5 Години од смрта на претседателот Трајковски, причините за несреќата мистерија!

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Ја отварам темата за да се подсетиме на претседателот Трајковски, човек кој дефинитивно ќе остане светла точка во Македонската историја...
Почнувајки од денес 5 дена по ред ќе бидат одржувани различити манифестации симболизирајки ги 5-те години од неговата смрт...

Слава му , нека почива во мир, МАКЕДОНИЈА никогаш нема да го заборави...


Инаку вчера МВР излезе со извештај дека истрагата за несреќата повторно ќе биде отворена...



МВР на нова трага за загинувањето на Трајковски
МВР дополнително анализира податоци и документи врз кои може да се отвори нова истрага за авионската несреќа во која загина македонскиот претседател Борис Трајковски, изјави вчера Гордана Јанкуловска, министерка за внатрешни работи.Таа рече дека случајот со авионската несреќа крај Мостар, БиХ, во која пред пет години загинаа Трајковски и осум други сопатници, за МВР не е затворен.

- Ние сме фокусирани на еден аспект, кој првично не бил доволно разгледан и анализиран. Тоа е аспектот што ги опфаќа анализите на воздухопловните експерти. Ако се потврдат одредени сомневања, претпоставуваме дека тоа ќе биде добра основа за отворање нова истрага. Тоа може да биде основа врз која обвинителот ќе може да одлучи дали може да се отвори нова истрага - истакна таа.

Истрагата што ја водеа надлежните македонски и босански органи покажа дека причина за уривањето се пропусти на екипажот направени во процедурата за приоѓање на аеродромот Мостар. Пропустите биле во тоа што екипажот отстапил од процедурата за слетување, откако претходно ја известил контролата на летање дека ја прифаќа процедурата и дека врши полна процедура при слетувањето.



Извор : Дневник
 
Koja svetla tocka i tocka zboruvas? NAJGOLEMIOT predavnik od nezavisnosta na vamu ne izdade skroz vo 2001 i pogotovo vo Aracinovo i se vadeshe po tv.
Imashe najnizok rejting od site pred umiranjeto. Lugjeto go pamtat zaradi kako nacinot sto umre a ne sto napravi.
 
СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД ПЕТГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БОРИС ТРАЈКОВСКИ
Со свечена академија на која се обрати претседателот на Македонската академија на науките и уметностите академик Георги Старделов вечерва во Скопје беше одбележана петгодишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски.
030DEEB18071B94A8D85D7D73B4887D2.jpg

Академикот Старделов во својот говор истакна дека ова е момент да се провери дали првобитните наши импресии за Борис Трајковски како државник останале непроменети. Во не многу долгиот период на дејствување, негов краен придонес е определбата за мир и соживот и признавањето на Македонија по нејзиното уставно име.

- Борис Трајковски беше човек со своја визија за Република Македонија и имајќи ги предвид познатите македонски и балкански расправии и кавги, Трајковски како мироносник и проповедник сметаше дека во денешна Македонија и на Балканот мора да дојде до еден радикален пресврт со кој големата недоверба меѓу луѓето и народите, што се наталожила во нивното историско постоење, ќе се напушти и замени со меѓусебна почит и разбирање, а омразта со пријателство и соживот, истакна Старделов.

За жал, рече тој, Борис Трајковски замина а неговата дијагноза за македонските и за балканските работи како да е дадена токму денес. - Ние, зборуваше тој, живееме денес во атмосфера на гнев и на меѓусебни заеднички обвинувања. Време е таа атмосфера да ја замениме со меѓусебно разбирање и меѓусебна почит зашто само така ќе ги надминеме познатите наши балкански омрази и етнички нетрпеливости, потенцираше Старделов повторувајќи ги зборовите на претседателот.

Прашањето што денеска го опседнува Старделов, како што рече, е врз што се базираше неговата харизма. - Тој пред се беше човек чија главна амбиција се состоеше во тоа да биде и да остане човек. Власта се базира врз пишаните закони, а човештината и врз оние непишаните. Борис Трајковски беше еден од оние ретки политичари кој не дозволи онаа рамка на владеење да го стесни неговиот човечки формат, рече академикот. Трајковски, според него, можеби ја прифати власта за да му помогне на својот народ.

Во Македонската опера и балет, каде што се одржува свеченоста, беше промовиран и документарниот филм „Претседателот“ на авторите Снежана Клинчарова и Горан Тренчовски. Филмот е снимен во продукција на Меѓународната фондација „Борис Трајковски“ и МТВ.

На свеченоста присуствуваа претседателот на Владата Никола Груевски, претседателот на Собранието Трајко Вељановски, министри, пратеници, лица од јавниот живот во Македонија и странски гости, негови пријатели и политичари.

Владиниот „Кингер“ со кој претседателот Трајковски патуваше на Меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговина, на 26 февруари 2004 година се урна во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи во близина на Мостар. Авионот требаше да слета на мостарскиот аеродром во осум часот по локално време. Остатоците беа пронајдени 24 часа по паѓањето на авионот.

Во несреќата, покрај Трајковски животот го загубија Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска од Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерство за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски членови на обезбедувањето и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.

Бројни делегации утре ќе положат цвеќе на веченото почивалиште на претседателот Трајковски во Алејата на великаните на градските гробишта во Скопје. Државна делегација, пак, предводена од потпретседателот на Собранието на Република Македонија Рафиз Алити во која ќе бидат и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, претставници на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски и членови на семејството на починатиот претседател Трајковски, ќе го посети споменикот подигнат на местото на несреќата во близина на Мостар.

Собранието на Република Македонија во чест и сеќавање на Борис Трајковски утре ќе одржи свечена седница на која ќе се обрати претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски. Во рамки на одбележувањето за утре се предвидени и Меѓународен форум на тема „Нашите заеднички вредности“ и Вечера на молитва и заедништво. Задутре ќе биде организиран Меѓународен младински лидерски форум на тема „Нашите заеднички вредности“.

Петгодишнината од трагичното загинување на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски со повеќе активности ќе биде одбележана и во неговата родна Струмица.


Извор:СИТЕЛ
 
In his speech, President Trajkovski accepted responsibility for the government's role in the cease-fire deal, saying it was a necessary compromise to remove an immediate threat from Skopje, to restart negotiations to grant greater political rights to Albanians and to head off a full-scale war.
''Was it a mistake to clear Aracinovo of terrorists?'' he asked. ''If it is, then I will take the responsibility. I will accept this guilt.''

http://query.nytimes.com/gst/fullpa...rence/Times Topics/People/T/Trajkovski, Boris

Ke go pamtam kako najgolemiot predavnik sto ja predade Makedonija vo najteskiot moment.
 
http://query.nytimes.com/gst/fullpa...rence/Times Topics/People/T/Trajkovski, Boris

Ke go pamtam kako najgolemiot predavnik sto ja predade Makedonija vo najteskiot moment.

Jaс ќе го паметам како голем човек и еден од најдобрите амбасадори на земјава во светот. Непосреден и добар, одмерен и неарогантен. Ченто на модерна Македонија.

Почивајте во мир Претседателе, вашиот лик и дело се вистински пример за тоа како еден претседател треба да делува. Оставивте "кондури" во кои и далеку поискусни политичари лошо се снајдоа.

Незнам дали некој од вас го погледна документарниот филм за претседателот Трајковски кој деновиве беше промовиран...јас го гледав на Алфа пред некој ден, а после тоа имаше и емисија посветена на загинатиот претседател... Вакви фаци ко ТМРО не очекувам да сфатат ама баш ништо од тоа, ама другите, потрудете се и побарајте го филмот - нема да зажалите.

5 години подоцна,
сеуште тажен ден за Македонија.

Да го паметиме, да не го заборавиме. Ја сакаше земјава многу.
Слава му.
 
Jaс ќе го паметам како голем човек и еден од најдобрите амбасадори на земјава во светот. Непосреден и добар, одмерен и неарогантен. Ченто на модерна Македонија.

Почивајте во мир Претседателе, вашиот лик и дело се вистински пример за тоа како еден претседател треба да делува. Оставивте "кондури" во кои и далеку поискусни политичари лошо се снајдоа.

Незнам дали некој од вас го погледна документарниот филм за претседателот Трајковски кој деновиве беше промовиран...јас го гледав на Алфа пред некој ден, а после тоа имаше и емисија посветена на загинатиот претседател... Вакви фаци ко ТМРО не очекувам да сфатат ама баш ништо од тоа, ама другите, потрудете се и побарајте го филмот - нема да зажалите.

5 години подоцна,
сеуште тажен ден за Македонија.

Да го паметиме, да не го заборавиме. Ја сакаше земјава многу.
Слава му.
Sram e da go kazish imeto cento zaedno so Trajkovski da ne go valkame imeto na Cento.
 
Големината на Трајковски излезе на виделина по неговата смрт


Коментари (0)
prazno.gif
prazno.gif
26.02.2009 17:33
vaska-leontic.jpg
Васка Леониќ: Трајковски секогаш се грижеше за другите
Искрен, упорен, посветен на идеологијата, секогаш расположен и многу скромен - вака го паметат Борис Трајковски неговите соработници пет години по неговата трагична смрт.
„Секогаш се грижеше за другите, ако патуваме или се правеше фото сесија сите да добијат оброк, да бидат згрижени со превоз, на секој детаљ мислеше, што ќе се рече дека не треба еден претседател да размислува“, изјави Васка Леонтиќ.
Истражувајќи за својот документарен филм за претседателот, режисерот Јани Бојаџи открил многу интересни приказни поврзани со животот на Трајковски.
Една од тие анегдоти што ги раскажа за А1, е кога Трајковски го посетил својот кум едно саботно утро во неговата трафика во центарот на градот Струмица.
„Изненадувањето на обичните граѓани кога ќе се наведнат за да купат цигари или весник, од другата страна да го видат претседателот како љубезно им продава. Тоа се приказните околу Борис Трајковски, крајно едноставно, крајно човечки“, изјави Бојаџи.
borjan-jovanovski2.jpg
Борјан Јовановски: Треба да се оддржи и развива вредноста со која не задолжи претседателот Трајковс
Неговата упорност и посветеност на идеологијата Македонија да биде дел од европското семејство, ослободен од суетата, го прави Трајковски голем човек, вели некогашниот портпарол на Трајковски, Борјан Јовановски.
„Во таа смисла ми е многу жал што не постои ниту владина, ниту невладина институција или организација, која сериозно ќе се занимава со тоа како да се одржи вредноста со која не задолжи претседателот и уште повеќе, таа да се развива“, изјави Јовановски.
Стереотипите и предрасудите не попречуваат да ги препознаеме вистинските вредностите што најдобро се покажа во случајот на Трајковски, чија големина во очите на сите граѓани на Македонија излезе на виделина по неговата трагична смрт.


А1
 
Jaс ќе го паметам како голем човек и еден од најдобрите амбасадори на земјава во светот. Непосреден и добар, одмерен и неарогантен. Ченто на модерна Македонија.

Почивајте во мир Претседателе, вашиот лик и дело се вистински пример за тоа како еден претседател треба да делува. Оставивте "кондури" во кои и далеку поискусни политичари лошо се снајдоа.

Незнам дали некој од вас го погледна документарниот филм за претседателот Трајковски кој деновиве беше промовиран...јас го гледав на Алфа пред некој ден, а после тоа имаше и емисија посветена на загинатиот претседател... Вакви фаци ко ТМРО не очекувам да сфатат ама баш ништо од тоа, ама другите, потрудете се и побарајте го филмот - нема да зажалите.

5 години подоцна,
сеуште тажен ден за Македонија.

Да го паметиме, да не го заборавиме. Ја сакаше земјава многу.
Слава му.

Се согласувам и би додала само вистински патриот каде и да одеше со кого и да се сретнеше не се фалеше не мафташе со слики туку работеше за доброто на сите нас
ГОЛЕМ ЧОВЕКУ И СИТЕ КОИ ЗАГИНАА ВО МОСТАР ПОЧИВАЈТЕ ВО МИР
 
Слава му нему и на сите кои загинаа, Трајковски беше ЧОВЕК за кој сите беа еднакви и исти, барем во тоа сум потполно и лично уверен, од него зрачеше харизма која ретко ја гледаме кај други.

Се надевам дека ќе се расветлат причините за неговата смрт, а виновниците на плоштад.
 
Нека почива во мир, голем човек беше, голем ќе остане во и во сеќавањата
дали ќе се расветлат причините за несреќата не знам, но тоа нема да го врати :(
СЛАВА МУ
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom