Трета мајка а? Да пробаме, иако не ветувам ништо, зашто првиот пат се откажав а вториот пат не ни учсетвував.
Soul
Не знам ни од кај да почнам искрено, Пиксар дефинитивно постави нови граници и се надмина себеси овој пат. Анимацијата, содржината, ликовите (или карактери?) и предобро смислениов свет прават комбинација на едно поинакво искуство, се тоа пропратено со добра музика!
Пред да го пуштам не очекував апсолутно ништо, кога го пуштив бев малце скептик, мислев дека ќе биде полн стереотипи, дека ќе бидат запазени сите политички коректности и дека ќе ја има онаа стандардна приказна како еден пропаднат музичар гледа да си ја спаси кариерата и на крај станува the next big thing во музичкиот свет..
..ауу колку погрешив!
Буквално ме мавна од земја, после првата сцена прави огромен преокрет филмот и иде во насока во која ни на крај памет не очекував. На многу чуден но прекрасен начин покажува зашто треба да живееме и што е стварно важно во животот. Која е целта на нашето постоење и зашто треба секој ден да се будиме и да уживаме во истиот. И да, можеби ова звучи премногу клише и ти доаѓа да повратиш, ама изведбата и реализацијата на истото во цртанов е на некое следно ниво.
Дизни/Пиксар цртан има полно право емотивно да ме уништи и да ме доведе на момент до степен да се запрашам дали ова што го правам е правилно и тоа во понеделник во 02:00 саат навечер.
Можеби не е најдобриот анимиран филм што го имам гледано, но тука негде е, во мртва трка за најдобар анимиран филм заедно со Marry and Max, Klaus, Up, Wall-E и Zootopia.
Не ми текнува дали оценувавме, али ако да, тогаш дефинитивно 5/5 или 10/10 или 100/100, како и да е.