The Leftovers

  • Креатор на темата Креатор на темата Mario Gómez
  • Време на започнување Време на започнување
Е како да се вратат?
Нели тие се спасените, оние кои заслужиле да се спасат пред да настапи апокалипсата.
Само што во верските книги се зборува за 144 илјади, а тука за милиони.
Спасените?
 
Спасените?
Колку што приметувам серијава е според тоа пророштво, за спасението на праведните пред Апокалипсата и Божјиот Суд. Само што оригинално вели 144 илјади, а не милиони.
Останативе се грешници, но има twist, во серијава, како што гледам. Имено видовме дека меѓу исчезнатите има и големи грешници.

А може и серијава да земала само некои елементи од пророштвото.
 
И четвртава епизода беше прејака! Каков само почеток... Колку многу толкувања и дискусии можат да произлезат од него, а и од цела епизода: за борбата меѓу материјалното и духовното, судирот на верувањата со разумот, минатото со сегашноста, дискусија за патиштата кои сме ги одбрале во животот, за тоа што би се случило доколку би направиле поинакви избори, за грешките што сме ги направиле, за причинско-последичните врски и коинциденциите, дискусија за религијата (а да е надвор од подфорум Религија, фала Богу), за овоземното и оноземното, за изгубеното и ова тука сега...

Белите се повеќе и повеќе ме нервираат. Како би им ја учукал по една! Особено па на онаа на Гарви. Мислам кој кур и е? Има „совршено“ семејство, љубов, среќа, здравје, скоро се што може некој да посака во животот... А што бара она? Да избега од се тоа заради некаква кауза која не само што нам како гледачи не ни е позната, туку верувам дека и она појма нема која е. Не велете ми дека дефиницијата за среќа е релативна и различна за секоја единка. Се гледа по нејзините очи дека за нејзе дефиницијата за среќа е иста како и кај секој нормален човек. Зошто инаку би се вратила назад по запалката? Ама кој кур и е, е тоа стварно ни ние знаеме, ни она знае.

Едвај чекам да дојде понеделник сега...
 
Мажот и имал афера можеби затоа одлучила да им се придружи на белите. Се врати по запалката со што се гледа дека се уште е на ивица, односно не и е баш сеедно за семејството. Ми изгледа дека не е убедена дека го направила вистинското и можеби ќе му прости и ќе се врати.
 
Искрено, не верувам дека ќе му прости и ќе се врати. А тоа што ја изневерувал можеби е причина за да го напушти, но не верувам дека е причина да и се придружи на сектата. Секташите сигурно ја демнеле како што ги демнат сите останати и претпоставувам дека ја убедиле дека е залудно да си ги троши зборовите, како што се обидуваат да ги убедат сите останати. Ако со тоа што се придружила на сектата сака да му се одмазди нему, гадно се заебала, оти на тој начин ги повредила и син и и ќерка и, кои не верувам дека на било кој начин и згрешиле.
 
Мене четвртава епизода ми беше доста послаба од третата (која беше екстра!), но сепак далеку од досадна. Дејството некако не се движи брзо, всушност не се ни движи :D ама сепак серијава вреди да се гледа.
 
Ги гледав сите 4 еписоди кај брачед ми многу добра серија сега ќе ја симнувам еп 5 (y)
 
И петтава беше ОК. Полека ја засакувам серијава, се приврзувам за ликовите. Ама онаа Лори - е стварно не ја можам! Што не ја каменуваа нејзе?
 
Јас ја отворив темава ама дури вчера и денес ги изгледав епизодите. Одлична е! Ми се допаѓа развивањево на ликовиве како оди, пиано саунтракот, фрики моментите, бавната разврска и идејата за серијата. (y)
 
Мистеријата е она што највеќе ме влече во серијава а не се жалам и на глумата и ликовите.
 
Не сум читал теории, ја гледам на аутопилот без замарање мозок.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Ако некогаш прекинам да ја гледам серијава, тоа ќе биде поради овие беливе од култов.
Не ги можам на чело со Лори, следна е Лив Тајлер, после оваа главнана како и да се вика. А свештеников кој кул лик е...I say fuck too :).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom