6-те најморничави места во светот

M

.:makedonec:.

Гостин
Prypiat го има на играта СТАЛКЕР и на кол оф дути 4 ....
посебно на сталкер коа ја играв навистина е морничаво ...другите не ги знам:helou:
Аууууу брат на Call of Duty 4 е многу реално претставено сегде е тишина само се среќаваат на некој места терористи со кои се тепаш ....па дури ни со нив не водиш толку јаки борби за да го разнишаат мирот во околината ...само ги кинеш со снајперот што едноставно го прави тој ЕЖИВ ефект :confused:
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.172
Поени од реакции
18.231
Еве како на пример ќе ви кажам едно место .

Во близина на селото Цер имало голема битка на партизаните , целото тоа место е морничаво , редовно се наоѓаат коски а има и еден подземен тунел кајшто бил извршен голем масакар .... и кога и да се помине навечер се слушаат лелеци.
На местото кај шо е загинат Христо Узунов и неговата екипа ?
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.314
Поени од реакции
3.126
На местото кај шо е загинат Христо Узунов и неговата екипа ?
Вака сега незнам точно дали е тоа истото место али мислам дека не се работи за таа борба бидејќи мислам дека Христо Узунов и неговата чета се имаат самоубиено ..... можда грешам дека се работи за партизани ....али сигурни има нешто за тоа место ...само кога ќе се приближиш таму почнуваат да те лазат морници ( иако сум јас песимист за вакви ствари али стварно е така )
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.172
Поени од реакции
18.231
Вака сега незнам точно дали е тоа истото место али мислам дека не се работи за таа борба бидејќи мислам дека Христо Узунов и неговата чета се имаат самоубиено ..... можда грешам дека се работи за партизани ....али сигурни има нешто за тоа место ...само кога ќе се приближиш таму почнуваат да те лазат морници ( иако сум јас песимист за вакви ствари али стварно е така )
Христо Узунов се самоубил ,точно.Ама тој се борел против турската војска.Е сега можда и си во право да се партизани ,ништо чудно и во 2 СВ да имало некоја борба таму.Ќе ме натераш да одам:eek:
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.314
Поени од реакции
3.126
Христо Узунов се самоубил ,точно.Ама тој се борел против турската војска.Е сега можда и си во право да се партизани ,ништо чудно и во 2 СВ да имало некоја борба таму.Ќе ме натераш да одам:eek:
Па не е лошо да отидеш во тој регион ( радиус 15-20 км) има многу легенди и изгубени манастири горе во планините кој никој не ги промовира...... овие простори се буквално антички и ти викам ако имаш добри луѓе за информации можеш да напрајш опасна тура.

EDIT: Исто така од тој регион поминувал патот Via Ignatia и исто поминувале турски поворки што носеле злато .... и доаѓаат многу копачи на злато таму да бараат...мнооооооогу ствари за истражување има оваа наша мала античка земја ...само треба да ги најдеш правилните луѓе со правите информации.

Позз
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Еве уште неколку:

Приказна: Изграден на еден карпест врв, целта на градот Крако била да биде тешко освоив. Сепак, поставувањето на градот на карпа, почнало да претставува опасност за неговиот интегритет. По неколку земјотреси и лизгања на земјиштето, Крако бил напуштен, а луѓето се симнале на пониско земјиште. Денеска градот е одличен за истражување, а во него можат да се најдат голем број интересни цркви, како што е „Санта Моника дела Стела“.

Приказна: За време на индустриската револуција во Јапонија, компанијата „Мицубиши“ го изгради овој далечен остров, околу едно големо наоѓалиште на јаглен. Островот станал дом на 5.000 жители, кои биле помеѓу првите, кои во Јапонија живееле во згради направени од бетон. Скоро еден век, рударите со своите семејства живееле на островот. Сепак, во 60-тите и 70-тите години од минатиот век, во Јапонија почнале да се затвораат сите рудници за јаглен, па така се случило и со овој. Денеска во градот владее една пост-апокалиптична атмосфера, со празни улици и трошни згради и една морничава индустриска тишина. Од 2009 година, островот е отворен за туристи, и сите можат да ги посетат напуштените театри, кина, продавници, згради и другите објекти на него.

Приказна: За време на Втората светска војна, нацистичките трупи дошле во градот и целосно го уништиле, притоа убивајќи 642 луѓе. Запалените автомобили и живеалишта останале замрзнати во времето за да посведочат за монструозноста на војната и за спомен на луѓето кои го изгубиле својот живот. Овој масакр е еден од најтешките моменти во човештвото. Сите посетители на местото се замолуваат да останат тивки додека шетаат по меланхоличните улици.

Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Па не е лошо да отидеш во тој регион ( радиус 15-20 км) има многу легенди и изгубени манастири горе во планините кој никој не ги промовира...... овие простори се буквално антички и ти викам ако имаш добри луѓе за информации можеш да напрајш опасна тура.

EDIT: Исто така од тој регион поминувал патот Via Ignatia и исто поминувале турски поворки што носеле злато .... и доаѓаат многу копачи на злато таму да бараат...мнооооооогу ствари за истражување има оваа наша мала античка земја ...само треба да ги најдеш правилните луѓе со правите информации.

Позз
Кај е точно тоа место околу Цер? Кај е тунелот? Каде се изгубените манастири?
Од каде информацииве?
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.314
Поени од реакции
3.126
Кај е точно тоа место околу Цер? Кај е тунелот? Каде се изгубените манастири?
Од каде информацииве?
Вака сега , јас имам потекло од едно село од тој регион и јас лично ги имам видено манастирите кога правев тура по планинскиот регион таму. А за местото околу Цер со зборови вака нема шанса да објаснам бидејќи тој регион не го знам многу многу ... знам само да се снајдам кога ќе бидам таму.

Исто така последен пат кога правев тура таму ни излезе Рис...а колку што знам таму нема рисови како што е заведено кај нас хах
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Вака сега , јас имам потекло од едно село од тој регион и јас лично ги имам видено манастирите кога правев тура по планинскиот регион таму. А за местото околу Цер со зборови вака нема шанса да објаснам бидејќи тој регион не го знам многу многу ... знам само да се снајдам кога ќе бидам таму.

Исто така последен пат кога правев тура таму ни излезе Рис...а колку што знам таму нема рисови како што е заведено кај нас хах
Кое село?
Каде се отприлика манастирите, кај можам да ги најдам?

Рисови има во кичевскиот регион не знам што ти е чудно?
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.314
Поени од реакции
3.126
Кое село?
Каде се отприлика манастирите, кај можам да ги најдам?

Рисови има во кичевскиот регион не знам што ти е чудно?
Чудно ми беше бидејќи луѓе ми тврдеа дека нема рисови во тој регион пред да тргнам , исто така турата се трга во еден простор меѓу селата Видрани и Брждани и се оди све до Турје по планински терен , манастирите нема шанса да ти објаснам каде се бидејќи и со луѓе од тој крај ни беше тешко да ги најдеме. Исто така приметив дека врие траги од диви копачи на злато таму. Бидејќи кружи легенда дека еден од најбогатите Турци на времето пребегнувал од тој крај но го фатиле во заседа и целото негово богатсво е таму некаде закопано.
 
Знам за кој правец станува збор. Ќе се распрашам што како па здравје на пролет ќе направам една прошетка. А за златото низ цел кичевски регион има диви копачи, ама еден од нив дали се усреќил :)
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Poveglia, Венеција

Повелја е мал остров во Венеција кој што бил дом на жртвите од чума во средниот век. За истата намена служел и во римско време. Историјата на овој остров е исклучиво поврзан со смртта. Покрај тоа што служел како место за болните од чума, бил во употреба и како колонија на лепрозни во текот на многу години. И кога веќе ќе си помислите дека не може полошо од тоа, во 1922 на островот била изградена лудница, Еден од докторите кои што работеле таму бил нападнат од луди пациенти кои што го фрлиле од врвот на некоја од зградите. Рушевините од болницата останале до ден денешен. Низ историјата на овој мал остров умреле 160 000 луѓе. Се вели дека цел еден слој на островот се состои од остатоци од човечки тела, и дека рибарите го избегнуват островот затоа што би можеле од водите да извлечат делови од тела. За да го посетите тоа место, ќе треба да се спријателите со некој од локалните жители кои што таму имаат виногради, затоа што јавниот пристап е строго забранет.

Замокот Машкул (Château de Machecoul), Франција

Овој замок бил дом на Жил де Ре (1404 – 1410), бретонски витез, соборец на Јованка Орлеанка, како и маршал на Франција, но најпознат е како сериски убиец на деца. Во 1434-35, тој се повлекол од воениот живот, и се впуштил во некаков окултизам, потрошувајќи го своето богатство во поставувањето на некаков екстравагантен театарски спектакл. Некаде пролетта во 1432 се појавил првиот случај на убиство на дете, и потоа следувале слични злосторства. Бројот на жртвите се искачил на стотици. Откако ги силувал момчињата кои претходно ги грабнувал, им ги пресекувал грлата и мастурбирал врз нивната крв и внатрешни органи. Следува запис од неговото судење:
"...Кога децата ќе умреле, тој ги бакнуваше и тие кои што имаа најубави екстремитети и глави ги држеше во рацете восхитувајќи им се, и потоа сурово ќе ги распареше нивните тела, насладувајќи се на глетката на внатрешните органи. И многу често кога децата умираа тој седнуваше на нивниот стомак и уживаше гледајќи ги како умираат, смеејќи се..“

Бил погубен со бесење во Нант на 26 октомври 1440 година. Жил де Ре е инспирација и за приказната за Синобрадиот. Сите овие злосторства се случувале во внатрешноста на овој замок. Жртвите биле соѕидувани во ѕидовите, фрлани во оџаците, и погребувани околу местото.
 
zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Дали некој чул за катакомбите (рудниците за минерали) под Париз??? Лавиринт од 400 миљи, некои тунели се наоѓаат на длабочина од 110 метри под улиците на Париз. Илјадници човечки коски и черепи. Многу луѓе во денешно време имаат исчезнато таму и никогаш не се пронајдени. Дури има и едно видео кое е пронајдено сосема случајно заедно со камерата во еден од тунелите. Дечкото кој снимал од нешто бега ама не се гледа на снимката што е. Како и да е, језиво е :eek:

http://www.youtube.com/watch?v=_7w34KUCvm0
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847

Немаше и филм ваков за Катакомби?
 
zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Немаше и филм ваков за Катакомби?
Не знам за филм дали има ама има интересни видеа на You tube, a и сум начекал нешто и на Discovery. Инаку властите ги имаат запечатено сите влезови во тунелите и стого е забрането со закон да се влегува таму заради безбедност. Е сега има и алтернативни влезови кои ретко кој ги знае и така влегуваат "истражувачите". Викаат дека ако влезеш во деловите кои не се обележани на мапите нема шанси да се вратиш назад. Е сега дали е урбана легенда или гласини но понекогаш се слушале чудни (недефинирани) звуци од доле.:eek::eek::eek:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom