- Член од
- 24 октомври 2005
- Мислења
- 43
- Поени од реакции
- 0
Serdarot напиша:повеќе или помале се сложувам, арно ама...
Археологијата НЕ докажува изумирање на градскиот живот во тој период!
проблемот е шо голем дел од археолошките локалитети или се уништени, или недоволно проучени, или лежат под земја да бидат допрва „откриени“, и СВЕДОШТВАТА, односно наодите од тој период се минимални и врз база на нив не можат да се донесат заклучоци кои би „држеле вода“.
А да остане таква темнина сесрдно помогнаа „пријателите“ на „братовчедов“ наш, со палењето на Александриската и други библиотеки, и немилосрдното уништување на знаењето и трагите од БАЛКАНСКАТА Цивилизација, каде шо Македонија била само еден дел од центрите...
Не се сложувам. Археологијата докажува разрушување на најголем дел од градовите во Македонија, но нема одговор зошто, едноставно градскиот живот замира. Нема никаков доказ ни за заминување на целокупното население од Македонија, односно Македонија е континуирано населена и е едно од најнаселените подрачја во тој период во Европа (поради долгата цивилизациска традиција и поволни природни услови). Доселување на ново население во тој период во Македонија нема. Турко-монголизираните братовчеди го потенцираат Микулчиќ со некакви негои теории кои се само негови и ниту еден друг сериозен научник не ги потврдува, а целата прикаска на Микулчиќ се базира на една фигура „шаман на коњ“ и некакви каиши и сл. најдени во Кичевско кои можеле да стигнат таму на илјада и еден начин, меѓудругото како воен плен на некој византиски војник, или со трговска размена и сл.
Причините за напуштањето на градовите може да се повеќе, меѓу кои и граѓанската војна која се разгорува во тој период низ цела Византија, како и бунтовите на локалното население („Историја на Византија“ од Острогорски). Но тие варијанти никој од историчарите не сака ни да ги погледне, а не да размислува за нив. Но факт е дека во Македонија набргу се воспоставуваат војнички градови (византиски), и полека се враќа градскиот начин на живот, што ниту во еден случај не е карактеристика на „словените“.
Член на раководството напиша:Прататковината на словените е на територијата помеѓу реките Висла, Днепр, Днестер, Десна, Двина и Карпатите. Словените таму кај што живееле дур живееле не привлекувале ничије вниманије па ниту се знаело за нив, затоа што живееле зад границите на тогашниот цивилизиран свет. За германите, диви племиња има еден куп документи оти Рим војувал со нив, исто и за Готи, Брити, Келти... но словените не дошле овде како хорда или воена наезда. Тие ниту биле воини, туку со векови се населувале - мигрирале, полека полека слегвале надолу. На преселбата и постепена миграција ги натерало во извесна мерка наездата на Хуните, во 375 НЕ а веројатно и бегање од доминацијата на источните Готи кои владееле со нив.Не постои никаква ”наезда” или големи битки со кои ќе речевме дека ете на дата таја и таја словените го освојиа балканот во таја и таја битка. Па затоа и години останале надвор од вниманието на историчарите. Словените си основале населби, се занимавале со земљоделие, не биле прочуени ни по богатство ни по цивилизција, а биле и далеку од Византија, Дунав беше тогаш речиси крајот на светот, граница на Римското царство. Словенски населби полека никнуваа и низ Византија, околу Солун и дури тогаш го привлекуваат вниманието и пишувањето на Византиските автори како Цезариј и Прокопиј. .....
Абе ајде. Ова звучи баш како бајка бе мајку му. Тие („словените“) си живееле мирно и спокојно, си се ширеле, си завземале територии и никој не ги приметувал и не им обрнувал внимание. Е кога се доселиле близу Солун (за што нема ниту еден единствен археолошки доказ), а солун е иначе централен дел на тогашната империја, значи кога дошле до „сршта на империјата“ тогаш ги приметиле и се вознемириле сите.

Абе ајде бе момче.
Инаку просторите кои претендираат да бидат „прататковина на словените“ им биле доста добро познати на овие од оваа страна на Дунав. Само Македонците имале повеќе походи на север. Филип II Македонецот во еден свој поход против Скитите се враќа во Македонија тешко ранет и никогаш повеќе не се враќа таму, зошто се вратил со многу мал плен, и во злато и во робје. По закрепнувањето ги напаѓа и толчи грците.
Знаеле многу добро тогашните историчари што има од другата страна на Дунав, ама никако не можеле да видат „словени“ кои бројат десетици милиони население, едноставно затоа што ги немало. Причината поради која империите не се ширеле на север е тоа што немало што да се ограбува, немало богатства, немало големо население кое би се користело како робје поради што немало економска исплатливост да се покренува војска на север, што македонците го увиделе и практично.