Словени

  • Креатор на темата Креатор на темата Svetovid
  • Време на започнување Време на започнување
Serdarot напиша:
повеќе или помале се сложувам, арно ама...

Археологијата НЕ докажува изумирање на градскиот живот во тој период!
проблемот е шо голем дел од археолошките локалитети или се уништени, или недоволно проучени, или лежат под земја да бидат допрва „откриени“, и СВЕДОШТВАТА, односно наодите од тој период се минимални и врз база на нив не можат да се донесат заклучоци кои би „држеле вода“.

А да остане таква темнина сесрдно помогнаа „пријателите“ на „братовчедов“ наш, со палењето на Александриската и други библиотеки, и немилосрдното уништување на знаењето и трагите од БАЛКАНСКАТА Цивилизација, каде шо Македонија била само еден дел од центрите...

Не се сложувам. Археологијата докажува разрушување на најголем дел од градовите во Македонија, но нема одговор зошто, едноставно градскиот живот замира. Нема никаков доказ ни за заминување на целокупното население од Македонија, односно Македонија е континуирано населена и е едно од најнаселените подрачја во тој период во Европа (поради долгата цивилизациска традиција и поволни природни услови). Доселување на ново население во тој период во Македонија нема. Турко-монголизираните братовчеди го потенцираат Микулчиќ со некакви негои теории кои се само негови и ниту еден друг сериозен научник не ги потврдува, а целата прикаска на Микулчиќ се базира на една фигура „шаман на коњ“ и некакви каиши и сл. најдени во Кичевско кои можеле да стигнат таму на илјада и еден начин, меѓудругото како воен плен на некој византиски војник, или со трговска размена и сл.

Причините за напуштањето на градовите може да се повеќе, меѓу кои и граѓанската војна која се разгорува во тој период низ цела Византија, како и бунтовите на локалното население („Историја на Византија“ од Острогорски). Но тие варијанти никој од историчарите не сака ни да ги погледне, а не да размислува за нив. Но факт е дека во Македонија набргу се воспоставуваат војнички градови (византиски), и полека се враќа градскиот начин на живот, што ниту во еден случај не е карактеристика на „словените“.

Член на раководството напиша:
Прататковината на словените е на територијата помеѓу реките Висла, Днепр, Днестер, Десна, Двина и Карпатите. Словените таму кај што живееле дур живееле не привлекувале ничије вниманије па ниту се знаело за нив, затоа што живееле зад границите на тогашниот цивилизиран свет. За германите, диви племиња има еден куп документи оти Рим војувал со нив, исто и за Готи, Брити, Келти... но словените не дошле овде како хорда или воена наезда. Тие ниту биле воини, туку со векови се населувале - мигрирале, полека полека слегвале надолу. На преселбата и постепена миграција ги натерало во извесна мерка наездата на Хуните, во 375 НЕ а веројатно и бегање од доминацијата на источните Готи кои владееле со нив.Не постои никаква ”наезда” или големи битки со кои ќе речевме дека ете на дата таја и таја словените го освојиа балканот во таја и таја битка. Па затоа и години останале надвор од вниманието на историчарите. Словените си основале населби, се занимавале со земљоделие, не биле прочуени ни по богатство ни по цивилизција, а биле и далеку од Византија, Дунав беше тогаш речиси крајот на светот, граница на Римското царство. Словенски населби полека никнуваа и низ Византија, околу Солун и дури тогаш го привлекуваат вниманието и пишувањето на Византиските автори како Цезариј и Прокопиј. .....

Абе ајде. Ова звучи баш како бајка бе мајку му. Тие („словените“) си живееле мирно и спокојно, си се ширеле, си завземале територии и никој не ги приметувал и не им обрнувал внимание. Е кога се доселиле близу Солун (за што нема ниту еден единствен археолошки доказ), а солун е иначе централен дел на тогашната империја, значи кога дошле до „сршта на империјата“ тогаш ги приметиле и се вознемириле сите.:pos:

Абе ајде бе момче.

Инаку просторите кои претендираат да бидат „прататковина на словените“ им биле доста добро познати на овие од оваа страна на Дунав. Само Македонците имале повеќе походи на север. Филип II Македонецот во еден свој поход против Скитите се враќа во Македонија тешко ранет и никогаш повеќе не се враќа таму, зошто се вратил со многу мал плен, и во злато и во робје. По закрепнувањето ги напаѓа и толчи грците.
Знаеле многу добро тогашните историчари што има од другата страна на Дунав, ама никако не можеле да видат „словени“ кои бројат десетици милиони население, едноставно затоа што ги немало. Причината поради која империите не се ширеле на север е тоа што немало што да се ограбува, немало богатства, немало големо население кое би се користело како робје поради што немало економска исплатливост да се покренува војска на север, што македонците го увиделе и практично.
 
6-стиот век е од изразито значение за Византија но од други причини, имено словените се сеуште во тој период населени (дојдени) до и околу Дунав, на перифериите на Византиското царство. Ти одтаму вршеле упади и пљачкосувања но не остануваат на териториите на Византија. Од друга страна Византија се исцрпувала со долгогодишни војни на запад, во 533 година Велизар ја освојува државата на Вандалите, а во 535 тргнува во поход против Источните Готи во Италија, и тоа еден дел преку Даламација додека самиот Велеизир тргнал преку Сицилија (која ја освоил) за оттаму да навлезе во Италија, и после долги битки, опсади да ја заземи Равена и го зароби кралот Гелимер во 540. Но иако Готите го изгубиле кралот тешките борби продолжиле се до 555 (наредните 15 години) кога се заземени делови на Шпанија на југоистокот. Фрлајќи ги сите свои сили против Вандалите и Готите Византија ослабнала на Дунав и на исток кон Персија, така да Персијанците ги заземаат Мартиропол, Теодосиопол, Амида, Назбис. Во 532 година Јустинијан склучува мир со Персија и се согласува да и плаќа големи даноци на Персија, но Хозој во 540 година го прекршува мирот и ја зазема Сирија, Антиохија а на север Ерменија, Иберија се до брегот на Црното море. На Балканот таман што завршиле борбите со германските племиња, се појавиле Словените и Бугарите. Јустинијан подигнал голем број тврдини и обновил градови но недостасувала војска која ќе биди стационирана во нив, така да новите народи пљачкосувале низ Византија додека Византија славеше победи далеку на исток во Италија и Шпанија. Во 532 годинаја имаме и големата побуна во Цариград (Ника бунтот) кога против Јустинијан се обединиле и кренале “зелените“ и “сините“ кои инаку биле неприатели еден спрема други, но кои биле поразени со енергични акции на Велизар и Нарзес при што дошло и до големи колежи и смрт на над десетина иљади луѓе. Иако поразени незадоволството остана, големите давачки, строгите казни како и долгите и тешки војни го исцрпија царството. Византија непрестајно била приморана да води војни и се исцрпува на далечните периферии на царството, така да во 568 година Лангобардите освојуваат голем дел од Италија, Западните Готи во 584 ја заземаат Кордоба во Шпанија, во Северна Африка се постојани востанија на маварските племиња. Тешкита економска ситуација која владееше во царството, резултираше војската во 602 година да одбие царската наредба да оди накај Дунав во поход против варварите, туку незадоволни од неисплатени плати тргнуваат кон Цариград, го прогласуваат Фока (подофицер и варварин) за цар и го убиваат царот Маврикиј и неговите синови. Во слединте 10 години се водат жестоки борби и заговори на аристократијата и новата власт на Фока, кои попримаат облици на граѓанска војна. Тој период на слабост го искористуваат како Словените за помасповно навлегување така и Персијанците кои ја освојуваат Дара, Цезареа, и стигнале дури до Халкедон. Ова ситуација ја спасува Ираклиј помладиот, кој пратен со голема флота од својот татко Ираклиј го убива Фока, и станува на 5ти октомври 610 цар на Византија. Во период пред Фока имало 2, најмногу 3 упади на варварски племиња на овие територии и тоа 540 (стигнуваат до Халкидик), 548 до Драч) и 550 (иако во 550 не слегле подолу од Ниш). Во 550/551 за прв пат словенските племиња за прв пат презимуваат на Балканот. Следниот продор се случил во 580/581 (по 40 години) кога словените продираат до денешна грција и остануваат 4 години. Во својата “Историја на војните”, Прокопиј Кесариски, зборува за верувањата на Словените: “Веруваат, вели Кесарски, во постоењето на еден Бог, создател на молњата, кој е единствен господар на се и нему му посветуваат волови и други жртвени животни.” “Вистина, почитуваат и реки и нимфи и некои други божества, и на сите им принесуваат жртви и гатаат по тие жртви.” “Имаат свој јазик, кој е наполно варварски.”
Денешната Македонија воглавном се состоела од тврдини и крепости и немало позначајни населени места та затоа ниту словените не се задржале на нив во раниот период. И постојните “градови“ во денешна Македонија биле мали и со мал број на население за да се наречат со вистински збор град. (Баргала, Стоби, Хераклеја а и населението од нив или се исели или се затвори во планинските тврдини заради пустошењата на Аварите а не на Словените), Словените преминале преку овие пусти предели и се настаниле најпрвин во просторите на денешна Грција, покрај поголемите, поразвиените градови каде имало и погелем трговски живот. Таму се познати археолошки наоди од гробници како и населби словенски од раниот период (7-9 век) Тиринс, Арг, Патрас, Олимпија. Во Тесалија во 799 година кнезот Акамир прави сојуз со Хелените против царицата Ирина, а во чудата на свети Димитрија се поменуваат Верзетите како словенско племе, близу до Солун престоjувале Ринхините. Струмjаните биле населени по Долна Струма до Егеjскиот брег, а Смолjаните источно од нив, околу долна Места. Западно од Солунскиот залив, се населиле Драговичи, а во краjбрежниот поjас jужно од нив Сагудати. Племето Воjунити продрело во Епир, до Jадранскиот брег на jугoзапад. Инаку Археологијата само во Прилеп во предградието Варош кај црквата св. Никола и кај селото Дебреште, откри и ги истражува старословенските населби.
 
Члену на раководството
Имаш ли еден единствен извор оставен од Словените да говори за нивните подвизи ,згоди и незгоди во нивните патешествија ?
Или да се жалам кај раководството ?
:)
 
Homer MakeDonski напиша:
Члену на раководството
Имаш ли еден единствен извор оставен од Словените да говори за нивните подвизи ,згоди и незгоди во нивните патешествија ?
Или да се жалам кај раководството ?
:)

не барај невозможното!!

кракра убаво „ни објасни“ дека словените биле неписмени до појавата на глаголицата, како тогаш да запишат нивната историја и патешествија?

само, ме чуди, како „Грците“ кои се населиле на местата кои толку убаво ни ги наброја, „заборајле“ да пишат за преселбиве на Словените.

И, ти ебам то „Грците“ во Бугарија, Русија и Украина, умен народ биле, ЖИВЕЕЛЕ ПРЕКУ 2000 ГОДИНИ заедно со Словените, ама не ги научиле да пишат и читат словениве...

Ајде бе...

И најефтините холивудски режисери ќе напрат поубедливи сценарија...
 
Словените при доаѓањето на овие простори се служеле со многу едноставно писмо , со рецки (Рецкари), со тоа едноставно писмо можеле да ги запишат и ги запишувале секојдневните едноставни работи, но не можеле ниту пак пишувале филозофија, историја, религиски текстови и затоа што нивото на културата и цивилизацијата не го биле достигнале тоа ниво. За нив од Византиските автори пишува Псевдо-Цезариј, Прокопиј, Агатиј, Менандер, Теофликат, Јован Малала и други. Е сега во врската на Античките и денешните Словенски Македонци ете мене ме интересира нешто, како го објаснувате, зошто го зборуваме јазикот од групата јужнословенски јазици, зошто денес не се користат византиските свети писма напишани на грчки туку на словенски македонски (а до скора (1969) на руски старословенски) зошто кај денешниот македонскиот народ се задржале типичните јужнословенски обичаи, коледе, верувања во самовили, вампири, носење на јадења на гробовите на блиските, зошто се сменати имињата на населбите на планините на словенски топоними, а оние кои останале антички немаат врска со денешниот ни јазик. Има една теорија дека Античките Македонци заминале оттука пред кијзнај колку иљади години па чмаеле зад карпатите па ко им здосади рекле ”ексик веќе” и се вратиле пак назад али сега престорени како Словени, па ме интересира дали сите антички Македонци заминале или пола или дел, и кога се вратиле дали браќата свои кои останале ги заборавиле или се познале ”кај си бе брат се немаме видено 2000 години”, и кога заминале дали останала пуста Македонија или се населил некој друг тука...... и други не холивудски туку Хонг Конг сценарија
 
ко ќе си спремен да го прифатиш одговорот на некои од твоите прашања, одговорот сам ќе ти дојде...
 
Најнова историја?? нешто невидено досега??? спектакл... сега и во вашиот град, навали народе, вчудоневидување
 
Член на раководството напиша:
Најнова историја?? нешто невидено досега??? спектакл... сега и во вашиот град, навали народе, вчудоневидување

зошто најнова? прилично е стара Македонската :)

прочитај ја темава за почеток
 
Гледам многу ги буните работите а најзбунувачки е изгледа Византискиот период.За постоење на Македонците и Македонските благороднички семејства најубав доказ е баш Византија.На челото на Византија владееле Македонски семејства цели 300 год. и тоа од крајот на 5 век па се до крајот на 8 век.Византија во времето на Македонската царска лоза ја добила најголемата слава се проширила територијално и културно,првиот дипломат во историјата бил баш Византиски цар од Македонската лоза и др.Едно да е јасно народ не изумира туку се претопува Македонците во нивната историја цело време се борат против некои угнетувачи и поробувачи кои за среќа биле од различен етникум и Македонците се оградиле и изолирале баш поради тие поробувања и опстоиле до ден денес како Македонци.
 
Вака мнооогу поопштено е напишано. Дај некои детали по што би тврдел и докажал Македонското владеење со Византија во тие 3 века. Историјата знае за (во тој период) Јустин кој владеел 518-527, Јустинијан кој владеел 527-565, Јустин 2ри (565-578), Тибериј 1-ви Константин (578-582), Маврикиј (582-602), Фока (602-610), Ираклиј (610-641), Константин 3-ти и Ираклона (641), Констанс 2-ри (641-668),Јустинијан 2-ри (685-695), Леонтиј (695-698), Тибериј 2-ри Апстимар (698-705) Јустинијан 2-ри (повторно) (705-711), Филипик Вардан (711-713), Анастасиј 2-ри (713-715), Теодосиј 3-ти (715-717), Лав 3-ти (717-741), Константин 5-ти (741-775), Лав 4-ти (775-780), Константин 6-сти (780-797), Ирина (797-802). До Ираклиј , службен јазик во царството, во војската бил латинскиот а царевите ги носат латиските титули (imperator, augustus, caesar) кој тој ги менува во званичен грчки јазик и народен грчки назив за цар - василевс (за прв пат се спомнува во 629 година). Е сега ако сите овие горенаведени цареви се Македонци, се поставува и едно прашање, зошто грчкиот јазик и грчкото писмо е земемено за употреба, зарем таја династија и мнозинството македонско населеније како што тврдиш не можело да си го употребува својот јазик и писмо барем за тие 300 години за кои велиш дека владееле, и зашто денес во Македонија не се зборува и пишува на ”Византијски јазик и писмо” зошто се применува кирилицата и јазик сроден на Рускиот, Српскиот, Црногорскиот, Хрватскиот, Полскиот, Чешкиот, Белорускиот...... Горенаведените цареви потекнуваат од различни династии па ме интересира како го објаснуваш, дали постоеле повеќе Македонски династии и кои се нивните претци (од кои лози потекнуваат) и дали остана некој потомок до денес или некоја лоза?, И зошто во екот на како велиш владеењето на Македонската династија Темата Македонија била во Тракија со главен град Едрене??
 
Clen na rakovodstvoto,

znaci sepak nie ne sme Makedonci, tuku eden narod koj nema dopirna tocka so Makedoncite.
Ako ne postoi nikakva vrska pomegu Makedoncite i Slovenite, togas nie moze da bideme samo vtoroto i nisto drugo.
 
Потомци секогаш има нели установивме дека еден народ не само исчезнува туку се претопува или останува истиот како што бил трето нема.Македонските владетели кога застанале на Византискиот престол таа држава ја сметале за своја и гледале само како да ја збогатат и зголемат.Ако ја погледнеш картата на Византија за време на Македонската династија не само што ке видиш дека државата ги проширила границите туку и ке видиш кои се етноси влегувале во тие граници.Во тоа време најзначајни јазици и најдобро познати биле грќкиот и римскиот,бидејки Константинопол се прогласил за нов културен и трговски центар морал да ги примени општите трговски и културни права нели да ги зближи и приближи луѓето кон својата држава за да има поголема моќ од Рим во што и успеале.Византија не само што е најголем центар на моќта во раниот среден век туку и е промотор на безброј нови културни и национални зданиа и правила.Претходно спомнав за дипломатијата значи Константин е првиот император што се сретнал со друг император а да не држат меч во рака туку да разговараат за проблемите што нивните држави ги имаат.За Македонците никогаш нивните успеси не умираат можеби не се многу но се значајни во светски рамки:star:
 
Boogie, e duri sega nisto ne razbiram...

Vizantijcite bile Makedonci
Slovenite ne se Makedonci
Vasilije vizantiskiot car (Makedonecot, taka se narekuval) se borel protiv nas i go narekle Bugaroubiec.
Pretopenite Makedonci na vizantiskiot prestol koi zborele latinski i grcki se Makedonci, Dali Makedonija e regionalen del od grckata kultura?
Sega haosot e potpolen.

Kako posle seto ova ti ke objasnis na nekoj deka si Makedonec?
 
Не е ништо збунувачки само треба убаво да се прочита и да се запомни.Македонците се Македонци уште од Античко време,тие имале своја култура и своја држава.Според сите историчари целта на Византиската империја била иста како и на Филип и Александар проширување и обединување под една држава.Треба да се знае суштината на постоењето на Македонската нација за да се свати поентата.Македонската нација е создадена од 16 племиња во античкото време на Принц Македон и според тоа Македонците сакале да ја прошируваат својата нација со придобивање на останатите племиња кон својата држава.Уствари Македонија и е првата обединета држава во Европа па сите останати држави во Европа се создадени на истиот начин.Незнам зошто не е чудо што Франките ги обединиле сите Готски племиша и ја создале Франција а чудно е што Македонците сакале да ги обединат сите племиња под нивна управа.Василие е Македонски цар и он е наречен Бугароубиец но не поради Самуил ако мислиш на тоа туку баш поради протерувањето на татарските хорди.Булгар значи слуга во превод а зборовите секогаш се двосмислени а другите ги искористуваат поради нашата неукост.Словенските,Аварските и Татарските племиња биле поМакедонизирани баш со Религијата и Писмото бидејки само така Македонските цареви можеле и успеале да се одвојат од Грчката култура која била највлијателна во тоа време па дури и самите Грци почнале да ја прифаќаат.Создавањето и ширењето на Византија е почеток на една нова ера,ера на политички и национални интриги,национализмот претходно воопшто не бил значаен но Македонците го потврдиле своето водство со значајни достигнувања и успеси тоа е показателот на Македонскиот сон кој трае со векови.Па размислете дали е тоа показателот или не?
 
Ние изгледа стварно ќе треба да се жалиме кај раководството.
„Словените“ кои наводно живееле позади Карпатите, (па кога станува јасно дека таму неможе да живее толку голем народ, е тогаш излага дека го населувале целиот простор „од таа страна на Дунав“), е тие „словени“ се споменуваат како: „Σκλαβηνοι, Σκλαυηνοι“, што значи „СКЛАВИНИ“, „СКЛАВИ“. Е сега фино латинскиот речник во раце, па да видиме што значи тоа... „РОБОВИ“, „СЛУГИ“. Самиот назив на „словените“ им е наметнат од страна, тие никогаш самите себе не се нарекле „словени“, а називот им го наметнале „Византиските владетели и византиските учени“. И како ги нарекле? „Склави“, Робови. А зошто ги нарекле робови? Затоа што тие и навистина биле робови и тоа робови (поробени) на територијата која што ја населувале и тогаш, и 1000 години пред тоа и 1000 години после тоа. Робови, поробени се обичниот Македонец, Тракиец, Илир, Дачанец. Сите тие се „Σκλαυηνοι“, склави, поробени. Тоа што терминот „словен“ се сака да се поистовети со терминот „склав“ е чиста местенка. Можеби терминот „словен“ е произлезен од терминот „склав“, но коренот на зборот теба да се бара во „склав“, а тој е јасен како бел ден - РОБ, ПОРОБЕН, СЛУГА. Сите обиди да се бара коренот на терминот во „словен“ и објаснувањата дека се работи за „луѓе кои `ивеат покрај река, односно вода“ или за „славен народ“ или за „слово - народ кој пишува со слова“ се смешни, затоа што коренот на зборот е „СКЛАВ“ и истиот е наметнат од страна.

