A Song of Ice and Fire

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Не дека е нешто што не го знаеме, ама некој се потрудил да ги забележи сите места во серијалов, каде што некој заминува во вечните ловишта, или попрецизно, станал предмет на интерес на Странецот :)


The proof that George RR Martin is absolutely ruthless.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.366
Поени од реакции
84.600
Ми се допаѓа како рандом го имаш убацено Атласот меѓу другите Westeros ствари ама си го ставив на Amazon Wish List. :P Но прво морам да ја купам The Children of Hurin пошто уште ја немам и 10та книга од Malazan Book of the Fallen па да се ставам на маратонско читање. So much stuff, too little time and money. :mad:
да. Malazan Book of the Fallen ми е следен серијал за читање, али кај нас ја има на српски само втората книга. Ќе треба изглеа да ја нарачувам од Србија првата книга.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
Не дека е нешто што не го знаеме, ама некој се потрудил да ги забележи сите места во серијалов, каде што некој заминува во вечните ловишта, или попрецизно, станал предмет на интерес на Странецот :)


The proof that George RR Martin is absolutely ruthless.
и тоа замисли берик дондарион само еднаш умира во книгите :)
едит: уствари два пати ако се смета жртвувањето :)
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
и тоа замисли берик дондарион само еднаш умира во книгите :)

Од кај знаеш, може за секоја дешавка со Берик (за некои на форумов Берич, бе) посебно ливче има ставено неуморниов читател :)
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Јас цело време типував дека Азор Ахаи (според пророштвото) ќе биде Берик...
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.118
Поени од реакции
9.068
да. Malazan Book of the Fallen ми е следен серијал за читање, али кај нас ја има на српски само втората книга. Ќе треба изглеа да ја нарачувам од Србија првата книга.
Abebooks.com од тука ги купив 9те на англиски. Исто сајт на Амазон е.
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Ги прочитав сите 30 страници од темава (претходниот пат кога коментирав прочитав само две-три наназад), а во моментов ја читам петтата книга.

Една одлична критика, од цитираните на почеток на секоја книга, госпоредува Мартин со Толкин, ама потенцира едно ексклузивно својство - додека претежно сите епски фантазии се по малку манихејски битки меѓу доброто и злото, овде, секој лик е во сите нијанси - нема апсолутно добри, ни апсолутно лоши ликови.

Мене лично, омилени ми се Џон Сноу и Арја Старк, иако Санса, после детските глупави (разбиени) соништа станува прилично остроумна.
Бран, исто така... иако малечко лордче, на приемите по повод крајот на жетвата се покажа како многу паметно момче и господар, во отсуство на брат му Роб, што наиде на одобрување кај витезот и учителот.
Кетлин Старк и нејзините одлуки (од убедувањето на Едард да ја прифати понудата на Роберт, преку апсењето на Тирион, потоа преговорите со Фреј, па ослободувањето на Џејми) имаат фантастично влијание врз целата приказна воопшто, а особено во погибијата на Старк.

Исто, Доран Мартел ми е интересен лик во политичка смисла и очекував да го видам во конфронтација со Тајвин Ланистер, се разбира, не отворена.

Покрај сите теории што и ги читав на AWoIaF, мене ме „скокотка“ Сирио Форел. Никаде не пишува дека е убиен, барем не еднозначно, а после се појавува Жакен, а потоа и The Kindly Man (може грешам како го нерукавше Арја), за кои мислам дека се истиот лик, оти ја следат Арја речиси низ целата приказна.

Инаку, многу сте напишале минативе 30 страници, па сум заборавил што се` би сакал да коментирам.
Накратко, кастингот во серијата е одличен (особено, на пример, Џек Глисон и Чарлс Денс - кој беше лауреат на Манаки 2006та).
Мене, лично, династиите потомци на The First Men (претежно северните династии) ми се омилени и ми фали повеќе приказна за помирувањето на Првите луѓе со Децата на шумата (или оние што ја знаат песната на Земјата), иако има краток осврт некаде низ серијалот.

Ќе се сетам на уште нешто, сепак, доцна се вклучувам во дискусијава.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.118
Поени од реакции
9.068
Е од кај испадна дека фановите ја мразат кога е топ 3 лик спoјуваќи ја нејзината приказна од југот/истокот со таа на Tyrion и политичките игри во Westeros заедно со опасноста и мистеријата која демне од северот (Jon Snow vs White Walkers/Wildlings). Единствено нешто што не ми се допаѓа околу нејзиното дејствие е што имаше мала криза во Meereen и малку затупе приказната, но далеку од тоа да ја мразам.

Ај да напишел блог за тоа зошто луѓето го мразат Gregor Clegane или Joffrey Baratheon или ултра досаден лик како Sansa Stark или Shae да разбирам ама он напишал рандом блог за зошто луѓето ја мразеле Daenerys а цел свет ја испостави за аватар кога почна серијава. :D
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Мене Денерис ми е како Санса на почеток, смотано девојче, кое, за разлика од Санса, не било воспитувано од септи, ами за животот учи на потешкиот начин.
На моменти силна, а на моменти исклучително збунета и без компас.
Се обидува да биде праведна и да биде сакана од „нејзините луѓе“, но многу избувлива и непромислена.

А ова што пишува на блогов, дека некои од „триковите“ не би поминале во Вестерос... па, можеби и тука треба да се бара причината зошто Денерис е воопшто сеуште жива - не е во Вестерос. :)
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
компарацијата санса - Дени нее прилагодна поради баш таа позадина на живеење, моментално се случуваат обратни работи, санса падна од Коњ на магаре а Дени од магаре се качи на Коњ (змеј).
Дени јади Хејт пошо е арогантна и не слуша апсолутно ништо околу неа, читателите веќе ја чекаат да се реши да тргни конечно за вестерос, а таа уште е во Мириин си игра Mhysa и се кара со змејовите нејзини, се гледа дека сака да пушти реформи, таа пасивност ги нервира луѓето.
санса сега почнува да станува интересен лик, влегува во водите на "играта" и прашање на време е кога ќе преземи нешто што ќе биди клучно за финишот на серијалот :)
 

Eddard Stark

Lord Snow
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.220
Поени од реакции
2.540
@Tegla
Меѓу најомразените ликови е Daenerys (кога станува збор за книгите, кај серијата е обратно), особено помеѓу оние ликови што се со најмногу поглавја.
Најдобар пример мислам дека би биле дискусиите на westeros.org, многу често се критикува, иако неспорно е дека има и многу фанови.
Значи не приказната (која што мене искрено ми е една од подосадните, што подалеку од Westeros толку помалце ме интересира, освен оние неколку поглавја што се полни со претскажувања и кои всушност и се однесуваат на другите ликови од серијалот), туку како лик.
Од тоа како Westeros и припаѓал на нејзе, иако не знае ништо за земјата освен тоа што и кажувал Viserys, братот за кој и самата признава дека не е најобјективниот извор, до тоа колку често испаѓа дволична, тврдоглавоста, одбивањето да ја прифати вистината за тоа што всушност се случувало во Westeros за време на владеењето на нејзината фамилија, и уште многу работи кои што мислам дека е глупаво вака да се набројуваат и треба посебно да се анализираат.
Не дека ја мразам, ама воопшто не навивам да и успее нешто понатаму во приказната. Сигурно не и посакувам страдање како авторот на блогот...барем не до толку. :нинџ:
Океј е блогот, малце екстремен, а има и по некоја грешка мислам. Прво што ми падна во очи е дека пишува како Daenerys сакала да се самоубие пред да се родат змејовите. Ако добро ме држи меморијата, мислам дека знаеше што точно прави.

А зошто е толку популарна кај оние што само ја гледаат серијата е друга работа. Многу од ликовите се и сосема различни во серијата, се зависно од тоа како D&D сакаат да ги претстават. Ќе ја земам пример Cersei, иако дејствието и не е баш стигнато во серијата до тие моменти во кои таа се претставува во најлошо светло. А и нормално, не е исто да си и во главата и да си сведок на се што и паѓа на памет со впечатокот кој што гледачите ќе го имаат за неа. Ама факт е дека во серијата пробуваат да ја направат "сив" лик, не само злобен, со тоа што некои од злоделата што таа ги нареди му ги припишуваат на Joffrey. А од почетокот на AFfC е очигледно дека Cersei е луда, и според мене еден од најзлобните ликови во серијалот, директно виновна за се она што Joffrey го правеше. Сега засега не сум сретнал некој што само ја гледа серијата, да има таков впечаток за Cersei. Обично сите ја оправдуваат, ја прават жртва, на татко и, на средновековното општество and so on. Ама од нејзините сеќавања се гледа дека тоа воопшто не е така. Е сега како тоа би го претставиле во серијата, кога очигледно веќе тргнаа по друг пат, Cersei како лик да се хуманизира и да се претстави како жртва.
Од друга страна, досега, ептен лошо е претставен ликот на Stannis според мене, како да не сакаат никој да навива за него. Се надевам ќе се промени тоа после настаните на Ѕидот.
Во секој случај мислам дека треба да правиме граница помеѓу ликовите од книгите и оние од серијата. Мене лично серијата ми е нешто како алтернативен универзум, колку да се види како приказната би функционирала на друг медиум. Nevertheless, одлично склопен алтернативен универзум.

Малку повеќе забегав од првичната мисла. Еве, за Daenerys, што е тоа што за вас ја прави добар лик, или интересен лик? Мене поглавјата на Cersei ми се интересни за читање иако ја мразам како личност.
Daenerys од друга страна ја сметам за сива личност, со некои добри квалитети. Еден таков квалитет што на некој начин ја искупува за мене е нејзината емпатија, ама пак мислам дека некако ја користи само кога и одговара. "Her fury was as fire in her belly", ќе го земам како пример колку лесно дозволува емоциите да ја надвладеат, па после воопшто да не и смета мачењето на некој човек за кој постои веројатност да е невин, и тоа пред неговите ќерки.

P.S. Sansa rules, тоа ти е пример за добар развој на лик. :P

P.P.S. Со месеци се немав логирано на форумов, мораше со еден подолг пост да се почне.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Ги прочитав книгите,премногу сум задоволен што посветив време на нив,такви личности во фантазија жанрот со реални карактерни својства немам видено,во секој лик има лошо и добро и многу убаво ја прикажува вистинската човечка природа.
АSOIAF е повеке од тоа и се гледа дека кога Џорџ ја пишувал книгата не планирал да се екранизира поради опширноста на приказната и бруталната реалност на човечката природа.

Најомилени ликови ми се Џон Сноу поради тоа што секогаш ја има вистинската одлука за општото добро,поштен е како Нед но сепак многу по либерален од него,Нед мислам дека никогаш не би ги донел тие контроверзни одлуки,штета што NW не ја препознава вредноста во неговите одлуки,колку само ке помогнат на реалмот,но така фунционира пошироката маса,тоа се очекуваше,последниот чаптер на Џон Сноу ме утепа многу,кога копилето му го прати писмото,емоцијата на Џон Сноу беше многу мокна и кога им го прочита во Shieldhall и праша кој ке застане позади него и видни фаци од вајлдлинг застанаа позади него тоа ја прели чашата и предпоставував дека дагерите во нокта што се кријат што ги предвиде Мелисандре се одма позади аголот :)
И кога го прочитав крајот на последниот чаптер за Сноу ме утепа,ја фрлив книгата и...си легнав :D
Неможам никако да ја предпостававам неговата иднина.

Друг омилен лик ми е Тирион(клише сум знам)ебано е циничен и ироничен и во секое време без разлика во какви говна е знае да ме насмее.And that brain on Tyrion,генијалец е,едноствавно знае да се извади од невоља со мокта на убедување и јак смисол на стратегија,не велам дека не прави грешки,сите се реални луге тука и прават грешки.
Неможам со сигурност да типувам и на иднината на Тирион со Second Sons но верувам дека на крајот ке стане Lord of Castelry Rock бидејки е омилен лик на Џорџ нели.
Исто така и не гледам кој би ја дотерал Ланистер куката на место,Кеван Ланистер што беше единствениот човек кој го држеше реномето на Ланистер и способноста да го одржи малиот крал на тронот е надвор од играта и Џејми да се врати жив и здрав од патешествието со Brianne не го гледам како компетентен да ја одржи фамилијата и малиот крал на тронот,нема некој владеачки способности и смисла за тактика и покрај тоа што покажа солидна способност при oпсадата на Riverrunn.
Тука е Гена која е страшна жена,вистински Ланистер и се гледа дека е сестра на Тајвин,но не верувам дека сама би можела да се справи со проблемите но мора да се напомене дека она е наклонета кон Тирион и единствена надеж за Ланистерс се они двајца,но Ланистерс веке ке немаат никакво влијание на тронот и ке остане на дебилот Mace Tyrell да манипулира со малиот крал.

Даенерис и на мене ми е малце омразена,поради фактот што не размислува присебно и малце е биполарна во главата,докажано дека не е адекватна за владеење во повеке наврати и направи еден тон глупости,неможе да ослободува робови каде што една економија се базира на робство и е многу голем фактор,сите слејвер градови вечно ке одат против неа и тоа требаше да и биде јасно а тоа дека нејзините глупи постапки не и се вракаат мислам дека не е вистина бидејки пробаа да ја отрујат Даенерис и ја лично мислам дека некеше Hizdahr да ја отруе бидејки би било глуп потег да ја отруе на таков масовен јавен настан,верувам дека Hizdahr е harpy но не верувам дека е the harpy itself,он иако е мокен благородник од античка лоза сепак мислам дека он е само пион на Sons of the Harpy.

А околу идентичноста на Аеgon дали е стварно он или не,верувам дека е оргинал,имавме POV од Jon Connington би требало он да знае дали е вистинскиот или не и неговите мисли ке иницираа не неговата лажност ако не е вистинскиот но сепак можно е и да е наместен од Varys и Connington да е измамен, типот заедно со Baelish се најголемите сплеткари во светот па...не се знае ништо :)

Mногу ке ми биде криво ако го снајде црно Џејми Ланистер,ликот има големо срце,има направено многу заебани ствари но се кае толку многу за тоа што би сакал да гори во еден од седумте пеколи мислам дека :D
Се надевам дека Brianne има нешто при ум што не вклучува предавање на Џејми,сепак е она премногу лојална и чесна,знае дека Џејми никако не е вмешан во црвената свадба исто така ја спаси од мечката во Harrenhal,и даде огромна подршка за нејзиниот квест да ја најде Санса и Ариа,се надевам дека нема да го шитне,но све мислам дека Џорџ сака да го финишира ликот,но ке видиме.

Има милјарда работи за што да се дискутира,така да ова сеа за сеа,неможам да ја дочекам The Winds of Winter но не читам чаптери што се излезени ке си го чекам финалниот продукт,иако го прочитав првиот чаптер за Теон поради тоа што го имаше во ADWD книгата што ја имам на крајот како тизер.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
пратете електорнски изданија или торенти по пп, ме мрзи да вртам 31 страна наназад. Фала ви однапред.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom