Да, чевличките и ги дадоја на Ането, таа ќе ги носи но едната ќе ја загини, па потоа Ио ќе ја најди и знајте понатмау шо се случува.
Ио ќе тргне во решителна мисија да го врати изгубениот чевел но ќе биде пресретнат од бандата на фамозниот Џрагонскај. Иако Ио ќе успее да претепа 15 од нив само од гледање филмови со Џеки Чен, Џрагонскај ќе му го одземе чевелот, ќе го убие се разбира со пукање од грб и ќе тргне да ја бара Ането, со задњи и злобни намери. Но, уште поозлогласениот лик Јонзе ќе изврши хај-џек на авионот на Џрагонскај, ќе му го одземе чевелот, ќе постави бомба во авионот и ќе скокне од него без падобран. Додека Јонзе во слободен пад успева да се приземји врз балон кој случајно му се испречува на патот, чевелот му се лизнува од рака и го погодува Плух прво во глава, уништувајќи го на тој начин и она малку мозок што е останато во истата. Додека овој го хоспитализираат, чевелот на улица го пронаоѓа дечко и на Срцее, го става во џебот од палтото по што го заборава таму. Срцее наравно кога ќе го види чевелот добива погрешна идеја, му раскинува, го фрла чевелот низ прозор, по што го пронаоѓа Бене, извесен колекционер на фустанчиња и чевли. Во наредните 7 години Бене ќе се обидува да ја открие тајната на чевелот, дали е судбина тоа што тој го пронашол чевелот и дали сето тоа има врска со неговата сексуална ориентација. Тогаш, една вечер гледајќи ТВ, Бене ќе изгледа документарец со наслов „Проклетството на загубениот чевел“ во кој извесна Ана низ солзи ќе објаснува како нејзиниот брак се распаднал откако го загубила чевелот. Бене ќе сфати дека чевелот сам е проколнат и дека носи несреќа, што е***** ги објаснува сите резултати на Интер во тие 7 години. Чевлите мора повторно да се спарат. Бене ќе ја побара Ана, ќе и го врати чевелот и ќе ја шармира, целиот пресреќен од откритието дека сепак не е геј.
Ио ќе добие Оскар за своите 15 минути во филмот (позаслужено здравје) а Мајкл Беј Оскар за режија за перфектниот спој на нешаблонска романса со експлозии и твистови.
9/10