Малку за историјата на „словените“ и Византија (источен Рим):

Царот Анастасие I (491-518) на крајот од своето владеење предизвикува страсни верски и хиерархиски борби. Целото царство е во неред. Царот така и завршува, а на престолот седнува Јустин (518-527) чив внук е познатиот цар Јустинијан. Јустин, како и Јустинијан доаѓа најверојатно од територијата на денешно Скопје успева да се издигне високо во воената хиерархија за на крајот да дојде до престолот. Тој го враќа угледот на црквата, но „склавите“ ги пљачкаат западните и северните територии на царството (Балканот). Јустин не им обрнува многу внимание на „склавите“ и целосно се посветува на состојбата на исток, на војната со Персија. Зошто е тоа така? Поради тоа што „склавите“ не се проблем, тие се обични побунети поданици со кои лесно ќе се справи, додека Персија е непријателот однадвор. Да ги сметал Јустин „склавите“ за закана по царството од надвор дали немало да реагира? Наследникот на Јустин, неговиот внук Јустинијан (според некои извори Управда, кој исто како и неговиот чичко има потекло од скопско, Јустинијан е латинска варијанта на неговото вистинско „склавинско“ име) ја завршува војната со Персија и се врти против Готите во Италија. „Склавите“ уште хараат и пљачкосуваат низ Балканот, а Јустинијан испраќа свои заповедници со малку војска, за запирање на пљачкосувањата и немирите. Зошто? Едноставно затоа што не ги смета за закана од надвор и воена сила која може на било кој начин да му ја загрози империјата, затоа што тие се едноставно побунети „склави“. Историјата како еден од најголемите испади на „склавите“ го смета оној од 548 година кога, пази сега, со војска од 3.000 (????) склавини тие упаднале во Тракија и пустошеле и рушеле. Секогаш кога Византиската војска одела кон границата на Дунав, ги смирувала нередите (пустошењата кои ги правеле „склавините“) била напаѓана од мали групи „склавини“ длабоко во територијата на Византија, со герилски напади. Откако Јустинијан ги поразува Готите во Италија, тој се концентрира на Балканот и за неполна година воспоставува целосна контрола врз Балканот и силно ги утврдува градовите во внатрешноста и по границата (нормално дека добар дел од „склавините“ пребегале и живееле од другата страна на Дунав). 558 година е посебно тешка за Византија, поради силниот земјотрес во Цариград и поради силната зима која целосно го заледила Дунав. Но и покрај тоа никакви „склавини“ не го преминуваат Дунав, туку кутригурските Бугари ко преминувајќи го Дунав одат директно на Цариград, но никаков проблем нема со „склавини“, што е по малку чудно. Зошто „склавините“ кои беа толку бројни не ги искористија условите и не удрија директно на полуразурнатиот Цариград?

Во меѓувреме на западната граница на Царството (од таа страна на Дунав) се појавува турко-монголското племе - Авари. Тие навлегуваат првпат на територија на Византија со околу 20.000 војска, за време владеење на Јустинијан. Од тогаш па се до доаѓањето на престолот на Хираклие (610-641) Византија на Балканот има проблеми исклучиво со Аварите како организирана воена и на некој начин државна формација, а „склавините“ се спомнуваат само како нивни поданици. Еден од најголемите виновници за губењето на териториите на Балканот е Фока (602-610) кој ја губи целосно контролата и е симнат од престот со граѓанска војна. Со доаѓањето на престолот на Хираклие, историјата тврди дека веќе целиот Балкан бил „ссклавинизиран“ од Дунав до најјужните делови на денешна Грција. А Тракија и Македонија веќе се нарекувале Σκλαβινγα, Склавинија. Значи „склавите“ ја превземале контролата врз добар дел на територијата на Балканот.

Ова е во кратки црти. Мене целава прикаска ме потсетува на една друга ситуација од поновата историјата. Имено, при крајот на XIX и почетокот на XX век и Турската империја се обидуваше да докаже дека во Македонија нема организиран отпор од внатре, туку дека „Бугари влегуваат од територијата на Бугарија“ и прават нереди. Само што таа измама заврши неуспешно, за разлика од Византискава, која фино ја фризираа и прилагодија на свои потреби германските историчари од XIX век.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom