60% од средношколците не ја положиле пробната матура

Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Ја прочитав цела тема, дојдов до заклучок дека и олку лесна матура, како што ја викаа некои како за ретардирани не треба да е проблем за оние што учеле редовно, а татини мамини дечиња нека му ја мислат.
Баш тие нема да му ја мислат, нив се им е смислено:toe:
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Moжеби сите сте во право. Но еве еден податок што ме револтираше вчера кога го дознав. Според официјалното писмо од министерството, државната матура ќе се полага на 22 23 и 24 јуни, екстерниот дел, а интерниот после една недела, значи до 1 јули најкасно. Потоа, 15 до 20 дена, најмалку, додека да се прегледаати да се извадат резултатите, значи јули отиде. А каде се уписните рокови? Уписните рокови во странство, се најкасно до 10 јули, што значи ги пропуштивме. За нашите овде, нема никаков распоред или слично, сите абер си немаат. И значи, август се првите уписни рокови, според математиката која оре ја направив, а вторите кога, септември? Не ми е мака, ќе прежалиме едно цело лето зашто се работи за нашата иднина. Но ве молам, тоа нема никаква логика.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Јас па слушнав дека може ќе се поместеле за 10на дена порано што ќе му дојде некаде околу 12,13,14 јуни. Ама пак ќе потрае многу така да јули ќе се вариме по дома изгледа.
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Ќе те поддржам со пример. Јас имам двојка македонски само затоа што идиотката сака да си прави порцелански заби кај татко ми БЕСПЛАТНО!
Знам повеќе македонски од цела генерација. Јазици и математика ми идат како вода( пупупу да не се урочам:)). А јас не сакам татко ми да и направи заби само за да имам 5ка, што ќе ми 5ка по македонски? Епа сега видете. Во другиот клас татко на еден е сопственик на познат скопски ресторан, и госпожата си иде си јаде си пие со цела дружина, прави сметки од 200 евреи и син му има 5ка а не знае да гугне.
И после таа ќе ми збори на час дека оценки кај неа нема од ракав. Дрн дрн дрн !
Ја прочитав цела тема, дојдов до заклучок дека и олку лесна матура, како што ја викаа некои како за ретардирани не треба да е проблем за оние што учеле редовно, а татини мамини дечиња нека му ја мислат.
Оф топик.

Знаеш, секаде владее тоа правило, снајди се па живеј. Немој да ме разбереш погрешно, сум против мито и корупција во образованието, но ако тебе толку и не те интересира оценката по македонски, шо се замараш со тоа колку ви е корумпирана професорката. А бидејќи гледам дека се замараш, бидејќи самата викаш дека знаеш македонски повеќе од цела генерација, и си револтирана од тоа што не ти пишува петка, те советувам да ги оставиш порцеланските заби на страна и да се потрудиш да им докажеш на сите(бидејќи си најсилна, тоа значи дека можеш) дека го знаеш материјалот, бидејќи професорката не е единствената која може да одлучи за твојата оценка.

Но, ако сакаш оценка а не сакаш да учиш, што извини, е карактеристично за сите кои се жалат и кукаат за корумпираноста, тогаш седи мирна или поклони и порцелански заби на професорката. Моето четиригодишно искуство со професои во имназија, ми зборува дека оние кои учат ама кои учат вистински, никогаш, ама баш никогаш немаат проблеми со корумпираните професори, затоа што истите немаат основа по која би барале мито за пишување оценка.:smir:
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Фативте ли бар дел од Јади бурек вчера?
Има средношколци кои сериозно си ја сфаќаат матурата. Проблемот е што не се доволно информирани! Во 5 за 12 се прават планови, а уште никој не знае точно што како ќе биде.
Дури ни самото биро за образование не знае колку проценти од успехот на крајот на годината, а колку проценти од матурата ќе има уддел за упишување на факултет, значи уште се двоумат меѓу 60-40% или 50-50% .
Друго нешто, не се знае точно кои предмети имаат привилегија за кои факултети, бирото за образование вели дека тоа го има на интернет, веројатно на нивната страна е а таа страна bro.gov НЕ им ни функционира!
Тотално немаме организираност во државава. + кога матурантите ќе се спремаат за матурата, дали тие на крајот на годината ќе учат за матура или за други предмети кои ги учат? Наместо 4та година да биде така организирана да се овозможи што е можно повеќе спремање за матура и повторување на целиот материјал од средно, се учат нови работи. На пример, у 4та ќе окапеш од учење физика колку да ти стаи петка, а за тоа време си можел да учиш други предмети што ќе ги полагаш за матура. Директорката на Јбт у Јади бурек вчера рече дека секој професор БИЛ ДОЛЖЕН да држи дополнителни часови за спремање за матурава. А колку само тоа не се случува...Во Корчагин слушнав дека само една професорка им кажала за ваквата можност на учениците, само една!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.495
Оф топик.

Знаеш, секаде владее тоа правило, снајди се па живеј. Немој да ме разбереш погрешно, сум против мито и корупција во образованието, но ако тебе толку и не те интересира оценката по македонски, шо се замараш со тоа колку ви е корумпирана професорката. А бидејќи гледам дека се замараш, бидејќи самата викаш дека знаеш македонски повеќе од цела генерација, и си револтирана од тоа што не ти пишува петка, те советувам да ги оставиш порцеланските заби на страна и да се потрудиш да им докажеш на сите(бидејќи си најсилна, тоа значи дека можеш) дека го знаеш материјалот, бидејќи професорката не е единствената која може да одлучи за твојата оценка.

Но, ако сакаш оценка а не сакаш да учиш, што извини, е карактеристично за сите кои се жалат и кукаат за корумпираноста, тогаш седи мирна или поклони и порцелански заби на професорката. Моето четиригодишно искуство со професои во имназија, ми зборува дека оние кои учат ама кои учат вистински, никогаш, ама баш никогаш немаат проблеми со корумпираните професори, затоа што истите немаат основа по која би барале мито за пишување оценка.:smir:
Извинете и за овој офтопик:

Јас веќе реков дека со таа кучка не се замарам, имам постигнато во животот повеќе од неа и дури и заработувам повеќе. Ама таа нека не го дрви дека кај неа нема врски ова она а ќерка и на таа по германски ја вади на табла и и викакажи ми синоним и оп 5ка БРАВОС!
Јас не се замарам со неа, ама не сум таков човек да гледам само за себе.
За болдот: Жал ми е кога ги гледам од мој клас како не спијат навечер да учат и имаат кошмари, тоа многу ме нервира. Инаку мене ми е гајле за неа. Баш затоа викам дека треба да се полага матура. Нема на нејзе да и докажувам дека знам македонски, ќе си докажам на матурата. Ама нема таа тука најпаметна да се прави и само таа да ми пишува двојки.
Балкански шампион сум, заслужувам барем некоја пошит од неа. Ама знаеш.. љубомората е ужасна работа.
Едвај ја чекам матурата!
 

FrEaKy GiRL

...FaLLeN AnGeL...
Член од
20 јули 2007
Мислења
623
Поени од реакции
28
Ne e zamaranje so toa kolku e korumpirana profesorkata, tuku kolku e korumpirano obrazovanieto. I veke krajno vreme e nekoj da prestane da dobiva 5 od gutura, t.e. zatoa sto nivnite tatkovci i majki se nekoi i nesto, a nekoj da se maci i da uci i pak 5 da ne moze da izvadi, navodno ne znael, a vsusnost rabotata e sto nema vrski! Zatoa se ke si se pokaze so maturata...pa maminite i tatinite liglovci i placki tek togas nema da znaat sto da pravat.
P.S.Veke pocnaa da se bunat, i toa ne tie slabite, tuku onie cii ocenki se napumpani,zasto svesni se deka dzabe im bea vrskite koa na kraj pak ke mora da sednat i da nau4at!Dokaz za toa e vcerasniot straj!
 
Член од
23 јули 2007
Мислења
166
Поени од реакции
2
ke se vidi koj e i sto e ,zatoa ne se zamaram ama maturata ke treba malku po ozbilono da se svati zaso ne e igracka da si igrame a kako vikaat starite `posle igracka placka .a maminite mazi pak ke uspeat ako se ima malku poveke suski(pari).:toe:
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
резултатите не се во ред!тоа на сите ни е јасно!
но сепак ова беше пробна матура,па не ја сватиле сериозно работата нашите средношколци!
а ова не е воопшто глупава работа.средното образование е во распаѓање кај нас.треба да се превземат и други мерки.секој завршува средно без никакво учење-епа не треба баш така да бидат работите!критериумите треба малку да се качат,затоа што се симнати под ниво!
и ако им б ила најавена матурата немале да се запишат во средно???матурантиве се луди!е таква младина ја чека Македонија!се и се.само да пројдат без да поднаучат нешто од тие 4 години средношколско спиење!
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Средношколците од понеделник најавуваат протести и блокади на улиците, повторно да кажат дека се против полагањето на матурата. Од среда или четврток, тие ќе спроведат и генерален средношколски штрајк.
Околу 100 ученици од неколку средни училишта вчера се собраа пред Министерството за образование и наука, но собирот се растури зашто не бил најавен и зашто матурантите дошле спонтано и неорганизирано.
"Седумдесет отсто паднаа на само два испитни предмета. Што ќе правиме во јуни кога ќе полагаме пет предмети, а се уште не ни е кажано ниту кои точно ќе бидат", изјави Михаил Младеновски, претставник на матурантите.
Тие бараат Министерството за образование и наука да ја укине матурата, зашто не им била најавена кога се запишувале во средна школа.
Средношколците ќе поднесат иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на законската регулатива.
Министерот за образование и наука Сулејман Рушити изјави дека матура мора да има и оти не гледа причина за протести на матурантите.

извор вест


Што се нема веќе да слушнам.Како бе може да се најави нешто што ќе се случува после 4 години,ај не зезајте.
Туку нема откажуваше а?Нема матура и точка:tapp:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334

Тие бараат Министерството за образование и наука да ја укине матурата, зашто не им била најавена кога се запишувале во средна школа.
Свесни ли се дека се малолетни, може само дома да бараат нешто.
Треба да се испита кој и зошто ги гура во таква авантура со протести.
А и родителите би требало секој дома да преземат некои непопуларни мерки.:kesa:
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Свесни ли се дека се малолетни, може само дома да бараат нешто.
Треба да се испита кој и зошто ги гура во таква авантура со протести.
А и родителите би требало секој дома да преземат некои непопуларни мерки.:kesa:
сакам само да кажам дека поголемиот дел од матурантите се родени 1989год што значи дека се полнолетни а што се однесува до протестите...јас сум против...тоа е што е...нема ништо да се смени...мора да се учи наредниве месеци...
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
611
Поени од реакции
9

"Седумдесет отсто паднаа на само два испитни предмета. Што ќе правиме во јуни кога ќе полагаме пет предмети, а се уште не ни е кажано ниту кои точно ќе бидат", изјави Михаил Младеновски, претставник на матурантите.
Тие бараат Министерството за образование и наука да ја укине матурата, зашто не им била најавена кога се запишувале во средна школа.


извор вест


Што се нема веќе да слушнам.Како бе може да се најави нешто што ќе се случува после 4 години,ај не зезајте.
Туку нема откажуваше а?Нема матура и точка:tapp:

Што се однесува на ова болдот, тоа пак не е точно! Јас кога се запишував во средно во 04 година, многу добро знаев дека ќе полагам матура. Пишуваше во сите весници тогаш, кој читал, си видел, си знаел. И цело време, уште од прва година, професорите од средно ни велеа дека ќе полагаме матура. И сите знаевме. Само знаевме дека генерацијата пред нас први ќе полагаат, па немаше ние први да пробаме и да ги вкусиме проблемите први, ама не испадна така.

А и кој е тој Михаил Младеновски??? Кој го пратил тој да ги застапува моите интереси??? Јас НЕ. Мој интерес е да полагам матура, зашто и ден денес добивам 4-ки кај потплатливи професори, а деца кои мене ме прашуваат за совети од материјалот, добиваат 5-ки.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
611
Поени од реакции
9
Свесни ли се дека се малолетни, може само дома да бараат нешто.
Треба да се испита кој и зошто ги гура во таква авантура со протести.
А и родителите би требало секој дома да преземат некои непопуларни мерки.:kesa:
Веќе еднаш пишав по ова прашање? Можеби во скоро време ќе има предвремени избори, а на бринекоја (опозициска) партија и треба рејтинг. А на кого се постигнуваат најдори рејтинг поени, ако не на децата, на учениците! И што мерки да превземат родителите, кога тие се немоќни? Да се разбереме, учениците сами не ги напуштаат часовите! Ние сакаме да имаме часови, ама ДИРЕКТОРОТ ни дозволува да си одиме. Дури и ни дава совети, да си одиме после 4-ти час, за да не го обработуваме денот! И ако има останато деца кои сакаат да имаат час, пак немаат зашто ПРОФЕСОРИТЕ не сакаат да ги одржат. Дури и ни даваат “совети“ да одиме пред министерството, нема што да бараме во училиштето!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom