5 причини зашто да купите Караван кола! И најубави модели до 4000 евра

Дискусија во форумот 'Автомобилизам и мотоциклизам' започната од Albertos, 12 март 2019.

  1. Albertos

    Albertos

    Член од:
    29 септември 2015
    Мислења:
    75
    Допаѓања:
    90
    Инспирацијата ја добив од еден грчки форум, каде има многу вакви интересни теми од типот
    5 причини зашто нешто е подобро од друго нешто, 5 причини зашто не аутоматик итн.

    Тоа е така направено на грчкиот форум, што креаторот на темата е и модератор на истата, па може да ги исфрли непотребните мислења со цел да останат само интересните мислења и да се развие здрава тема која ќе биде читана.

    Вооглавно насловите на темите се вакви и најчесто со 5ка поточно 5 причини зашто, и кога почнуваат да се читаат навистина го привлекуваат вниманието, и го става во мисла читатетлот како не обврнал внимание до сега на тоа. Понатаму се води здрава дискусија и прилично интересна, па ве тера да ги читате буквално сите мислења.

    По пример на грциве. Да им биде интересно на идни читатели, да ги пратат темите и да ги заинтересира да го читаат секое мислење во неа, па дури и оние на кои не им е воопшто важно. На пример ако се збори за автомобил како во случајов тоа да ги заинтересира и женскиот пол.

    Пред да почнам со темава би сакал да ги замолам одговорните на Кајгана, ако се во можност да ми дадат да бидам модератор на темава, и да пробам да направам една интересна тема во која непотребните мислења, и препукување меѓу членови ќе бидат бришани и би останале само оние кои се интересни во интерес на темата.
    Ако има интерес и видам дека темата е интересна, во иднина би отворил и неколку други теми од типот "5 причини зашто"

    За почеток ќе ја отворам темата 5 причини зашто да купите Караван кола пред Седан, Хечбек итн! И бидејќи на нашиов пазар се најбарани колите од 3000 до 5000 евра решив да го дополнам насловот. За најубави модели.
    Епа почнуваме:vozbud::motorce:

    5 причини зашто да купите Караван кола, и најубави модели до 4000 евра

    1. Причина/
    Долго време кај нас имаше една одбивност кон караваните. Ги сметаа за коли за утовар и како еден вид приколки. Така и навистина беше. Не така одамна, пред околу 20 години на нашиве улици најприсутни беа Лада Самара, кои ги возеа луѓе кои носеа леб и земјоделски продукти. Згора на се беа премногу грди ( не дека седанот беше убав, ама во тој период такви коли имаше)

    Како изгледаше лада во 90тите :)
    [​IMG]

    Денес работите во автоиндустријата се многу сменети и многу автомобилски фирми караваните не ги гледаат веќе како товарни возила, туку се трудат подеднакво да направат убави дизајни со цел да им се допаднат на купувачите.

    Причина плус за денес да се купи караван, е што има модели што навистина изгледаат супер и многу кул , па дури во неколку случаи и подобро од обичната седан верзија. Каравани возат и голем број на светски филмски sвезди, спортисти, пејачи и уште многу џет-сет фаци. Мислењето дека караваните се приколки одамна веќе неважи.



    2 причина број 2
    Во минатото се држеше тезата дека караваните трошат многу повеќе од стандарт верзиите на еден модел. И донекаде имаше вистина.

    Денес знаеме дека Еден автомобил троши подеднакво исто без разлика на неговата форма. На пример ауди а4 караван и седан троши исто или разликата е незначителна.

    Зашто да се купи караван? Денес регистрација е изедначена и иста во сите модели, доколку го поседуваат истиот мотор. А предностите на караванот се многу поголеми. Комфор, простор за складирање итн.


    3.Причина
    Германија како водечка економска сила во Европа масовно купува каравани !!

    Да чудно, но вистинито. Се зачудив кога бев неодамна во Минхен дека германциве масовно возат Каравани. Истражив малку на нет и сфатив дека во последните 20 години побарувачката на каравани кај моделот Ауди а4 споредбено со седан возилата расте.
    Ауди секоја година има раст на продажба во просек 4% повеќе караван коли од секоја претходна.
    Или на кратко објаснето. Германците купуваат двојно повеќе караван отколку седан коли од моделот ауди а4. Ништо не е поразлично и кај другите модели на марката.

    Во списанието аутобил 63% од испитаниците одговориле дека попрво би земале кола со поголем простор, и дека тоа е прво што го забележуваат.
    Дури 67% од испитанице одговориле дека при купување на ново возило од марката на Ауди попрво би одбрале караван пред Седан.

