60% од средношколците не ја положиле пробната матура

Член од
23 декември 2007
Мислења
22
Поени од реакции
0
Vo ponedelnik na den 18.02.08 gi povikuvame site maturanti na protesti pred ministerstvoto za obrazovanie poradi voveduvanje na drzasvnata matura.ke ni se priklucat maturanti i od drugi gradovi,ama posebno apelirame do skopje.MATURANTI,DA SE OBEDINIME!!!KAKO PRVITE DENOVI!!!STOP ZA DRZAVNATA MATURA!!!VO 12 I 30 pred MON.dojdete site ne odete po kafinja i ne spiete,od ova vi zavisi idninata.I verovatno nejkete neopravdani ako ne odite na nastava a i neste na strajk.PRIDRUZETE SE,MLADINATA E SILA,NIE SME SILA!!!
 

Ivajlo

Sexual Harassment Panda
Член од
21 септември 2007
Мислења
127
Поени од реакции
18
Така е, знаењето е сила, младината е сила, ама не сте вие едни од посилните.
Јас мислам дека треба да се радикализирате.
Од утре секој што ќе ви спомне матура или учење, на суд за кршење на вашите човекови права!
 
R

reactive89

Гостин
И што станува сеа? ќе имаме денес штрајк или не?

Јас не сум за, па кој сака нека каже... бољи во школо ќе идам отколку да седам таму ко муле пред министерство и да барам нешто што знам дека нема да ми го усвојат... и плус.. зашто да мрзнам за тие останатите кои си се шеткаат по центар, кои идат во кафичи место на штрајк да се... повеќето си прават така... и после даааа професоре/ке на штрајк бевме.... ма ајде бегајте бре...
 

shadow_rr

Resistance is Futile
Член од
8 јули 2006
Мислења
1.807
Поени од реакции
323
Кај нас први за штрајк се јавуваат тие што не се пријавени за матурата. :)
Тоа го потврдува тврдењето дека целта е само бегање од часови и ништо друго.
 
Х

Ханзо

Гостин
Има...ММЕ... Само што се вратив од школо... Пак Орце ќе го папа...ММЕ...
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
i od kaj nas mi kazaa deka ne idat na casovi a dali se na strajk ne znam.RJK
uste malce fali pa da popustat ovie.a so ova obezbeduvame obrabotuvanje na saboti do kraj na godina.
jbg
celta gi opravduva sredstvata............
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Ич гајле не ми е, ако се полага, ќе си учам, ако штрајкуваме не си ги оставам другарите сами!
 
Х

Ханзо

Гостин
Утре пак??? Или ќе си правам тест по бизнис и предузимаштво. :pos:
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
457
Ако бе штрајкувате нема ништо да добиете но како што викаат старите
Повторувањето е мајка на знаењето
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Нека се стопли времево па протестирајте или штрајкувајте како што си велите вие. Немојте да не измрзнете па да се испоразболите и после ќе нема кој да протестира.

И + утре одете за името да протестираме мирно, без јајца, домати/патлиџани, шишиња, јавни соблекувања и така натаму и така наваму...
 
Член од
25 август 2006
Мислења
336
Поени од реакции
6
А не ми е јасно што се истакнуваат во темава тие што за влакно изминатите неколку години ја избегнаа државната матура и се радуваа зашто нема да полагаат, па сеа на другиве им го пикаат!Требаше да барате да си полагате, па да осетите на своја кожа како стојат работите, а не сега само површно да гледате без да се информирате подлабоко како стојат работите и да солите памет.

За жал, како што може да се забележи, ни матурантите уште не се свесни што ги чека, па затоа си идат по кафиња и сл.Затоа незнаат зошто штрајкуваат и што сакаат воопшто.Кога ке им дојде јајцето на газот тогаш ќе биде "ОФ"!
Во постовите наназад беше од некој образложено дека се работи за револт што никој ништо незнае,а времето е се пократко.Програмата не е усогласена, а сите треба да полагаме едно исто. И во листите што ги истакнаа факултетите има нелогичности, само кој е засегнат нека си седне и нека си разгледа како точно стојат работите и ќе увиди колку неправилности има.А останатите нека се воздржат од навредливи коментари за матурантите затоа што не се доволно информирани!

Иначе за оние што незнаат имате прирачници на ДМ по книжариве...2 за Македонски и 1 за Математика, не се баш ефтини ама внатре пишува дека ќе ви бидат сосем доволни за да ја положите матурата,затоа што содржат се што ќе има на неа!Малку повеќе на бизнис мириса сето тоа ама мора да си го играме орото нели...

Она што не ме радува, а што вие кои гледате од страна, не можете да го сфатите, е мојот револт против неорганизираноста на концептот на одвивањето и на оценувањето на оваа фамозна државна матура.

Значи, како почетно и основно ќе ја наведам неизвесноста во корелацијата на државната матура и факултетите, која еве, 3 - 4 месеци пред одвивањето на матурата, сеуште трае, а од која зависи нашата ИДНИНА. Повеќе не би сакала да се уморувам и да објаснувам,зашто го губам времето и трпението.

И грешка сте сите, кои мислите дека ние не се трудиме и не учиме, и дека сме генерација/ии на пропаста и глупавоста. Размислете како би ви било вам, кои порано сте полагале матура и слично, кога 4 месеци пред одлучувањето на она каде сакате да студирате, односно пред одлучувањето на иднината, 50 проценти од прашањата ви се неодговорени и ова се пролонгира и пролонгира.
И кое фајде. Им требаа 3 месеци да ги прегледат и објават резултатите од ПРОБНАТА матура, а замислете колку ќе им треба за да ги средат и објават оние од вистинската. А каде е нашиот упис на факултет. Ах толку прашања имам.
Потполно се согласувам со исказите на Еци!
Moжеби сите сте во право. Но еве еден податок што ме револтираше вчера кога го дознав. Според официјалното писмо од министерството, државната матура ќе се полага на 22 23 и 24 јуни, екстерниот дел, а интерниот после една недела, значи до 1 јули најкасно. Потоа, 15 до 20 дена, најмалку, додека да се прегледаати да се извадат резултатите, значи јули отиде. А каде се уписните рокови? Уписните рокови во странство, се најкасно до 10 јули, што значи ги пропуштивме. За нашите овде, нема никаков распоред или слично, сите абер си немаат. И значи, август се првите уписни рокови, според математиката која оре ја направив, а вторите кога, септември? Не ми е мака, ќе прежалиме едно цело лето зашто се работи за нашата иднина. Но ве молам, тоа нема никаква логика.
Е ова е "таман".Браво за МОН,немам коментар!!!!И ова е во ред за вас????
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Не знам како не ви е срам. Видовте што се има на пробната матура и уште плачете дека нема да положите и дека е тешко. Вие самите велите дека многу уште на почетокот си испаднале и за тоа голем процент не поминал ! Сите што овде пишувате за укинување (95 %) немате заслужени оценки ! Страв ви е да не се покаже дека не знаете ! Една година помина од генерацијата пред вас кога протестираше со некои си свои аргументи а сега вие ги користите истите, срамота измислете нешто ново и практично за кое ќе има место да се дебатира во МОН. Вие само протестирајте, само плачете, само не одете часови, само само само ќе си полгагате матура кој е разумен си седи на настава и ќе си полага оти знае дека ќе положи.
И не вадете бизнис е или не е она она со учебниците за математика и македонски, дадени ви се и треба да ги научите, ама пошто не сте научени да учите само ќе се расправате !
Вас ич да не ве интересира за договори помеѓу влада, средни училишта, факултети и така натаму, ваше е да си научите и да не кревате галама џабе.
Уставен суд, оставен ова уставен она.... жими г'зов што би рекле Еднооки. Сами против својата држава ?!!!! Ако во вас (тој процент што постојано повикува на протести) е иднината тогаш тешко на оваа држава, а и така и е доволно тешко.
свашта
 

Kajgana Shop

На врв Bottom