666 и значењето на тие бројки

  • Креатор на темата Креатор на темата Devil-King
  • Време на започнување Време на започнување

Devil-King

Пациентот од Бардовци
Член од
3 февруари 2007
Мислења
1.009
Поени од реакции
67
Веб-сајт
musicwave.darkbb.com
Многу пати сум забележал како лошо се разбрани 666
и како христијанството на сосема друг начин ги дешифрира.
Воедно од наметнатоста на религијата,
не можеме да ја видиме вистината.

666 - Бројот на Ѕверот

sunsquar1hm0.jpg


Магиски квадрат
на Сонцето​

Zbirot na broevite od prviot red e;
6 + 32 + 3 + 34 + 35 + 1 = 111
isto i na drugite redovi e 111.

Zbirot na broevite od prvata kolona e;
6 + 7 + 24 + 13 + 25 + 36 = 111
isto i na drugite koloni e 111​



Постои популарно сфаќање, делумно поради
не-информираност или поради суеверие дека
бројот 666 е број на Ѓаволот, односно Сатаната.
Неупатените луѓе ваквото верување го поткрепуваат
со авторитетот Јован Богослов и неговата Апокалипса.
Во неа во глава 13 стих 18 се вели: "Тука е мудроста,
кој има ум нека го пресмета бројот на ѕверот, бидејќи е
број на човек, и бројот му е шестотини шеесет и шест".
Штом се работи за света книга, кај покорниот верник
нема место за истражување и сомнеж.
За жал малкумина од луѓето знаат дека
Библијата е чиста кабалистичка книга. Тајната наука на евреите, Кабалата,
била привилегија само на најупатените
рабини и се пренесувала од уста на уво. За адептот кој е упатен во Кабалата
се говори дека од неговата утроба излегуваат реки со жива вода.
Сите свети книги се шифрирани и не можат да се толкуваат буквално. Слепата вера е спротивставена на нашиот
Научен Илуминизам и е одлика на глупоста. Исто така, светоста на една книга зависи од рангот на кабалистот,
т.е. адептот. Кроули на едно место спомнува дека повеќето еврејски рабини не биле комплетирани адепти од највисок ранг, можеби со исклучок на Мојсие.
Така Јован Богослов бил член на секта која ги мразела Николаитите, нивните ривали.
Таа омраза и секташко препукување кај Витлеем Корал нашла место и во Апокалипсата. Како и да е, неговите визии
се преполни со кабалистички симболи и не можат да се сфатат без да се познава главната матрица о
д која се извлечени. Во еврејскиот алфабет,
секоја буква има број и име. Буквата V = w (W), т.е. Вав, во алфабетот има бројна вредност 6 и е припишана на сферата на
Сонцето на Дрвото на Животот. Во нашиот микроуниверзум, тоа е соларниот плексус
(важен сплет на садови одма под дијафрагмата).
Дел од атрибуциите на Сонцето, Изворот на Животот, го вклучуваат срцето, разумната душа наречена Руах; од металите е златото; во светот Асиах бојата е жолта, од животните е лавот итн.
Буквата Вав значи Син, а Исус бил син божји и Ново Сонце. Ова е само најминорен пример на кабалистичките темели
врз кои е поставена Библијата. Бидејќи според Кабалата има 4 света на постоење, божествениот Ацилут, ангелскиот Бриах, формативниот Јецирах и Асиах, секоја планета има
по еден број за секој од овие светови.
Првиот број го дава боженственото име,
вториот архангелското или ангелското,
третиот се однесува на формативниот
свет Јецирах, четвртиот името на духот (или слепата сила). Магиските квадрати на планетите се прастари. Меѓу другото се заслужни и за создавањето на шахот. Тоа ги навело одредени свештеници дури и да дигаат узбуна дека шахот е измислица
на ѓаволот. Покрај 6, другите броеви на Сонцето се, неговиот квадрат 36, збирот на броевите од 1 до 36 (1 + 2 + 3 . . . + 35 + 36 = 666) и 111, кој е третиот број на Сонцето,
односно збир на сите редови и
колони во магискиот квадрат на Сонцето;
Големиот Ѕвер од Апокалипсата е,
всушност, Сонцето, кое е одраз и симбол на Сеопштиот Креатор. Кроулиевото поистоветување со
666 датира од негова најрана возраст.
Неговите родители биле членови на христијанската секта Плимутски Браќа, секта слична на Јеховините
Сведоци, во која се верувало дека само тие се избраните, а останатите ќе горат во пеколот. Кроули бил доста жив и немирен, а таквиот темперамент ја инспирирал мајкаму да го нарече ѕвер,
според Големиот Ѕвер од Апокалипсата.
Подоцна Кроули ја открива окултната симболика на Апокалипсата и ја презема неговата мисија како пророк и син на Сонцето.
Неговото магиско име Мајстор Терион (Т=400, Е= 5, Р=200, И=10, Н=50) има вредност 666, а во сето ова добро
се вклопува и неговиот подзнак или асцендент Лав,
кој исто така е припишан на Сонцето. Уште повеќе,
симболиката на 666 му се појавува со примањето на Книгата на Законот и со откривањето на Стелата 666 во
Музејот Булак во Египет. Во Кабалата 666 е број на:
  • Духот на Сонцето Сорат SVRTh = 666 (S=60, V = 6, R = 200, Th = 400)
  • ANKH-AF-NA-KHONSV(T) = 666 (Име на Египетски Свештеник, кој бил поранешна инкарнација на Кроули.
  • NVThIRV (Нутеру = Богови) = 666
  • Името Исус на хебрејски ShM IHShVH (hwchy sc) има вредност 666
 
Да многу често се појавува 666 бројот сум приметил и јас

ако си го гледал 23 филмот ке ти биде се јасно

23= 2:3 = 0,666
мислам дека има ваков пост тука некаде .....


ова за фактите сите сум ги слушнал
освен за ова


  • Духот на Сонцето Сорат SVRTh = 666 (S=60, V = 6, R = 200, Th = 400)
  • ANKH-AF-NA-KHONSV(T) = 666 (Име на Египетски Свештеник, кој бил поранешна инкарнација на Кроули.
  • NVThIRV (Нутеру = Богови) = 666
  • Името Исус на хебрејски ShM IHShVH (hwchy sc) има вредност 666
ова треба да го проверам па ке ти кажам
 
Само бројки, и ништо повеќе од тоа, интересно изгледаат... и ако 666 е број на ѓаволот... каде е неговиот пандан, бројот на Господ ?
 
Само бројки, и ништо повеќе од тоа, интересно изгледаат... и ако 666 е број на ѓаволот... каде е неговиот пандан, бројот на Господ ?

Христијанството го опишува бр. 7 како бројот на господ.
Според 7-те цркви што се создале после смртта на исус.
 
На хебресјски 666( бројките имаат соодветни букви) се добива името Неро или како што ние го знаеме Нерон кој бил голем непријател на христијаните во тој период.
 
Инаку, имам читано нови истражувања кои докажуваат дека бројот на ѓаволот е всушност 616. Имаше подолга анализа, имаше повеќе понудени докази, ама за жал текстот го немам зачувано, ниту пак памтам каде го прочитав.
 
Инаку,имам читано нови истражувања кои докажуваат дека бројот на ѓаволот е всушност 616.Имаше подолга анализа,ашто,имше повеќе понудени докази,ама за жал текстот го немам зачувано,ниту пак памтам каде го прочитав.

Да, од поновите истражувања бројот 616 го потенцираат како "the evil number", инаку не верувам во такви работи.
 
Бројот 666 е код и никој не го знае. Позади тој код се крие името на тој што ќе сака да владее со светот........на кратко и едноставно.
 
Ок, нека биде, а зошто 7 или 777

(освем за црквите)

Ej врска неам сигурно има некоја си глупа логика.

Да, од поновите истражувања бројот 616 го потенцираат како "the evil number", инаку не верувам во такви работи.

Според новите истражувања кои ништо шо не истражиле се појавуваат се понови и поноиви религии. Fuck новите истражувања. Не е 616.
075 666 999 Еве го бројот на сатаната.Ѕвонете.
 
Бројот 666 е код и никој не го знае. Позади тој код се крие името на тој што ќе сака да владее со светот........на кратко и едноставно.
Сосема точно...се работи за број на човек...
 
Ок, нека биде, а зошто 7 или 777

(освем за црквите)
мислам дека 7 се смета за совршен број,број на среќата,љубовта,хармонија...бла бла
демек затоа имаше најмногу венчавки на 07,07,2007
 
Сосема точно...се работи за број на човек...
Код - збир или разлика од броевите кои ги даваат името и презимето...

Туку кога сме кај 666 баш реков да видам кој е јузерот со број 666 и пазете го ова обратете посебно внимание на годината кога бил последно активен... чудно нели :icon_evil

Последна активност: 01-01-70 01:00
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom