Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 26.436
- Поени од реакции
- 35.119
Насловот на темава е погрешно (буквално) преведен.Завршив и со Dance with dragons. После пет прочитани книги, огромни и тоа, сум уверен дека Robert е мајстор за пишаниот збор, дека одлично разложува, вади уникатни карактери, генијално поставува структура на дејствие и појма нема која е поентата на приказната. Ја поду од тупење. Претпоставувам дека и самиот не знае што ќе се случи до крајот. Онака, си типка како ќе му дојде.
Which is not necessarily bad. Така Стивен Кинг го напиша неговиот мега серијал, Dark Tower, со таа разлика дека таму скоро и да немаше толку непотребно перчење од типот "еве ја користам порно симболика и утепуам добри ликови за да бидам шизик".
И, чекај малку...Песна од лед(?) и оган?
Ако ја превеле на македонски, за што не сум се информирал, така е преведена?
Песната не е ОД мраз и оган, туку ЗА мраз и оган. Значи Песна за мразот и оганот. Настрана што Игра на Троновите е само првата книга во серијата книги, па темава има целосно погрешен наслов.
Кога ќе се земе во предвид дека „професионалните„ преведувачи што најчесто се ангажираат во Македонија (читај завршени и незавршени студенти по филологија), не се многу подобри од авторот на насловот на форумскава тема, јасно е дека многу подобар избор е читањето на оригиналниот јазик на кој се напишани книгите. Не сакам да кажам дека во земјава нема добри преведувачи, ама никој не се тепа за ниско платена работа, за огромен труд на креативно преведување на 5x1000(+) страници.
Нејсе, него што има лошо во користење „порно симболика и утепуење на добри ликови„?
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Демек окулу нас и низ историјата нема секс и се фршти од хепи-ендови?
Во врска со компарацијата со серијата за Црната Кула од Кинг. Има тоа и таму, само на различен начин. Чисто како за пример: спојлер следува доле.
Kако затрудни Сузана?
(Нимфата што го прави тоа со Стивен ДеШаин и потоа Сузана со духот на другиот премин)
(Нимфата што го прави тоа со Стивен ДеШаин и потоа Сузана со духот на другиот премин)
Единствено ќе признаам дека Мартин тој дел го прави многу подобро од Кинг!
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
П.С. Двете дела ми се едни од омилените (со голем акцент на Мартин).