- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Ја отварам темата за да се подсетиме на претседателот Трајковски, човек кој дефинитивно ќе остане светла точка во Македонската историја...
Почнувајки од денес 5 дена по ред ќе бидат одржувани различити манифестации симболизирајки ги 5-те години од неговата смрт...
Слава му , нека почива во мир, МАКЕДОНИЈА никогаш нема да го заборави...
Инаку вчера МВР излезе со извештај дека истрагата за несреќата повторно ќе биде отворена...
МВР на нова трага за загинувањето на Трајковски
МВР дополнително анализира податоци и документи врз кои може да се отвори нова истрага за авионската несреќа во која загина македонскиот претседател Борис Трајковски, изјави вчера Гордана Јанкуловска, министерка за внатрешни работи.Таа рече дека случајот со авионската несреќа крај Мостар, БиХ, во која пред пет години загинаа Трајковски и осум други сопатници, за МВР не е затворен.
- Ние сме фокусирани на еден аспект, кој првично не бил доволно разгледан и анализиран. Тоа е аспектот што ги опфаќа анализите на воздухопловните експерти. Ако се потврдат одредени сомневања, претпоставуваме дека тоа ќе биде добра основа за отворање нова истрага. Тоа може да биде основа врз која обвинителот ќе може да одлучи дали може да се отвори нова истрага - истакна таа.
Истрагата што ја водеа надлежните македонски и босански органи покажа дека причина за уривањето се пропусти на екипажот направени во процедурата за приоѓање на аеродромот Мостар. Пропустите биле во тоа што екипажот отстапил од процедурата за слетување, откако претходно ја известил контролата на летање дека ја прифаќа процедурата и дека врши полна процедура при слетувањето.
Извор : Дневник