OK, сите ги видовте номинациите, а за тие што не ги видоа сите, еве ги:
http://oscar.go.com/nominees
ФИЛМ: Пак само 9 номинирани, а не 10, колку што е максимумот. „Изненадувањата“, т.е. оние кои критичарите не ги погодија дека ќе бидат меѓу номинираните се: Her (беше ставен на 10 место), Dallas Buyers Club (беше ставен на 12 место), и најголемото: Philomena (беше рангиран како 18ти фаворит). На сметка на нив, испаднаа Lee Daniels' The Butler (6), Inside Llewyn Davis (8) и третиот „фаворит“ Saving Mr.Banks.
РЕЖИЈА: Ги нема Пол Гринграс за Captain Phillips и браќата Коен за Inside Llewyn Davis. Место нив - Александер Пејн за Nebraska и најголемото „изненадување“ Дејвид О.Расел за American Hustle.
АКТЕР: Ги нема Роберт Редфорд (really?
) за All is Lost и Том Хенкс за Captain Phillips. И според критиката, а и според мене и двајцата заслужија повеќе од Кристијан Бејл за American Hustle и Леонардо ди Каприо за The Wolf of Wall Street.
АКТЕРКА: Ема Томпсон за Saving Mr.Banks е отфрлена на сметка на Мерил Стрип (пак ли?
) за August: Osage County.
АКТЕР ВО СПОРЕДНА УЛОГА: Ни тука го нема Том Хенкс за Saving Mr.Banks. И Вил Форте за Nebraska е изоставен, на сметка на Џона Хил за The Wolf of Wall Street и Бредли Купер за (fuckin') American Hustle.
АКТЕРКА ВО СПОРЕДНА УЛОГА: Сели Хокинс е единственото изненадување за Blue Jasmine на сметка на Опра Винфри за The Butler (фала богу, нешто паметно од Академијата).
АНИМИРАН ФИЛМ: Го ставиле The Croods (мојот фаворит) наместо Monsters University. Другите беа очекувани.
Според мене, најпотценети годинава се Том Хенкс (две одлични улоги, а остана без номинација), Saving Mr.Banks (не дека беше којзнае што, ама само една номинација, и тоа за музика?
), и ја нема Atlas на Coldplay за Hunger Games: Catching Fire.
--- надополнето: 16 јануари 2014 во 16:11 ---
Нема потреба.. додадов анкета исто..
Како и да е Филипс е префорсиран за мене, а за гласање како и секогаш чекам да ги изгледам сите или повеќе пред да гласам, ама засега фаворит ми е Dallas Buyers Club.
Ти фали Gravity во анкетата.