Скопје се гради. Добро ли е тоа?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
watermark-4.jpg

Ова место каде што ке се гради триумфалната капија е некаде во дворот на мојата прабаба и баба.Оваа народна власт го обесштети мојот дел од фамилијата со 1000 евра
 
Јас работам во приватна фирма, ама убеден сум исто дека твоите фрустрации што не работиш во админстрација ги искажуваш преку критика на се што се прави во државава.

Познато ми е тоа, да се критикува - но, добро е кога тоа се прави со аргументи. А, вака нема некако работиве ми немаат логика.
И исто така ми е познато дека сите сме навикнати ништо да не се прави и се да стои во место - да, тоа беше реалноста до скоро. Но, сега кога фактите говорат друго - редно е истото да го поздравиме и поддржиме.

Кој аргумент ти го стави во своја одбрана? Немало да плаќаат високи кирии.Јас ќе ти кажам подобра опција,избркајте ја половина од клатонишачката нација и ќе се сместите сите во една зграда.Така ќе нема потреба од фрлање државни пари за згради во кој е сместен ракот на државата. Огромна зграда во спомен на евреите,како да е тоа толку битно во моментов и без него неможеме да живееме.Само чекор зад ова здание собраќаен хаос.Украси во домот се ставаат од кога се ќе се реновира,па се оплеменува со детали.
Кој е вториот аргумент? Барем се гради? Само што го гледав спотот од владата Барем се гради,се прашувам колку пари,колку милиони фрлија за рекламирање на секој свој потег за да може дел од населението со малку сива маса да им се клања.
 

Ти ја разбирам иронијата, ама разбирам и дека не можат сите да имаат IQ доволен за да бидат паметни.

Еден пост погоре, каде не го спомнав Грујо, а ти не прочита (или прочита ама не сфати) реков, треба да се градат објекти во служба на граѓанинот. Па во целата калакурница, се трефат некои добри проекти, како стадионот од којшто не знам колку пари е испрано, како театрот којшто е мегаломански изграден, за да се испокраде повеќе, па дури донекаде и како жичарницата, за која верувам не украдоа премногу.

Али, Триумфална капија?!? Споменик од 20 метра? Кој ви е курац луѓе? Осет имате ли? Мост за да се влезе во Суд... не сте бре токму, не сте со сите... ај за Евреине ќе прифатам дека сами си го финансираа, затоа се изгради, сите други се влечкаат...

--- надополнето ---

Ај, џиџе!
Old_Porta_Makedonija_Skopje.jpg

Инаку постоела капија и се викала порта Македонија, ама бизарното е тоа шо е градена како копија на онаа римската до колосеумот.
Дали сеа ќе ги искинеш сите признанија? :smir:

Види, убаво од твоја страна што се обидуваш да најдеш поврзаност помеѓу оваа на сликава капија и оваа што сега се прави. Единствено, триумфални капии се прават заради нешто. Конкретно оваа, ја направиле Турците, Србите или Бугарите? Кои? Македонија нема победа од Самуил нааму, а 10 дена република ако го сметаме за победа онда треба да се самозапалиме на истата триумфална капија која шо ни ја градат.
Мада, дури и да помине ова со Крушево, повторно, ме иритира тоа што таа се гради за да се ќари глас повеќе, за да се изманипулира народот и да се извади реченицата на Цитро, „барем нешто се гради“.
Е јебига, таква е политиката, живее на грб ма простиот човек
 
Ти ја разбирам иронијата, ама разбирам и дека не можат сите да имаат IQ доволен за да бидат паметни.

Еден пост погоре, каде не го спомнав Грујо, а ти не прочита (или прочита ама не сфати) реков, треба да се градат објекти во служба на граѓанинот. Па во целата калакурница, се трефат некои добри проекти, како стадионот од којшто не знам колку пари е испрано, како театрот којшто е мегаломански изграден, за да се испокраде повеќе, па дури донекаде и како жичарницата, за која верувам не украдоа премногу.

Али, Триумфална капија?!? Споменик од 20 метра? Кој ви е курац луѓе? Осет имате ли? Мост за да се влезе во Суд... не сте бре токму, не сте со сите... ај за Евреине ќе прифатам дека сами си го финансираа, затоа се изгради, сите други се влечкаат...

Го прочита ли овој пост?

Не мора фабрики да гради но зошто не се формира еден научен институт со годишен фонд од 100 милиони евра?

Во него ќе работат најголемите умови во земјава.
Замисли само, најдобрите 100 инжињери(Ај Кју просек 170) ќе работат на создавање технолошки иновации, што мислиш дали во таа ситуација Македонија би била неатрактивна за странските инвеститори?

Знам дека станувам досаден со идејава но ако ова се реализира Македонија ќе успее да ја претрка Словенија за максимум 7-8 години.
 
Само што го гледав спотот од владата Барем се гради,се прашувам колку пари,колку милиони фрлија за рекламирање на секој свој потег за да може дел од населението со малку сива маса да им се клања.

Подобро е да се гради и да се рекламира, одколку да не се гради и да се краде. Тоа е вистината.
 
Подобро е да се гради и да се рекламира, одколку да не се гради и да се краде. Тоа е вистината.

Толку високи цени на споменици и објекти , на кои цената им расте секој месец , се нешто ново искача , а ти мислиш дека не крадат , смешен си.

Ќе треба во иднина да се докаже како тоа 2.5 милион евра и се дадени на само еден уметник , милиони евра за кампањи , милиони за лавови , но толку се професионализирани во крадењето не верувам дека ќе се одговара за сите дела , пак најголемиот криминал ќе остане неказнет. Не изигравајте Божји пратеници , секој се сложува дека за време на владеењето 1998-2002 најмногу се крадело , кој стигнал , да не забораваме дека сегашниот премиер во тоа време беше министер.
 
Подобро да се оди со главата во ѕид отколку со чекан...тоа е нашиот Македонец, поинат од магаре.
 
Подобро е да се гради и да се рекламира, одколку да не се гради и да се краде. Тоа е вистината.
Дека е вистина , Е вистина, ама не е целата вистина. Премногу едноставно ти се поставени работите. Да се краде и да не се гради е страшно лоша опција, ама па да ти градат глупости со твои пари и да ти перат мозок, пак со твои пари и одозгора да викаш дека е подобро, епа другар извини ама ти си токмак (абдал шо би рекле турците). Оти тие пари да не се искористат за инфраструктурни/капитални проекти , па да види и народецов аир од своите пари?
 
Подобро е да се гради и да се рекламира, одколку да не се гради и да се краде. Тоа е вистината.
Пријателе ајде вака....може ли ти твојота заработка месечна да ми ја даваш на мене а јас ке одлучувам со колку пари ке јадеш ,ке плаќаш сметки ,ке купуваш облека ..итн
И сега ти на пример имаш 20 000 денари плата а јас ке ти оставам по 5000 за храна и сметки а за другите 15000 ке добиваш облека ,и тоа све бренд..
Ама не е само тоа ,ако сакаш фармерки Левис да кажеме кои чинат 6000 денари ти мора да ги платиш 10 000 затоа што и јас морам да ставам во џеб 4000 ...сега прашањето....дали јас те крадам или не ???
Другата опција ти е ,ти ги земам тие 15 000 си ги ставам во џеб и не добиваш ништо....те крадам ??????
И во двата случаи ти нема да преживееш ,освен ако не ти вари желудникот текстил:toe:
 
Дали знае некој да направи математика колку би требало да коштат овие објекти што се градат низ центар, ако би се изградиле на поинаков стил?

Пример се зборува дека музејот на ВМРО близу камени мост , кошта 10 милиони евра.

Со тие пари би се изградиле 500 станови, односно 10 згради со по 50 стана.

Или пак 100км селски патишта.

... 20 модерни училишта.
 
Така ли ве учеа,дека и ова се инвестиции? :pos: :pos:
се извинувам што е смешно поради тоа што некои мои блиски ЕГЗИСТИРААТ од тие "инвенстиции":nesum:
другар ги мести столчињата на Филип 2
чичковци (ќе)местат водовод и парно во Музејот на ВМРО/Стариот Театар
познаници кои мешаат малтер за тие објекти
другари и другарки кои помагале во досовршувањето на скулпторите

СМЕШНО Е НЕЛИ,тоа што во државава постојат и други РАБОТНИ гранки освен економисти и правници:nesum:

за некој,овие "инвестиции" се можност да си ја прехрани и фамилијата,а за НЕКОИ политика и џабе фрлени пари:kesa:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom