од 1.30 до кај 2.00 кога АВБ излезе за Brute.
4. Армин - му имам доста примедби за сетот и ме остави скратен за 3 многу битни траки, со кои ги наслади предходните градови - What it's like, Amsterdam & Jewel ! Штета, ептен голема
. Ама атмосферата беше непобојно јака, посебно здиви публиката на Lost language, Serenity, Humming the lights & Jai envie de toi. Убав настап, ама имаше простор и за повеќе дефинитивно.
5. Даш Берлин - Е не знам стварно шо да напишам тука. Се ежам, еве сега моментално влакната ми се кренати додека го пишувам ова и се присеќам што ни приреди човекот. Ќе бидам искрен и ќе кажам дека пуштив солза на
Beautiful things. Малце од убавината на песната, малце од убавината целото ова ремек дело ! Алал ти вера мајсторе, ти ми ја исполни најмногу вечерта !!
6. Денис Шепард - Нека ми прости Денис, ама не можев да го дружам на неколку метра од стејџот како претходните, колената на сестра ми откажаа и морав да и' правам друштво додека одмараше. Рака на срце, сетот не му беше најенергичен (како што јас очекував), ама барем мене ми ја погоди Silence и се изнарипав на неа.
Еве ви доле албум од Јалта, кои имаат фатено неколку стварно убави моменти. Тагнете се меѓу толпата, нека ви стојат овие слики за спомен !
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.520408088002497.1073741826.107562915953685&type=1