A Song of Ice and Fire

  • Креатор на темата Креатор на темата Body Electric
  • Време на започнување Време на започнување
Од Зелазни имам доста работи во читачот ама ете никако да дојде ред и од него да прочитам нешто. Некако ми прави отпор фактот дека некои од најголемите свемирски сапунски серии (кои порано, ги обожавав) се напишани според негови дела.
Ајде препорачај од што да почнам со него, онака по лични преференци.

Ранд = Пол Атрејдис+Фродо?
Хаха... :)
(повеќе нешто како Џордановски крос од Александар Македонски и Доктор Џекил + Мистер Хајд, ама со магијски моќи, - со извинување за употребата на не-епско-фантазиските-ликови).

Мартин е поизделкан од Џордан, неговиот свет за мене е многу посложен и побогат, го бива за создавање интересни ликови и ситуации и нивно натамошно развивање.
Небо и земја е споредбата на двата автори. Посебно за квалитетот на представувањето на ликовите. Мартин е мајстор за градење на ликови.

Безброј пати сакав да го искршам читачот заради дрвењето за Аис Седаи-те. Претпоставувам најзаслужна работа за опстојувањето да го завршам серијалот, беше желбата да дочекам да превладее спротивната страна, само за да им го читам сеирот на бабите.

Како и да е, интересно ќе биде да се почека крајот на серијата во првата половина на Јануари, кога треба да излезе последната книга. Ако ништо друго, само за да се заврши сето тоа...
 
Од Зелазни имам доста работи во читачот ама ете никако да дојде ред и од него да прочитам нешто. Некако ми прави отпор фактот дека некои од најголемите свемирски сапунски серии (кои порано, ги обожавав) се напишани според негови дела.
Ајде препорачај од што да почнам со него, онака по лични преференци.

Амберските хроники ги читав во издание на српската Alnari. Набавив 3 книги (во кои има, мислам десет дела од серијалот) по навистина бедни цени. Првата ме чинеше нешто меѓу 200/300 денари, а имаше околу 700 страни. Другите беа нешто помали и сразмерно поевтини. Веројатно ги има и во pdf. Почни со нив :)
Господарот на светлината е сф/ф комбинација. Според мене најдоброто од Зелазни. А и според други. Го вбројуваат меѓу најдобрите сф романи.
Добра е и трилогијата што ја има напишано со Роберт Шекли - Millenium contest.

Серијалот Discwolrd од Тери Прачет е исто така многу добар и прилично забавен.
 
577791_497330746955996_961134219_n.jpg

пристигнаа :vozbud:
корицата не е многу квалитетна треба многу пазење, плус 250 денари поштарина ми зедоја :)
 
577791_497330746955996_961134219_n.jpg

пристигнаа :vozbud:
корицата не е многу квалитетна треба многу пазење, плус 250 денари поштарина ми зедоја :)
They're beautiful! :D

Уживај! :)

И јас да се пофалам, еве ги моите. :love:
20j5iyq.jpg

Feast е за 2 cm повисока од другите. My OCD is killing me...
 
+1 за јамболијата како позадина! :)

Hurin, уживај во книгите.
Ти завидувам, чувството кога прв пат го читаш Мартин... (y)
 
Во еден од претходните постови напишав некои очигледни паралели меѓу ликови од серијалот на Џордан и некои други приказни, ама ја заборавив за мене најочигледната Голум - Падан Фејн :)
Нечија болна опседнатост, речиси наркоманска зависност поврзана со одреден предмет или личност и не е така ретка појава во книжевноста. Дали и Reek на Мартин ќе развие слични пориви. Насетувам извесна сличност, иако е прерано за таква оцена. Сепак, факт е дека Reek и психички и физички пропаѓа и ништо чудно да пукне, на овој или на оној начин. Се зависи од желбите на Мартин. Можеби грешам и премногу воопштувам но во моментов имам таков впечаток.
На страна што сум фан на Руз Болтон, неговото дете на „љубовта“ ич не ми е по ќеф, но сепак ликот е мошне талентиран кога станува збор за психофизичко преобликување на неговите миленици.
 
Yay! Another Roose Bolton fan! :D

А за Reek јас гледам само смрт. Дали тоа ќе биде од рацете на Stannis или од некој друг, не знам, но сигурен сум дека кога-тогаш ќе умре.

Иако го страствено го мразам Ramsay, сметам дека се тоа што му го направи на Theon беше заслужено. Такво суштество ја заслужува истата милост што им ја пружи на синовите на воденичарот и на луѓето на Winterfell.

Speaking of Ramsay...очекувам да ја дочека својата смрт од рацете на татко му. Или обратно. Како и да е, мислам дека еден од нив нема да доживее до Битката за Winterfell.
 
Speaking of Ramsay...очекувам да ја дочека својата смрт од рацете на татко му. Или обратно. Како и да е, мислам дека еден од нив нема да доживее до Битката за Winterfell.

Зошто верувам дека ќе биде обратно:(?
 
Ramsey Bolton ти е како бубашваба, се живо ќе умре во апокалипса он и Cersei ќе останат живи за инает. Само Theon да не ми го чепкаат пошто ќе летаат глави. Доста страдаше. :)

Многу јак лик е како и да е. Нешто во стил Joffrey на стероиди, ем помрачен ем поизопачен. Едвај чекам да видам како ќе го прикаже дечкото во GoT S3. Reek reek rhymes with sick. <3
 
Морее, извесна госпоЖа ако го начека Reek-от...:sneaky:
 
Морее, извесна госпоЖа ако го начека Reek-от...:sneaky:
Мислиш дека госпоѓата Каменосрце ќе стигне до железнородениот предавник пред да ја дознае вистината за своите деца?
 
Мислиш дека госпоѓата Каменосрце ќе стигне до железнородениот предавник пред да ја дознае вистината за своите деца?

Ааааа, на сегашниот reek се мислело, ОК знам на која госпожа се мисли. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom