НБА сезона 2016-2017

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Кој тим ќе биде овогодишен шампион?

  • Голден Стејт Вориорс

    Гласови: 23 76,7%
  • Кливленд Кавалирс

    Гласови: 7 23,3%

  • Вкупно гласачи
    30
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Момци кажете некоја страна за хајлајтс од натпреварите ?!
Ја сјебаа нба.цом, ни видео отвара ни ништо..
 
Изгледа ко кец на десетка излезе ова што Дени Грин се повреди, па влезе Симонс на негово место. Не знам зошто Поп толку слабо го играше лани, одбрана на место, супер за транзиција, може сам да искреира шут и спот ап тројка да погоди. Блокадата над Кари! :drk:
 
Иначе, MVP, MVP, MVP, како дере братот Даме :cuc::cuc:

Бонус забивањето на крајот. :D

Не се заебавајте, ГСВ се ПРЕЈАКИ сезонава. Глеав сеа хајлајтси, оние extended што се, какви акции, какви имаат :shook::shook::shook: Буквално со 50 опции од една иста акција, страшно... Нека не залажува овој висок пораз, сепак е почеток на сезона и играа против Сан Антонио, не против МЗТ. И Спарси се мега јаки, сега надополнети со Гасол, реално огромно засилување е гасолината за овој тим. Сезонава не очекува атомска кошарка, на запад нарочито. Се надевам само дека екипите ќе останат без проблеми со повредени играчи, стварно би било штета да бидеме ускратени со задоволство да пратиме врвна кошарка ради некоја бедна повреда.
 
Иначе, MVP, MVP, MVP, како дере братот Даме :cuc::cuc:

Лилард е напреднат од лани, поготово во брзината на прв чекор и завршување под обрач.. цела вечер го напаѓаше Гобер и тоа успешно.. Изјави он, цел му е да биде мвп сезонава и финале на Запад. Лани пред почеток на сезона кога никој не ни помислуваше на Портланд, изјава му беше дека цел е плејофот.. така да ми се свиѓа амбицијата
 
За напад се знае дека се прејаки, дефанзивно многу потфрлија синоќа. Пачулиа не е Богут, а Игудала не е тоа што беше. Томпсон исто индиспониран.
 
Лилард е напреднат од лани, поготово во брзината на прв чекор и завршување под обрач.. цела вечер го напаѓаше Гобер и тоа успешно.. Изјави он, цел му е да биде мвп сезонава и финале на Запад. Лани пред почеток на сезона кога никој не ни помислуваше на Портланд, изјава му беше дека цел е плејофот.. така да ми се свиѓа амбицијата
Синоќа сам ги победи Јута, и со влезови и со дооолги тројки, посебно таа последната на минута на крајот. Краб е добар од клупа, Тарнер беше слаб, за парите кои е платен треба да игра многу подобро но долга е сезоната.

Од џезерите сум презадоволен како за прва утакмица без најдобрите двајца играчи и тоа на гости против плејоф екипа. Хил е одлично засилување, 3 класи е подобар од ланските плејмејкери и ведаш се почуствува разликата. И Џо Џонсон е играчиште, мислев дека го стигнале годините но има уште многу да понуди, одлично го користи телото да си изгради позиција, посебно после пик-енд-рол. Секако дека нема да игра цела сезона како синоќа но беше приморан поради повредите да игра 36 минути, кога ќе се врати Хејвард ќе можи да си прави забава кога ќе влегува од клупата по 16-18 минути. И кај Гобер се гледа напредок во слободните фрлања (100% беше синоќа) и се позиционира под кош многу подлабоко па добива и лесни поени. Се на се одвај чекам да се вратат Хејвард и Фејворс, може далеку да се стигне сезонава.
 
Не се заебавајте, ГСВ се ПРЕЈАКИ сезонава. Глеав сеа хајлајтси, оние extended што се, какви акции, какви имаат :shook::shook::shook: Буквално со 50 опции од една иста акција, страшно... Нека не залажува овој висок пораз, сепак е почеток на сезона и играа против Сан Антонио, не против МЗТ. И Спарси се мега јаки, сега надополнети со Гасол, реално огромно засилување е гасолината за овој тим. Сезонава не очекува атомска кошарка, на запад нарочито. Се надевам само дека екипите ќе останат без проблеми со повредени играчи, стварно би било штета да бидеме ускратени со задоволство да пратиме врвна кошарка ради некоја бедна повреда.

Сакаш да се кладиме дека GSW ќе имаат struggle и ќе бидат на максимум 50 победи сезонава? :D
 
Prvata sezona miami so james imaa na pocetok 9-8 start ama otkako mu trgna pobedija 20 i nesto so red taka da nema da me cudi slicno da se desi..

50 pobedi ne se fer za kladba postavete granica okolu 60-65.. Kako i da e rekordot sigurno ne go rushat
 
Абе каков рекорд, јас имам мнение дека ќе бидат на нивото на Лејкерс кога склопувавме „дрим-тим“ прва петорка, затао хазардно им давам 0.650 макс процент на победи.

едит: еве пресметав 55 победи би ја имале границата од 0.650, толку нека биде. :D
 
Не се заебавајте, ГСВ се ПРЕЈАКИ сезонава. Глеав сеа хајлајтси, оние extended што се, какви акции, какви имаат :shook::shook::shook: Буквално со 50 опции од една иста акција, страшно... Нека не залажува овој висок пораз, сепак е почеток на сезона и играа против Сан Антонио, не против МЗТ. И Спарси се мега јаки, сега надополнети со Гасол, реално огромно засилување е гасолината за овој тим. Сезонава не очекува атомска кошарка, на запад нарочито. Се надевам само дека екипите ќе останат без проблеми со повредени играчи, стварно би било штета да бидеме ускратени со задоволство да пратиме врвна кошарка ради некоја бедна повреда.

Нешто и гледав јас од утакмицата и се согласувам, во напад создаваа ненормални шутеви често дури и против ваква фантастична одбрана. Едноставно се изнапромашуваа. Напаѓачки ќе рушат рекорди, не гледам кој реално може да ги застане. А во одбрана и се очекуваше да имаат проблеми. Не е лесно да се замени Богут. Но ја имаат цела сезона пред себе постепено да се подобруваат. Имаат доста промени во ротацијата така што на старт сигурно ќе бидат зад екипи кои враќаат повеќе играчи од лани.
 
Ak3oSJn.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom