Каде можам да најдам? (Литература edition)

заедно со 1984 на Саем беа 600д. мислам.
Имаше и пакет: 1984, “Животинска фарма“, “На дното и отфрлен во Париз и Лондон“ и “Во чест на Каталонија“ за 1000 денари, така нешто. Иако, ако некој и е намерачен на “Во чест на Каталонија“, го молам да размисли и да гледа да си ја купи на англиски јазик. Икона ги сакам како книжарница, ама брате тоа што и го направиле на книгата е масакар. Од сомнителен превод, до граматички и правописни грешки, а печатни грешки има во секој втор ред. Книгата е одлична, мене ми направи мерак, ама дооооолго ја читав, заради тоа што го споменав. Ужас, многу се разочарав. Дело од Орвел да го гледаш така искасапено... :place:
 
Гледам ништо не се сменило со преводите... Инаку мене никогаш не ми стана јасно, како толку многу едуцирани луѓе во земјава имаат толкав отпор кон електронските читачи, на кои им се достапни толку многу дела во изворна форма и за малку (или ич) пари.
 
Дали некој може да ми каже каде би можел да ја најдам антологијата „Големата авантура: францускиот надреализам“ од Влада Урошевиќ? Било да е издавачка куќа, книжарница, библиотека или дури и електронски формат, би бил многу благодарен.
 
Пишав и во општата тема: Знае некој дали ја има „Мирисот на жената“ (од Џовани Арпино) некаде по книжариве на македонски? Ако не, на српски?
 
Дали некој може да ми каже каде во Македонија можам да ги најдам oxford advanced learner's dictionary книгите?
 
Дали некој може да ми каже каде во Македонија можам да ги најдам oxford advanced learner's dictionary книгите?
види во Академска книга или Англиски центар[DOUBLEPOST=1454590085][/DOUBLEPOST]
Пишав и во општата тема: Знае некој дали ја има „Мирисот на жената“ (од Џовани Арпино) некаде по книжариве на македонски? Ако не, на српски?
http://www.kupujemprodajem.com/Miris-zene-1977-Djovani-Arpino-13931791-oglas.htm
 
Последно уредено:
Луѓе, каде можам да најдам Полски разговорен речник? Имате идеја?
 
Српските книги од топер повлечени се од продажба ?!?! Зашто на нивната страна нема ништо кај ``останати издавачи`` ...
 
Српските книги од топер повлечени се од продажба ?!?! Зашто на нивната страна нема ништо кај ``останати издавачи`` ...

Не се. Во Топер во Буњаковец имаа српски книги, баш вчера разгледував.
 
Дали постои македонски превод на ,,Одбраната на Сократ" од Платон?
 
кај се наоѓаат овие Темплум ? или нивниве книги кај можам да ги најдам
Замјатин - Ние
Балард - Гласови На Времето
Бредбери - Фаренхајт 451
?
 
кај се наоѓаат овие Темплум ? или нивниве книги кај можам да ги најдам
Замјатин - Ние
Балард - Гласови На Времето
Бредбери - Фаренхајт 451
?

Баш овие мислам дека одамна се распродадени, но сепак провери во Табернакул, Матица, Или-Или. Барем порано имаше нивни изданија таму. Или евентуално на онлајн продажби да видиш.
 
кај се наоѓаат овие Темплум ? или нивниве книги кај можам да ги најдам
Замјатин - Ние
Балард - Гласови На Времето
Бредбери - Фаренхајт 451
?
Фаренхајт451 ја имаше во Или-Или и последно мислам дека ја видов во Книжарница ТРИ, новата на Ленинова. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom