Што е со друштвото од основно?

  • Креатор на темата Креатор на темата ЃАВОЛЧЕ
  • Време на започнување Време на започнување
Се дружам со 3-4 само. Имам многу другари од основно кај мене у средно сега, али овие што ги спомнав тројца четворица, не учат со мене, од друго школо се, и уште се дружам со нив.
 
значи после 7 години откако завршив основно со скоро сите што ќе се видам ќе си направиме муабет и се на тоа се сведува. Само со една другарка од основно некогаш излегувам, бевме најдобри другарки но сето тоа пукна, луѓе сме се менуваме, сосема различно размислуваме отколку во основно.
 
Другарите од основно... хмм стил мај бест френд со нив сум секој ден,на кафе излагање анд стаф. .. иако сме различни смени и различни школа :S
 
Со повеќето до ден денешен се друшам, а со неколкуте останати, имам муабет, како е, што има ново, ова она...
 
Ја Јеену Грл би ја стаела за претседател за тоа со љубомората,бравос.
Јас имам само едно мочано здраво со некои,со 3ца учам па имам и муабет,а со другите како да не сме се ни знаеле,за жал.
 
Со 2-3ца од одделение се дружам и денес.некои се во странство некои во затвор некои па родија деца уште пред 3 години sdим тракви што ни здраво не праам не дека сум се замерил многу али знам некако ко низ магла ми се не памтам многу.Абе основно детска работа
 
сеуште сме си другарчиња само шо сега кругот ни се прошири малку повеке.. :)
 
Јас сите ги отерав во ПМ.

Сега имам нови другари, а со тие од основното нема ни поздрав.
 
Бидејќи основно завршив во Дебар, едвај со неколкумина од клас комуницирам и тоа најчесто кога одам таму. Речиси сите машки се сега на arbeit во Германија, Италија, Словенија etc а женските се омажени па некои дури и со второ дете. Интересно е во секој случај, бидејќи поретко се гледаме па имаме повеќе да си кажеме а и градот е мал па кога-тогаш ќе налеташ на некого.
 
Јас со никого не се дружам од основно, некако сите се одделивме кој во средно кој на факс. Имав најдобра другарка од основно, но, од како се омажи и роди дете изгубив контакт и не можам никако да ја пронајдам. Се што имав од неа: тел, емаил, моб не функционираат, а живеалиштето и е сменето така да можеби 7 години поминаа од како ја видов последен пат. А и јас сум веќе 3.5 год. надвор така да сега кога ќе се вратам ќе си зацртам за цел да ја најдам. Чудни се патиштава наши...
 
Се дружам и со нив исто толку колку и со поновите од средно. Иако сите сме во различни градви држави и слично.
 
Живеам само со една другарка од основно а со другите се оддалечивме оти во средно си најдоа друго друштво.
 
Ништо од она `леле како ќе се разделиме највише се сакаме` дрн дрн!!!Ништо од тоа...Некој другари од оделение не ни ми викаат здраво кога ќе ме видат во град,ама затоа паа...и јас исто така се понашам со нив!Имам најдобра другарка од основно која е сега со мене во клас и сме неразделни покрај неа имам уште 10 најмногу,другите сите....не држат вода више а баш ми е криво поради тоа!!!
 
Не се дружам со никој од основно. Ги гледам да, ама само здраво, како си што има ново. Всушност ние се разделивме уште кога се запишавме во средно. Секој на своја страна, со свои обврски и немавме време за да се видиме. Со оние со кои ушев заедно во средно бевме различни класови, различни друштва и повторно ништо. Се си остана таму во времето, да се сеќаваме како сме си поминувале.

Во животот запознаваш многу луѓе, не можеш да бидеш близок со сите. Со некои остануваш само на здраво, некои воопшто и не ги ни гледаш, некои ти стануваат поблиски, со други остваруваш други контакти..:pipi:
 
Другарите од основно... хмм стил мај бест френд со нив сум секој ден,на кафе излагање анд стаф. .. иако сме различни смени и различни школа :S

Д` Сејм :)
Ајверсон од 1-8 одд, уште ми е другар иако е 2 год а јас 3 и сме у различни школи и смени :smir: :vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom