Присутноста на паганските Словенски обичаи во денешните православни обреди се забележуваат при погребите и односот кон мртвите. Култот на мртвите бил значаен кај нашите претци - Словените. До 10ти век кога дојде до премин од паганството во христијанството, Словените ги спалуваа своите мртви. Веруваа во задгробен живот и беше вообичаено покојникот да се испраќа со јадења за оној свет. Имотните и угледните беа испраќани со коњите, жената, робинки, кои беа убивани и спалувани со него. Негде од 11 сти век Словените го прифаќаат закопот и како христијански начин но ги задржуваат паганските обичаии кои во еден период подразбирале и игри со маскирани учесници на гробот како и носење храна на одредени денови на гробот, обичај кој се задржал до денес, трети, седми, дванаести, четириести ден како и на 6, 12, 36 месеци кога се оди на гроб со храна се остатоци на паганските религии на нашите претци и верба во задгробен живот како и празниците задушници кои паганите ги прославуваа рано на пролет и доцна на есен се одржаа до денес.
ЛЕШИЈ, Лесовик, Лесовој, Лешак, во словенската митологија дух кој владее во шумите и ѕверовите Преставен како човек - пастир чие стадо се шумските животни. Со сини образи, зелени очи, идолга зелена брада. Понекогаш се јавува во варијанта со копита и рогови. Интересно е облекувањето, се носи погрешно, обувките му се лева на десна нога, десна на лева, кожувот наопаку облечен. Немал сенка а крвта му била сина. Додека оди низ шумата е голем колку дрвјата додека. Зол е и секогаш спремен да патниците и ловците ги заведе на погрешен пат. Еднаш годишно на собир на волците им кажува што и колку да ловат во годината. Од него остана обичај во Христијанството да облечиме нешто (маица или слично) наопаку - против уроци. А од името остана Лесковец во Србија, Лешок во Македонија...
Перун бог почитуван од сите словенски племиња, нему му се посветени планинските врвови и извори, а му се жртвувани бикови. Преставуван како возрастен маж со огнен камен во рацете, а понекогаш со стрели или боздоган. Од дрвјата му е посветен дабот а од растенија - перуниката за која се смет дека ја чува куќата од гром, пожар и други несреќи. Призиван е при полагање на заклетви или склопување на договори за да го казни оној кој ќе го прекрши.По прифаќање на христијанството Перуновиот лик се пренесува на свети Илија
Вилите се често спомнувани и присатни во Јужнословенските митови, а се пренесени и одржани до денес во народните песни, традиции и преданиа. Преставени како убави златокоси девојки со криља, облечени во долги прозрачни фустани, вооружени со стрели. Живеат далеку од луѓето, обично по планинте, покрај води, реки, извори или во опблаците. Се верувало дека се раѓаат од капка роса, или од виножитото. Одат во лов јавајќи на коњи или елени, и често играат во оро. Во народните преданиа често се заљубуваат во јунаците, и им помагаат во нивните дела. Наклонети се кон девојките на кои ако ги замолат му даваат убавина. Вешти се во лекување на рани со билки, и имаат способност на прорекнувањето. Ако ги навредат тешко ги простуваат навредите и се осветољубиви, па со стрели или со поглед ги усмртуваат оние кои ги повредиле. Ако им се отсечат криљата се претвораат во обични жени.