    Јасно е дека германците се понапред 100 години од нас, и добро е кога ќе прифатиме нешто од нив. Мoжеби за менталитетот и културата ќе ни треба време, но кола со поголем простор а притоа и убав дизајн простор можеме и денес да ја купиме.
    Ете причина зашто да се купи Караван.

    4. Причина :) број 4


    Возило караван или друго возило со поголем простор е инвестиција на долг рок?
    Особено повеќе видливо е тоа при купување на ново возило.

    Тоа е инвестиција на долгорочен план и секогаш има повеќе простор за складирање од обично
    Пример да земеме. Еден дечко самец купува нова Опел корса, Фиат пунто или возило од сличен ранг.

    Дали ќе ја има истата комоција и дали воопшто ќе му врши работа во блиска идина кога ќе се ожени? Каде одеднаш ќе се стават децата, количка, играчки, а патување пак на летен одмор на подалечна дестинација би била ноќна мора.
    Се разбира дека може и во мало возило да се стиснете и да стигнете некако.
    Ама сетете се. Германецот не сака да се стиска,

    Со караван возилото нема стискање.
    Докажано е дека мажите со караван возила и СУВ се пофамилијарни.
    како причина се наведуваат тоа што еден маж може во својата кола да пренесе многу материјали потребни за и околу домот, и со самото тоа да има посреќен брак.
    Ова го прочитав на Deutsche Wele сајтот и делумно би се согласил.

    5. Коли со поголем простор од обично, поголем комфорт, а згора на се и убав дизајн.

    Ова е дискутабилно. Ако јас се прашувам не секој караван е убав, напротив сметам дека има марки кои имаат претерано груби коли, кои кога ќе се погледнат ќе се помисли дека се создадени од дизајнери на Автобуси. (n)

    Верувам дека Секој производител мечтае да создаде возило со што поголем простор, а помала шасија. И сето тоа убаво да го спакува и да изгледа совршено.


    За среќа, Автомобилските гиганти како Мерцедес, Бмв и Ауди двојат и прават буквално ремек дела. Во едно истражување, инженерите од овие компании кажуваат дека во дизајнот и создавањето на еден караван посветиле двојно повеќе време, пред да испадне на пазарот.
    Кул работа нели! Добро е кога знам дека некој посветил двојно повеќе време на нешто, во ова капиталистичко време.
    Резултатите се видливи. Во последниве 20 години се создаваат убави, мали каравани, кои изгледаат убаво, а имаат поголем капацитет за простор од обично возило.


    Иако 3ката aвтогиганти прават сите убави каравани. На почетокот на новиот милениум Ауди се осмели и започна прв, да каравните ги доведе до совршенство и покажа дека тие може да изгледаат и поубаво од стандарт моделите.
    И згора на се кај караваните воведе линија RS со која купецот добива буквално се

    Koмфор
    Врвен дизајн
    Спортски дизајн
    Моќ
    Брзина

    Па денес слободно може да се каже дека караваните и те како имаат убави дизајни, . Јас кога би имал можност со задоволство би поседувал едно Ауди RS6 караван (Avant), a верувам дека и нема кој не би посакал.

    Kako изгледа денес еден убав караван пр. едно Ауди RS4 и RS6

    [​IMG]



    [​IMG]

    Епа како. Ви се смени ли мислењето за караваните на скептиците? По текстов.

    Ако сте инает уште, ќе се согласите ли со изборот на фудбалерот Роналдо кој е познат по модата и убавото и еден од омилените кај женската популација, одбра Ауди (караван) пред било кој друг модел на Ауди.

    [​IMG]

    Ќе им верувате ли по ова, на маалските муабети дека караваните се за стари луѓе и грди коли.
    Темата е со цел за мотивација да се сменат некои мислења кај луѓето. Слободно кажувајте дали сакате уште вакви теми. А оние на кои им се допаѓа ќе ги замолам за Like за да се популаризира темава.

    Втора тема би сакал да пишувам за "5 причини зашто да врзувате појас во автомобилот"
    Целта е нормално да се потикнат возачите кај нас да врзуваат појас што повеќе одкако ќе ја прочитаат темата.


    А сега во второво мислење ќе се навратам во реалноста и ќе истражиме дали има убав караван за просечниот македонец до +/- 4000 евра





     
    Последно уредено: 12 март 2019
    На george_jov, Chronysync, vivakastro и уште 10 други им се допаѓа ова.
  2. Albertos

    Albertos

    Член од:
    29 септември 2015
    Мислења:
    75
    Допаѓања:
    90
    Дали има реално убав автомобил караван , кој вреди да се купи за +/- 4000 евра.
    Јас мислењето го базирам на комфор, убав дизајн со мали димензии. Со еден збор возило што би изгледало богато и убаво.
    Па еве ја листата


    За сума од 4000 евра најдобar топ 5 избор би биле овие.

    1. ВМW 3 318d, 320d, 330D Facelift е46 (2001-2004 год)

    Според мене број еден кола кај караваните. Моделот од FаceLift верзијата изгледа мало, упадливо за око, има делови на секој ќош, а може да се стават и убави фелни и навистина да изгледа како многу убав автомобил. Лесно се продава и држи цена. Препорачани модели се оние со 318d мотор, бидејќи се доста погодени, трошат малку, поевтини сервиси од 320д, а се брзи и стартни. А Bmw 318д караван (Тouring) може да биде се. Од автомобил за забава, до фамилијарен автомобил. Па и двете во исто време.
    За оние кои сакаат простор и повеќе брзина 330д е исто одличен модел, но треба да се избегнуваат моделите со автоматик менувач бидејќи поправките чинат многу.
    320д караван верзиите исто така се со маани и треба да се избегнуваат.

    [​IMG]
    [​IMG]

    За цена од 3400-4000 евра ова е најдобар избор за наши услови дефинитивно. Без разлика дали ќе биде фамилијарна, или за некои млади дечки, bmw 3 e koмплетен автомобил. Јас би рекол дури и неколку чекори пред сите.

    2. Ауди a4

    Не го ставив на прво место, само поради тоа што сметам дека има малку застарен дизајн во однос на BMW, колата нема старт торк добар, барем не 1.9 тди моторот,
    Многу поживо е bmw, а и 318 како модел е доста поевтин за одржување. Ауди е поубав но кај RS верзијата која чини многу повеќе пари и ја надминува сумата од 4000 евра

    3. Меrcedes Benz c200, c220 2004-2005 facelift

    Jaс сум фан на Мерцедес, но искрено мислам дека во овие години караваните не им беа посилна страна. Некако не ми е тоа мало упадливо како што е bmw-то.
    За разлика од кај Bmw и Аudi, кај мерцедес повеќе ми се допаѓа седан верзијата, отколку караванот.
    Караванот не ми се допаѓа воопшто од позади. Ептен ми делува некако аматерски. Mана е што Мерцедес во многу каравани од тој период ставаше и аутоматик менувач.
    Цената му е горе доле иста како бмв-то, но изгледот кај bmw-то двои, па во секој момент би го земал bmw-то, пред Мерцедесот.

    [​IMG]

    4. Peugeot 307SW, 308 од 2005 год + Facelift
    Пежо 307SW ми се допаѓа мене. На некој можеби не, но прашање на вкус е тоа. МНогу модели имаат интересна опрема како панорама кров, а и убаво изгледа (зборам за facelift верзија од 2005 година нагоре)
    Некако возило баш фамилијарно. Цена има горе доле иста со погоре наведените bmw 3, Audi 4 i Меrcedes.

    5. Alfa 159 SW. убав дизајн нема што, еден од најубавите од тие години и доказ дека караваните изгледаат супер и со безвременски дизајн.
    Но колата е тешка, крута и сето тоа повлекува и висока потрошувачка.
    Мани му се што и нема баш некој квалитет како ауди и бмв, а и ретки се верзиите со онаа најубава опрема.
    МНогу повеќе избор има кај Bmw
    [​IMG]
    Епа тоа е се....

    Се надевам ви се допадна
     
    Последно уредено: 12 март 2019
    На Chronysync, vivakastro, Guliver и уште 7 други им се допаѓа ова.
  3. Горандо

    Горандо

    Член од:
    15 мај 2016
    Мислења:
    115
    Допаѓања:
    43
    Секоја чест мајсторе. Прекрасно објаснето и доловено.(y) Често се уклучувам на форумов, но ме мрзи да пишувам и повеќе разгледувам. Но ме инспирира да напишам бидејќи стварно е топ текстов. Само продолжи така.

    И за мене бмв 3 е најубав караван.
     
    На Albertos и snatch им се допаѓа ова.
  4. Forza Milan!!!

    Forza Milan!!!

    Член од:
    1 јуни 2011
    Мислења:
    20.935
    Допаѓања:
    31.148
    (y)

    cars-volkswagen-passat-variant-b7-2012-38069.jpg
     
    На Batkavoz82 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. shutrak

    shutrak opsenar

    Член од:
    3 јуни 2011
    Мислења:
    19.369
    Допаѓања:
    13.214
    ,,,Alfa Romeo 156 Sportvagon,,,
    ,,,,a shvapskite ko i sekogash pecreneti,,,:icon_mrgr:
    ,,,vo site sporedbeni testovi napraveni pomegju BMW 320 karavan i Alfa 156 SW,,,Alfata po site segmenti e podobra od bmw_ eto,,,
     
    Последно уредено: 12 март 2019
  6. LostParadise

    LostParadise

    Член од:
    17 мај 2016
    Мислења:
    813
    Допаѓања:
    804
    Passat караван?
     
    На Batkavoz82 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Anco

    Anco За солун ДА, ЗА срем НЕ

    Член од:
    1 ноември 2011
    Мислења:
    7.214
    Допаѓања:
    12.346
    Le,Le....konecno edna UBAVA tema kade nema prostor za vtoropostiracite i nivnite losi zborovi,taka stavro.
    Golema pofalba za tekstot..prodolzi so drugi vakvi temi 5 pricini zoSTO,ima mnogu da naucime.
    Vtora tema uste utre 5 pricini zoSTO ne vrzuvame pojas vo grad...a poveketo i na otvoreno vo MK.
    ----------------
    Otsekogas sim gi sakal karavan kolite i sum promenil mnogu takvi.Posebno mi se dopagaat onie od amerikanskine filmovi.
    A ovde na prvo mesto Opel Zavira...ima i + 2 sedista koj ne se gledaat i e so ramen pod vo bagaznikot. Ne ja stavi taa vo karavanite.
     
  8. Kadaif

    Kadaif M.D.

    Член од:
    21 јануари 2008
    Мислења:
    3.488
    Допаѓања:
    2.383
    Не сум фан на караваните како шасија од причина што за разлика од седан верзијата колата добива една грпка која и онака речиси ретко кога ќе се користи, иначе ќе се покрие погледот од ретровизорот кон заднато стакло.

    Погодноста е само заради полесно товарање на багажникот во споредба на седанот и тоа што колата добива на тежина и аеродинамика на задниот дел што прави колата да има подобра и помека вожња од седан верзијата или хечбекот.

    Негативен дел е што колата нема да има звучна изолација со багажникот и купето па ако има да речеме некој пакет пластични шишиња во багажникот во караванот нивното триење ќе се слуша како да ти се до ушите.

    Јас повеќе би одел на некој компромис од овие две варијанти.

    Пример

    opel-insignia-grand-sports-10-b2cc259b.jpg
     
    На Batkavoz82, Наќо Скопски и Xibalba им се допаѓа ова.
  9. Beric Dondarrion

    Beric Dondarrion Lord of Blackhaven

    Член од:
    14 август 2006
    Мислења:
    25.684
    Допаѓања:
    30.074
    Живееш у Скопје - една причина зашто да не купуваш толкава кола.
     
  10. old_School_mk

    old_School_mk Програмер, гејмер, psy-trance уживател

    Член од:
    11 август 2009
    Мислења:
    5.262
    Допаѓања:
    3.460
    Не знам дали е до 4.000 евра, но Hyundai i30 II CW (онаа што ја возат Global Taxi во Скопје) ми е дури и поубава од обичната i30...

    [​IMG]

    Од поскапите, новиот Kia Proceed е страшно убава кола...

    [​IMG]
     
    На Корто Малтезе и Krstev им се допаѓа ова.
  11. valvoline

    valvoline

    Член од:
    30 мај 2012
    Мислења:
    4.723
    Допаѓања:
    2.524
    @Anco, zafirata e monovolumen ne e karavan, ovie kaj nas moze i ke projdat, istoto vazi npr za touran, grand scenic i sl. Karavanite ubavi ili ne korisni ili ne kaj nas ednostavno nikoj ne gi kupuva, takov e mentalitetot. Polesno e da se razvedes nego karavan da prodades. :v
     
  12. Anco

    Anco За солун ДА, ЗА срем НЕ

    Член од:
    1 ноември 2011
    Мислења:
    7.214
    Допаѓања:
    12.346
    e prv pat slusam za ova sto znaci toa monovolumen? pa i ona hac-bec i drugono ?
    porano vo moe vreme (kad smo bili mladi mi) imase koli....edna marka obicna i od istata marka karavan.
    Na primer Lada,bea samo tie dva modeli, pa Varburg,obicen i karavan,pa Trabant obicen i karavan,
    -----
    po ova vasevo znaci karavan e i Matiz i Spark i Corsa i Punto...a Panda?
     
  13. Torte Mobile

    Torte Mobile Модератор

    Член од:
    29 ноември 2007
    Мислења:
    6.667
    Допаѓања:
    1.640
    За околу 5000 најубав караван за мене е bmw E90

    bmw-3-kombi-1246-4235_v1.jpg
     
  14. Ron Burgundy

    Ron Burgundy

    Член од:
    29 јуни 2014
    Мислења:
    8.508
    Допаѓања:
    8.682
    Само ауди RS4 од каравани поштуем. Иначе ако не пренесуваш ствари нон стоп нема некоја потреба од караван, ако си водоводџија или плочкар ми има смисла иначе не.
     
  15. vivakastro

    vivakastro

    Член од:
    15 март 2013
    Мислења:
    925
    Допаѓања:
    590
    Супер тема, браво за креаторот. Убава дискусија. Јас бев во план баш да купам, но ми испаднаа планови околу станот и прекинав. Ама да се средам малце и за 2-3 месеци ќе земам.

    Kaраван и те како е убава работа. Особено поштувам ако е во димензии како и кај седан верзијата. Како што е тоа кај бмв 3 пример.
    На големите каравани не сум љубител.

    Чичко ми има веќе 10 години Oпел Астра караван. Нешто подоцна Исто и син му( братучедот ми) зема караван бмв 3 е46. Од братучедот ми дојде и мене идејата да земам едно бмв 3 и да го средам убаво со фелни. За мали пари под 4000 евра ќе возам кола.

    Чичко ми и братучедот не работат со нив, туку си ги возат фамилијарно, но кога им треба да пренесат нешто не се замара и сеќира со простор. Имаат викендица во Маврово и кога ќе оди натаму си става се во гепек, и завршено.

    Минатиот месец отидоа на скијање. Си ставија скиите, сноуборд даската стапови опрема, велосипед , ранци торби, поликолор за кречење, сакал да кречи четка итн.
    Дека наоѓаат примена и кај обичните луѓе се сложувам. На секој некогаш ќе му затреба плус простор, Мене пример во аудито ми фали доста често, па и јас помислувам следната кола да ми биде бмв 3 е46 од редизајн моделите после 2002 или Џип Шевролет Каптива.
    Но Џипот е скап, па немам толку буџет во мене и сепак на крај ќе одам со бмв 3 редизајн моделот.

    Би се сложил со авторот дека Бмв е46 убаво изгледа. Мене на братучедот бмв караванот повеќе ми се допаѓа од седан, незнам дали дека овие седан ги има многу па веќе ми се досадни. Караванчето на Бмв е стварно убаво стокмено и ми изгледа поубаво. Пробав да го возам и не ни приметив дека возам караван. Влече убаво, убаво изгледа. Братучедов кај Роби во Тетово какви јаки фелни најде за 250 евра сосе гуми. Го направи бомбона. За Бмв дечково од Тетово има и од пиле млеко, и уопште не е скап.

    Инаку каравани се возат доста низ скопјево. Погрешно кажа некој дека нема.
    Еве баш сум приметил кога сум се возел по градов, дека Опел Астри ги има многу, a и пред некое време кога ми остана во дефект колата се возев во два такси рено меган каравани во исти ден. И Киа Цеед исто сум приметувал многу, Ауди а4, пасати, бмв 3 и сигурно уште некој имам заборавено.

    Дека сум сериозен во намерата и бев одлучен да купам ги погледнав овие две бмв 3 пред 2 недели,

    http://reklama5.mk/AdDetails?ad=3171487
    http://reklama5.mk/AdDetails?ad=3166056
    И двете димеа на шипка. Отпосле прочитав дека 320 D има проблем со хладњакот и губи вода и уље па и од таму димењето, и да се земе 318 D, 330D или некој бензинец.
    Затоа гледам има врска и цената. 318 и 330 одат многу поскапо, а 320 се поевтини за 700-800 евра па и више.

    Овој со 330 ми изгледа евтино, но пишал 2003, а има од старите фарови, пред редизајнот. Изгледа ја згрешил годината :)
    http://reklama5.mk/AdDetails?ad=3201354
     

Сподели преку: