Скопје се гради. Добро ли е тоа?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Да, тачно, а ти не си го јавала бикот до сега..? Ај ќе те качам некогаш, убаво се седи на него ќе ти годи

--- надополнето ---



Знаеш како се вика..куче што лае не каса.. така ми се чини и за неа.. Редовно она е најпаметната тука, а две овци да и дадеш ќе ги изгуби

Од тебе до ред неможе да се дојде.
Викаш две овци..хм,тебе не те губам ќе ти врзам портокалова машничка.А другата со голем ѕвонец да може да те води,бидејќи само по звуци се движиш,слабо користиш вид.
 
Ај, џиџе!
Old_Porta_Makedonija_Skopje.jpg

Инаку постоела капија и се викала порта Македонија, ама бизарното е тоа шо е градена како копија на онаа римската до колосеумот.
Дали сеа ќе ги искинеш сите признанија? :smir:

Дали Македонија имала ваква градба? На кој стил припаѓа ова???
Македонскава триумфална капија е оргомна грешка, а фактот дека ќе треба да се дадат уште пари за да се прилагодат зградите околу е друга приказна.

Имам многу прочитано и многу видено, ама дека Скопје имал триумфална порта како сликата подолу јас никаде немам најдено, а ако ти си нашла те молам да ми го кажеш изворот!

watermark-4.jpg


Никој не проверува извори, градат како ќе им се сони.

П.С. Да, како тргнал Гwујо, јас ќе фрлам се` што имам дома. Во оваа држава треба да си глупак за да успееш, а не смееш да имаш грам памет, оти тогаш си конкуренција на дечките со завршено само 8мо одд., а ни ја кројат иднината.
 
Дали е добро што Скопје се гради? Да, добро е што се гради,не е добро што се градат глупости,не е добро што државата ми зема повеќе од пола од парите што се потешко и потешко ги заработувам поради лошите условите во истата таа држава ,не е добро што и покрај тоа што се повеќе пари ми зема државата пак и се малку па се задолжува кај ќе стигне како да нема утре..
Не е добро ни што се продолжува со трендот на концентрирање на проекти финансирани од страна на државата на многу мал дел од Македонија (потесното градско подрачје на Скопје),наместо да се оди на поврзување на цела Македонија па да се растерети главниот град.Ние сме толку мала територија што релативно лесно и ефтино можеме цела држава да ја направиме да функционира рамномерно,растеретено и многу,многу пофункционално одколку сега,ама на кого да му кажеш..
 
Имам многу прочитано и многу видено, ама дека Скопје имал триумфална порта како сликата подолу јас никаде немам најдено, а ако ти си нашла те молам да ми го кажеш изворот!

не стаив само слика, и текст ставив. обрни внимание на едно зборче што почнува на Б. ете го, ете го!
 
Hitch а зашто мора да се гради врз нешто што постоело или да мора да личи на нешто што било или ако немало нешто не смее да се гради.? Него ја чекам Леандра да се кандиидра, јавно си кажувам дека гласам за неа, она е човек со огромни визии и визионер 100 години понапред од сите.. Она ќе гради улици,плоштади,ќе ги фати сите криминалци , нема да има невработени, годишно ќе имаме пораст од 102 % и слично . Ќе отворам пункт да собираме потписи за Леандра :je:
 
Гледај што ти се вика техника за лижење и коленичење.Веднаш си ја фати работата од почеток :)
 
уште ли не ви е јасно., народот е НАУЧЕН дека,тие пари наместо да се инвестираат во нешто, ТРЕБА ДА СЕ КРАДАТ!!!!!!!

многу тешко ја прифаќа таа промена:pos2:
 
Триумфалната капија (4.5м евра) и лавовите (2.5м евра) се големата глупост во проектот.

7 милиони евра се еднакви на 50-60км патишта во селата , нема да заглават во кал , нема да им починат болните на пат кон болница ... Толку сме научени со овие милионите , ех што се 1 милион за споменик, а забораваме колку други работи ни фалат.
 
уште ли не ви е јасно., народот е НАУЧЕН дека,тие пари наместо да се инвестираат во нешто, ТРЕБА ДА СЕ КРАДАТ!!!!!!!

многу тешко ја прифаќа таа промена:pos2:

Така ли ве учеа,дека и ова се инвестиции? :pos: :pos:
 
Триумфалната капија (4.5м евра) и лавовите (2.5м евра) се големата глупост во проектот.

7 милиони евра се еднакви на 50-60км патишта во селата , нема да заглават во кал , нема да им починат болните на пат кон болница ... Толку сме научени со овие милионите , ех што се 1 милион за споменик, а забораваме колку други работи ни фалат.

Тачно не да не
 
Се кладам дека ако ги лапнаа министрите овие парички, немаше да има луѓе што ке се бунат. Македонски менталитет, тоа ти е, што викаш, за нив ако ги украдат тоа е добро, ако направат нешто, тоа не чини. По се изгледа демократијата има повеќе мани отколку предности. За нас само Хитлер, никој друг.
 
Ај, џиџе!
Old_Porta_Makedonija_Skopje.jpg

Инаку постоела капија и се викала порта Македонија, ама бизарното е тоа шо е градена како копија на онаа римската до колосеумот.
Дали сеа ќе ги искинеш сите признанија? :smir:
Никој не тврди дека глупоста и невкусот се ограничени само на ова време и оваа гарнитура. Но, би се опкладил дека оваа јадна скаламерија имала многу поразумна цена од “Триумфалната Капија“, а веројатно и постапката на нејзиното финансирање била потранспарентна.

--- надополнето ---

Се сликале со Бикот (кој е толку очигледно лоша копија од некојси скулптор-медиокритет на Бикот од Вол Стрит, без и малку обид за креативност и оригиналност), јакиот аргумент.

Па се утепаа луѓето сликајќи се со Црнците од Африка кои продаваат дребулии на плажите во Грција (не пукајте! само 5 дена бев!), што е патем одраз на глупавост и расизам, па што сега - да ги прогласиме јадните за уметнички дела? Да донесе закон Грција за “увоз“ на поголем број заради промовирање на туризмот?

Да ви е*ам тоа логиката глупава неизживеана.
 
не стаив само слика, и текст ставив. обрни внимание на едно зборче што почнува на Б. ете го, ете го!

Ми се мешаш во струка, а јас немам намера да те просветлувам ниту тебе, ниту некој друг. Најди релевантни извори и презентирај ги. Сликата која си ја поставила нема врска со сликата која сум ја поставила, припаѓаат на различни периоди. Види поубаво!!! Штом ти се допаѓа парите кои мачно ги заработува твоето семејство да се фрлаат на триумфални порти тоа е твој избор.

ЈАС ФРЛАМ СЕ` ВО КАНТА И СЕ ОТКАЖУВАМ ОД ТЕМАВА!

@ до омилениот
CiTro ® на Леандра:

Мака ми е да гледам како трошат мои пари на работи кои во моментов не се потребни. Смачено ми е да ме прават будала при здрав памет!!!

П.С. Многу исцрпен извор си нашла! Мора да се препоти од барање и од пишување. :smir:
 
Дали е добро што Скопје се гради? Да, добро е што се гради,не е добро што се градат глупости,не е добро што државата ми зема повеќе од пола од парите што се потешко и потешко ги заработувам поради лошите условите во истата таа држава ,не е добро што и покрај тоа што се повеќе пари ми зема државата пак и се малку па се задолжува кај ќе стигне како да нема утре..
Не е добро ни што се продолжува со трендот на концентрирање на проекти финансирани од страна на државата на многу мал дел од Македонија (потесното градско подрачје на Скопје),наместо да се оди на поврзување на цела Македонија па да се растерети главниот град.Ние сме толку мала територија што релативно лесно и ефтино можеме цела држава да ја направиме да функционира рамномерно,растеретено и многу,многу пофункционално одколку сега,ама на кого да му кажеш..
Убаво кажано :cuc:
 
Јас сум убедена дека вие работите во државна администрација,чим не ви е јасен зборот приоритет.

Јас работам во приватна фирма, ама убеден сум исто дека твоите фрустрации што не работиш во админстрација ги искажуваш преку критика на се што се прави во државава.

Познато ми е тоа, да се критикува - но, добро е кога тоа се прави со аргументи. А, вака нема некако работиве ми немаат логика.
И исто така ми е познато дека сите сме навикнати ништо да не се прави и се да стои во место - да, тоа беше реалноста до скоро. Но, сега кога фактите говорат друго - редно е истото да го поздравиме и поддржиме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom