Catacombs of the Capuchins – Парлемо, Сицилија
Денес, Париз е познат по катакомбите на империјата на мртвите, каде заради болестите и пренатрупаноста на гробиштата на крајот на 18-иот век, телата биле префрлани во подземните тунели на градот. Скелетите биле наредени долж ѕидовите и означени со годината на умирање.
Но, местото Catacombs of the Capuchins го надмина дури и Париз на морничавата скала – замислете 8000 мумифицирани тела, целосно облечени и наместени во пози. Овде не станува збор за некоја средновековна традиција, последното дополнување на оваа грозна глетка беше извршено во 1920 година.
Салем – Масачутес, САД
Овој американски источен брег има маѓепсана историја, со тоа што во 1692 таму се вршело судењето за магиите во Салем. За време на судењето, 19 мажи и жени биле осудени за вештерство и однесени на ридот Gallows за да бидат обесени. Овој рид можеби е најморничавиот дел на Салем, но вистинското дрво на кое виселе обесените вештерки повеќе не постои, а големата јама каде што се фрлале мртвите тела се затворила сама од себе. Но, вашата потрага по возбуда уште може да ја задоволите во музеите Salem Witch и Witch Dungeon, како и во восочниот музеј Wax Museum of Witches and Seafarers.
Mary King's Close – Eдинбург, Шкотска
Mary King's Close е место лоцирано под градбите во стариот дел од градот и е најморничаво место во главниот град на Шкотска. Во суштина тоа е тесна улица со калдрма која што во 1645 година била запечатена во обид да се запре ширењето на епидемијата. Но, кога велиме запечатена, го мислиме тоа во буквална смисла. Се смета дека некои фамилии биле заѕидани во нивните домови и оставени да изгладнат до смрт. Оваа област повторно беше отворена, но до ден денес не се смета за локација каде луѓето би сакале да живеат. Познато е дека таму се случувале бројни морничави појави кои биле поврзувани со душите на заробените жртви.
Коскената црква – Кутна Хора, Чешка
Од надворешноста, Коскената црква не изгледа како некое спектакуларно морничаво место. На обичниот минувач таа не би изгледала поинаку од вообичаените средновековни готски цркви. Тоа што лежи под црквата е тоа што ја прави дел од оваа листа. На самиот влез може да се види дека оваа црква е уметнички декорирана со повеќе од 40000 човечки скелети. Една од најфасцинантните уметнички творби е големиот лустер направен од коски кој е сместен во средината.