Моето мислење се поклопува со мислењето на оние кои полагаа пробна матура, а кои истото го сторија со цел да се запознаат со концептот,начинот и процедуата на одвивање на испитот и испитните прашања. Ваквата цел на пробниот испите беше потенцирана и од бирото, и од министерството и од нашите професори.
Токму ради тоа, задоволителниот процент на положена пробна матура, како што го кажа тетката од бирото, е послеица од тоа што повеќе од повеќето матуранти полагаа пробна маура, без претходни подготовки, а најмногу заради горенаведените цели.
Ај од прва да си кажам, за да не ме кудите и пцуете после, дека сум за државна матура и како ученик кој не дозволил на тромесечие да има оценки помали од 5ка, сум иритирана од фалшираните и купените петки, па затоа државната матура повеќе од се ме радува.
Она што не ме радува, а што вие кои гледате од страна, не можете да го сфатите, е мојот револт против неорганизираноста на концептот на одвивањето и на оценувањето на оваа фамозна државна матура.
Значи, како почетно и основно ќе ја наведам неизвесноста во корелацијата на државната матура и факултетите, која еве, 3 - 4 месеци пред одвивањето на матурата, сеуште трае, а од која зависи нашата ИДНИНА. Повеќе не би сакала да се уморувам и да објаснувам,зашто го губам времето и трпението.
И грешка сте сите, кои мислите дека ние не се трудиме и не учиме, и дека сме генерација/ии на пропаста и глупавоста. Размислете како би ви било вам, кои порано сте полагале матура и слично, кога 4 месеци пред одлучувањето на она каде сакате да студирате, односно пред одлучувањето на иднината, 50 проценти од прашањата ви се неодговорени и ова се пролонгира и пролонгира.
Сепак, на нас останува да учиме, без разлика на се. Мислам дека сите тоа многу убаво го знаат, а самото тоа што на сите пробниот дел ни изгелдаше лесен, верувам дека по изведувањето на матурата, процентот ќе се движи некаде од 90 до 95%, уствари не верувам, туку сум уверена во тоа.
И протестите се залудни, посебно сега, кога веќе поплнивме молби за полагање на матурата, кога веќе има писмено потпишани документи од страна на нас самите, дека МОЛИМЕ да ни се дозволи да полагаме матура. Ај да не бидеме цинични и апсурдни во размислувањето, па некој уште погоре кажа дека веќе почнавме со зрелоста бе дечки.
И нормално е, конфузии ќе има, а последиците ќе ги сносиме ние, како и нормално. Ама секогаш е така, секоја трансформација и напредок се такви, погледнете низ историјата.