Инспирацијата ја добив од еден грчки форум, каде има многу вакви интересни теми од типот
5 причини зашто нешто е подобро од друго нешто, 5 причини зашто не аутоматик итн.
Тоа е така направено на грчкиот форум, што креаторот на темата е и модератор на истата, па може да ги исфрли непотребните мислења со цел да останат само интересните мислења и да се развие здрава тема која ќе биде читана.
Вооглавно насловите на темите се вакви и најчесто со 5ка поточно 5 причини зашто, и кога почнуваат да се читаат навистина го привлекуваат вниманието, и го става во мисла читатетлот како не обврнал внимание до сега на тоа. Понатаму се води здрава дискусија и прилично интересна, па ве тера да ги читате буквално сите мислења.
По пример на грциве. Да им биде интересно на идни читатели, да ги пратат темите и да ги заинтересира да го читаат секое мислење во неа, па дури и оние на кои не им е воопшто важно. На пример ако се збори за автомобил како во случајов тоа да ги заинтересира и женскиот пол.
Пред да почнам со темава би сакал да ги замолам одговорните на Кајгана, ако се во можност да ми дадат да бидам модератор на темава, и да пробам да направам една интересна тема во која непотребните мислења, и препукување меѓу членови ќе бидат бришани и би останале само оние кои се интересни во интерес на темата.
Ако има интерес и видам дека темата е интересна, во иднина би отворил и неколку други теми од типот "5 причини зашто"
За почеток ќе ја отворам темата 5 причини зашто да купите Караван кола пред Седан, Хечбек итн! И бидејќи на нашиов пазар се најбарани колите од 3000 до 5000 евра решив да го дополнам насловот. За најубави модели.
Епа почнуваме
5 причини зашто да купите Караван кола, и најубави модели до 4000 евра
1. Причина/ Долго време кај нас имаше една одбивност кон караваните. Ги сметаа за коли за утовар и како еден вид приколки. Така и навистина беше. Не така одамна, пред околу 20 години на нашиве улици најприсутни беа Лада Самара, кои ги возеа луѓе кои носеа леб и земјоделски продукти. Згора на се беа премногу грди ( не дека седанот беше убав, ама во тој период такви коли имаше)
Како изгледаше лада во 90тите
Денес работите во автоиндустријата се многу сменети и многу автомобилски фирми караваните не ги гледаат веќе како товарни возила, туку се трудат подеднакво да направат убави дизајни со цел да им се допаднат на купувачите.
Причина плус за денес да се купи караван, е што има модели што навистина изгледаат супер и многу кул , па дури во неколку случаи и подобро од обичната седан верзија. Каравани возат и голем број на светски филмски sвезди, спортисти, пејачи и уште многу џет-сет фаци. Мислењето дека караваните се приколки одамна веќе неважи.
2 причина број 2 Во минатото се држеше тезата дека караваните трошат многу повеќе од стандарт верзиите на еден модел. И донекаде имаше вистина.
Денес знаеме дека Еден автомобил троши подеднакво исто без разлика на неговата форма. На пример ауди а4 караван и седан троши исто или разликата е незначителна.
Зашто да се купи караван? Денес регистрација е изедначена и иста во сите модели, доколку го поседуваат истиот мотор. А предностите на караванот се многу поголеми. Комфор, простор за складирање итн.
3.Причина
Германија како водечка економска сила во Европа масовно купува каравани !!
Да чудно, но вистинито. Се зачудив кога бев неодамна во Минхен дека германциве масовно возат Каравани. Истражив малку на нет и сфатив дека во последните 20 години побарувачката на каравани кај моделот Ауди а4 споредбено со седан возилата расте.
Ауди секоја година има раст на продажба во просек 4% повеќе караван коли од секоја претходна.
Или на кратко објаснето. Германците купуваат двојно повеќе караван отколку седан коли од моделот ауди а4. Ништо не е поразлично и кај другите модели на марката.
Во списанието аутобил 63% од испитаниците одговориле дека попрво би земале кола со поголем простор, и дека тоа е прво што го забележуваат.
Дури 67% од испитанице одговориле дека при купување на ново возило од марката на Ауди попрво би одбрале караван пред Седан.
Јасно е дека германците се понапред 100 години од нас, и добро е кога ќе прифатиме нешто од нив. Мoжеби за менталитетот и културата ќе ни треба време, но кола со поголем простор а притоа и убав дизајн простор можеме и денес да ја купиме.
Ете причина зашто да се купи Караван.
4. Причина број 4
Возило караван или друго возило со поголем простор е инвестиција на долг рок?
Особено повеќе видливо е тоа при купување на ново возило.
Тоа е инвестиција на долгорочен план и секогаш има повеќе простор за складирање од обично
Пример да земеме. Еден дечко самец купува нова Опел корса, Фиат пунто или возило од сличен ранг.
Дали ќе ја има истата комоција и дали воопшто ќе му врши работа во блиска идина кога ќе се ожени? Каде одеднаш ќе се стават децата, количка, играчки, а патување пак на летен одмор на подалечна дестинација би била ноќна мора.
Се разбира дека може и во мало возило да се стиснете и да стигнете некако.
Ама сетете се. Германецот не сака да се стиска,
Со караван возилото нема стискање.
Докажано е дека мажите со караван возила и СУВ се пофамилијарни.
како причина се наведуваат тоа што еден маж може во својата кола да пренесе многу материјали потребни за и околу домот, и со самото тоа да има посреќен брак.
Ова го прочитав на Deutsche Wele сајтот и делумно би се согласил.
5. Коли со поголем простор од обично, поголем комфорт, а згора на се и убав дизајн.
Ова е дискутабилно. Ако јас се прашувам не секој караван е убав, напротив сметам дека има марки кои имаат претерано груби коли, кои кога ќе се погледнат ќе се помисли дека се создадени од дизајнери на Автобуси.
Верувам дека Секој производител мечтае да создаде возило со што поголем простор, а помала шасија. И сето тоа убаво да го спакува и да изгледа совршено.
За среќа, Автомобилските гиганти како Мерцедес, Бмв и Ауди двојат и прават буквално ремек дела. Во едно истражување, инженерите од овие компании кажуваат дека во дизајнот и создавањето на еден караван посветиле двојно повеќе време, пред да испадне на пазарот.
Кул работа нели! Добро е кога знам дека некој посветил двојно повеќе време на нешто, во ова капиталистичко време.
Резултатите се видливи. Во последниве 20 години се создаваат убави, мали каравани, кои изгледаат убаво, а имаат поголем капацитет за простор од обично возило.
Иако 3ката aвтогиганти прават сите убави каравани. На почетокот на новиот милениум Ауди се осмели и започна прв, да каравните ги доведе до совршенство и покажа дека тие може да изгледаат и поубаво од стандарт моделите.
И згора на се кај караваните воведе линија RS со која купецот добива буквално се
Koмфор
Врвен дизајн
Спортски дизајн
Моќ
Брзина
Па денес слободно може да се каже дека караваните и те како имаат убави дизајни, . Јас кога би имал можност со задоволство би поседувал едно Ауди RS6 караван (Avant), a верувам дека и нема кој не би посакал.
Kako изгледа денес еден убав караван пр. едно Ауди RS4 и RS6
Епа како. Ви се смени ли мислењето за караваните на скептиците? По текстов.
Ако сте инает уште, ќе се согласите ли со изборот на фудбалерот Роналдо кој е познат по модата и убавото и еден од омилените кај женската популација, одбра Ауди (караван) пред било кој друг модел на Ауди.
Ќе им верувате ли по ова, на маалските муабети дека караваните се за стари луѓе и грди коли.
Темата е со цел за мотивација да се сменат некои мислења кај луѓето. Слободно кажувајте дали сакате уште вакви теми. А оние на кои им се допаѓа ќе ги замолам за Like за да се популаризира темава.
Втора тема би сакал да пишувам за "5 причини зашто да врзувате појас во автомобилот"
Целта е нормално да се потикнат возачите кај нас да врзуваат појас што повеќе одкако ќе ја прочитаат темата.
А сега во второво мислење ќе се навратам во реалноста и ќе истражиме дали има убав караван за просечниот македонец до +/- 4000 евра

Последно уредено: