50 евра за плукање на улица!

Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
убаво е тоа што го одлучиле али малце нека си го стават прстот на глава и нека размислат дека ние не сме америка или австралија за такви закони и нека се позанимаваат со други работи како на пример покачување на платите покрај и покачувањето на цените на производите.Утре не ме чуди ако се донесе нов закон-100 евра казна ако не му речиш на комшијата добарден.И можи да те тужи ако сака...пфффф!! нека не воведуваат безвезни закони и бескорисни на државата кога се ќе биде средено е тогаш може и да воведат закон -7 месеци затвор за тој шо не е среќен...:bip:
Ниеден закон не е безвезен... и мора веќе од некаде да се почни. Само така ќе се научи народов на ред, а не кој како му чини така да си прави.
 
Robbie

Hope Never Dies
Член од
8 август 2008
Мислења
110
Поени од реакции
1
Ниеден закон не е безвезен... и мора веќе од некаде да се почни. Само така ќе се научи народов на ред, а не кој како му чини така да си прави.
Тоа е јасно дека мора од некаде да се почни, но прашањето е од каде се почнува??
 
Член од
6 август 2008
Мислења
646
Поени од реакции
17
Најновиот закон што го слушнав денес.
Па не знам дали ние толку отидовме напред ги завршивме сите работи со државата па стасавме до таму ако некој плукне да плати 50 евра. Мислам дека никој не е против овој закон под услов да зимаме поголеми примања од ови што сега се мачиме да сврзиме крај со крај, треба многу многу работи да ги средиме па потоа да донесуваме европски закони.
Слушнав и јас за тој закон, и би ми било особено драго доколу навистина почне да се применува. Незнам за кои работи прашуваш дали сме ги завршиле со државата, но секогаш во секоја држава постојат работи кои сеуште не се решени, бидејќи ниту една држава не е Утопија. Претпоставувам мислиш на приближување кон некакви Европски стандарди, од кои се сложувам, за жал сме сеуште далеку.
Но тоа не значи дека треба да исполнуваме некакви стандарди за да поседуваме манири и да не плукаме по улици, се сложуваш ? А што се однесува до казната, сметам дека е во ред таа да биде висока. Кога би била пристапна, тогаш не би била вистинска казна, затоа што за никој не би претставувала проблем. Верувај, казните се високи и за европските жители. Ако земаш плата 15.000 круни, или грубо земено 1500 евра, од кои после данок и сите потребни трошоци, не ти остануваат повеќе од неколку илјадарки за тебе, биди сигурен дека ќе се помислиш неколку пати дали ќе ризикуваш да возиш побрзо и да бидеш казнет 1500 круни за тоа, или ќе возиш според прописите и ќе ги искористиш парите за тебе. Изборот е твој...
 
Епа брат ако зимаш тука плата 150 евра ,размисли што се можеш да платиш ,струја,парно ,вода,телефон,кабелска,интернет итн...Изборот е твој...
 
Попај

Буржоазија
Член од
10 јуни 2006
Мислења
699
Поени од реакции
9
Епа брат ако зимаш тука плата 150 евра ,размисли што се можеш да платиш ,струја,парно ,вода,телефон,кабелска,интернет итн...Изборот е твој...
И замисли,ама шо да замислаш,тва неможе да се замисле,плукнеш трипати и ти отиде платата:)
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.636
Поени од реакции
11.263
Јас денеска плукнав над 50 пати.. се надевам нема да зимат ДНК ако видат утре :pos:
 
Феномен

Џомба
Член од
21 август 2008
Мислења
4.837
Поени од реакции
111
Супер закон е ова само не ми се верува да се извршува правилно:toe:
Треба да има на секој ќош полицајци или некој у цивилки па да се прават пари:kesa:
 
STARTER

Firestarter
Член од
31 август 2007
Мислења
935
Поени од реакции
246
Па и треба да се казнува, најсељачка ствар ми е тоа плукање ма улица
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Скопјани прашуваат: Каде да мочаме? [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Постојните јавни тоалети што се наоѓаат во Центар повеќе години се запуштени и затрупани со ѓубре, бидејќи на општинарите им требаат три години за да одлучат дали ќе ги преземат од Градот и ќе ги уредат или ќе г[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Мочање на јавна површина, со новиот закон за јавна чистота за кој Собранието ќе одлучува следната недела, ќе се казнува со 50 евра, но во цело Скопје речиси и нема јавен тоалет што функционира. Постојните јавни тоалети, што се наоѓаат на територијата на Општина Центар, повеќе години се запуштени и затрупани со ѓубре. Луѓето во нив не влегуваат, бидејќи од смрдеа и ѓубре се плашат дека ќе навлечат некоја зараза. Најлош пример е тоалетот под мостот Гоце Делчев, каде смрдеата се чувствува уште од далеку, а околу влезот е расфрлано најразлично ѓубре. Слична е состојбата и со тоалетот до Градски sид кој се наоѓа веднаш до старото Пасошко одделение на МВР, а запуштени се и тоалетите во Градски парк.
Ригорозните казни што ги предлага Владата за подигање на јавната чистота, скопјани ги сметаат за оправдани, но прашуваат како ќе ги казнуваат за вршење физиолошки потреби на јавно место, кога во Скопје нема јавен тоалет.
"Казните се во ред. Секој што ќе загадува или фрла ѓубре треба да се казни. Но не може да казнуваат за мочање ако нема јавни тоалети. Нека кажат каде да мочаме, а потоа нека казнуваат", коментираат скопјани.
Градските власти велат дека за уредување на постојните јавни тоалети и за изградба на нови со децентрализацијата надлежноста поминала на скопските општини. Од Општина Центар три години по ред кажуваат дека постојните јавните тоалети не можат да ги уредат, бидејќи не е направено примопредавање со Градот. Владо Петровски, раководител на правниот сектор во Општина Центар, вели дека за да ги преземат јавните тоалети од Градот одлука треба да донесе Советот на Општина Центар.
"Советот треба да се изјасни дали ќе ги преземеме постојните тоалети и ќе ги уредиме, или ќе се градат нови и тоа да влезе во програмата за работа на Општината", вели Петровски.
Тој не одговори зошто чекаат три години за да го решат ова прашање, но додаде дека до крајот на оваа или во почетокот на следната година ќе достават ваков предлог до Советот на Општината.
Од останатите скопски општини јавен тоалет лани изгради само Општина Ѓорче Петров при реконструкцијата на паркот, а останатите допрва ќе бараат решение.
"За да изградиме јавни тоалети треба да се сменат деталните урбанистички планови, бидејќи немаме маркичка за тоалети. Со Министерството за транспорт и врски следната недела ќе бараме решение дали може јавните тоалети да се направат како времени објекти, за да се избегне долгата и скапа процедура за менување на деталните планови", вели градоначалникот на Кисела Вода Џорџе Арсов.
Од Општина Карпош велат дека годинава не можат да изградат ниту еден тоалет, бидејќи за тоа во буџетот за оваа година не предвиделе средства. Тоа, рекоа, останува да се реализира следната година.
[/FONT]
 
Член од
2 август 2008
Мислења
743
Поени од реакции
460
Ниеден закон не е безвезен... и мора веќе од некаде да се почни. Само така ќе се научи народов на ред, а не кој како му чини така да си прави.
Реков,убаво е тоа што го одлучиле.И да,мора од некаде да се почне.Но наместо од назад да почнеме од напред на пример Казна од 50 евра за секој на кој што местото пред дворот не му е исчистено секој ден до 9 часот насабајле.И да се погрижат малце повеќе за хигиената на јавните места па тогаш и да сакаш нема да плукнеш.
Или на полицијата и владата им треба пари.Шо си мислиш дека го изгласале законот зато што им текнало дека треба да бидиме малце похигиенски?Џаба ти е да си мислиш дека на некој му дошол умот и се заангажирал.Да лапнат тро појќе паричка од кај шо се можи а не дека во целост ќе го применуваат.
Али сепак не можам да негирам дека си во право-Законот е корисен али не е ни место ни време.Добро е што почнале али од опашката почнале или не сум во право дека почнале од опашката ?Да не ги повторувам тие пред мене-прво нека го исчистат ѓубрето малце оти јас сигурно дека нема да сакам да ркам мрсули во чисто место.А шо кога ќе живеам во држава-депонија исто ми се фаќа кај ќе плукнам.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
СМРДЕА НА КОЊСКИ ИЗМЕТ И ДЕТСКИ ЏАГОР ПОД ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА
Шаторска черга во строгиот Центар
Запрежни коли и коњи, распослани шатори и импровизирани картонски колиби, огромни вреќи полни со пластични шишиња, хартија, стари предмети. Ова е првата слика на македонската метропола која секој случаен или намерен патник ја гледа при симнувањето од железничките перони

Запрежни коли и коњи, распослани шатори и импровизирани картонски колиби, огромни вреќи полни со пластични шишиња, хартија, стари предмети. Среде смрдеата на коњски измет и урина, детски џагор. Иако сето тоа можеби и не оди заедно, сепак, ова е првата слика на македонската метропола која секој случаен или намерен патник ја гледа при симнувањето од железничките перони. Под столбовите на Железничката станица, на работ на сиромаштијата уште од пролетоска живеат неколку семејства. Под ведро небо, со татнежот на локомотивите. Велат, животот не им е лесен, но го живеат чесно.
- Што сте дошле да не сликате? Сакате да не избркате?А што ви сметаме, ние никому лошо не правиме, по цел ден од контејнер до контејнер собирам шишиња, весници, картони. За парче леб, да ги прехранам овие гладни усти. Еве уште малку ќе бидеме овде, додека не залади, па за зимава којзнае. Чергата патува - низ заби ни прозборе Јонуз, додека ги балираше пластичните шишиња. Неговите пет деца не одат на училиште, но му помагаат во работата. Слична судбина со семејството на Јонуз делат уште десетици семејства кои се населени во строгиот центар на градот. Во дворот на Домот на АРМ, на Плоштадот, на Кејот, во печатницата Гоце Делчев...
- Ова е реалноста, грдата, сиромашна слика на Скопје. Со вакви навики никогаш нема да живееме во метропола. Срамота е за сите нас - рече еден минувач. Надлежните институции се согласни дека овој проблем мора да се реши, но, досега не понудија вистинско и трајно решение. Се надеваат дека тоа ќе се надмине со предвидените пакет социјални мерки, но и со новиот Закон за комунален ред бидејќи според актуелната законска регулатива никој нема одврзани раце да воведе ред, ниту да казнува, а надлежностите се поделени меѓу локалната власт, полицијата, инспекторатот за животна средина, Центарот за социјални работи, Комуналец. Нацрт- законот предвидува ригорозни санкции и глоба на лице место во висина од 50 до 4.000 евра во зависност од прекршокот.
 
Тоа е сликата што не ја сакаме....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom