„Извинете, брзам. Може пред вас?”

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
А да чекаш ред со едно пакетче мастики а пред тебе 2јца со корпи за гурање пуни ко планина?
Уше да не ме пуштат, срамота.
 
Пуштам само трудни жени и мајки со деца.Старите не ги ебам ни 2 посто
 
Ако некој културно ме замоли, и увидам дека навистина се брза, зошто да не...нека оди пред мене.
Се е до тоа како ќе ми пристапат, и до тоа колку се брзам јас.

Sent from my T-Mobile Move Balance using Tapatalk 2
 
Ако некој ме праша може и ќе му дозволам,све зависи од тоа дали ја неам некоја работа,и да морам да се брзам.И добро бе кога ќе са научат да стојат позади жутата линија,а не да ми се внесуваат у фаца,и да ми дишат у врат.Мислим стварно културава ни е на многу ниско ниво,џабе ланци,џабе линии,коа ништо од тоа не се почитува.Изгледа додека не добие некој по муцка ништо работа,па може тогаш ќе се освестат,за зборот приватност.
 
баш денеска дремев ко будала за на баба рецепти да и препишат и туку иде една теткица, ни две, ни три си тропа на врата за да влезе, а пред неа 4-5 души дремевме.
овие другиве си ќутат и ја и викам: Ама и ние сите сме за таму, зафатен е докторот го чекаме.
и оваа ми вика: ама, не јас, одма ќе излезам само за да види нешто...
јас и викам: па и ние сме за набрзина. кој за печат, кој за рецепти, почекајте и вие....
и уште вика: ако не им смета на другите да си влезам јас....
и сите фаци праат, очи вртат( а никој не вика на глас....глупаци)
tn-memes-no-face-of-course-not.jpg

и само еден од постар човек рече: Па ај влези ако толку ти се брза...
дотичнава не чекаше два пати да и речат :tapp:
 
Зависи од тоа какво ми е расположението и состојбата во моментот , некогаш ги пуштам , некогаш не , јас стандард си чекам , никого не молам да идам пред него па макар да сум само со еден артикал или сметка во рака си чекам
 
А да чекаш ред со едно пакетче мастики а пред тебе 2јца со корпи за гурање пуни ко планина?
Уше да не ме пуштат, срамота.

Па што си влагал во супермаркет за пакетче мастики? Треба да знаеш дека може да се погодат пред тебе двајца со полни корпи, па ќе чекаш.

Ма какво пуштање преку ред бре. Бремена сум, влагам во автобус во кој треба да се возам 40 минути. Младиве СИТЕ наудрени се прават, мамичето нивно. Невоспитани. Поседов 5 минути на нозе и една жена 40годишна се сожали ваљда и ми стана. Исто и еден дедо 80годишен ми рече кажи кога сакаш, ќе ти станам. Срамота. Младиве се прават сите наудрени, како да му речам на дедото да ми стане? Не дај Боже да се деси нешто, абе ќе ги заколам сите. Одвај чекам да забременат и тие, одвај. Идиоти невоспитани.
 
Јас сум од оние кои секогаш ред чекаат без разлика за каде да се работи но нешто што воопшто не ми се допаѓа кога некој од позади ќе дојде пред мене ќе ме праша дали можело преки ред зошто се брзал а чекај малце јас тука дојден сум за на спиење пошти мене не ми се брзало? Таквите луѓе кои што секогаш сакаат преку ред на фин начин им се кажува дека треба да покажат барем малку градска култура и да си застанат во својот ред. Ако се нејќе со арно тогаш со карање и ќе се доведе во ред.[DOUBLEPOST=1427021218][/DOUBLEPOST]Јас сум од оние кои секогаш ред чекаат без разлика за каде да се работи но нешто што воопшто не ми се допаѓа кога некој од позади ќе дојде пред мене ќе ме праша дали можело преки ред зошто се брзал а чекај малце јас тука дојден сум за на спиење пошти мене не ми се брзало? Таквите луѓе кои што секогаш сакаат преку ред на фин начин им се кажува дека треба да покажат барем малку градска култура и да си застанат во својот ред. Ако се нејќе со арно тогаш со карање и ќе се доведе во ред.
 
Зависи од две работи.
1. Дали јас брзам или се луфтирам. Во последно време скоро за нигде не се брзам, па не ми прави разлика за некоја минута плус.
2. Дали ме прашале ко што треба, културно де.

Ако не брзам никаде, ако стварно тие неколку минути мене апсолутно не ми менуваат ништо во животот, тогаш зашто да се правам идиот?
Од друга страна, не ми текнува да сум побарала во продавница/супермаркет за пакет мастики или палома да идам преку ред.
 
Кој сака нека е, ако покаже култура и бонтон зошто да не. Многу ценам кога човек е културен и на ниво, во спротивно ги газам ка гована. А во Македонија е многу ретко да наидеш на такви луѓе, бидејќи самиот систем не приклешти да се одделиме едни од други и да се мразиме. Постои страв а со тоа и несигурност. Не се луѓето до толку утепани.
 
Пред некое време прочитав интересна изјава вели треба да се отвори посебен шалтер за оние кои имаат само да прашаат нешто. Ти како будала чекаш ред, а он/а ете има само да праша нешто. Као демек ти стоиш тука за гужва да правиш да не е празно :D
 
Пред некое време прочитав интересна изјава вели треба да се отвори посебен шалтер за оние кои имаат само да прашаат нешто. Ти како будала чекаш ред, а он/а ете има само да праша нешто. Као демек ти стоиш тука за гужва да правиш да не е празно :D
треба телефонска инфо линија за ова :) некои институции имаат кај нас ама најчесто не се јавува никој :lolzz:
 
Секогаш сум пуштал и ќе пуштам преку ред на доктор луѓе кои изгледаат многу лошо, на кој им се слошува, мајки со мали деца.... али ко ќе ми рече “само да прашам нешто докторката“ - им велам “кажете шо сакате, јас ќе ја прашам па ќе ви кажам одговор кога ќе излезам... или она бедното “само да ги види резултатите“, па врз основ на резултати ќе ти даде дијагноза, ќе ти препише терапија, ќе ти напише лекарства, можеби упут, совети.... накратко 20 минути преглед ќе биде
По шалтери исто , бемени жени, жени со мали деца, стари изнемоштени... нема проблем да ги пуштам пред мене, и ништо повеќе а она “се брзам, автобус ќе ми замине, од работа сум излезен....“ не признавам.
Голем проблем по шалтерите кај нас е што се нејасно и нечитко одбележани па се случува често да чека човек во погрешен ред, секогаш ќе пуштам некој да праша дали чека на вистинско место али ако видам дека то го злоупотребува, па почнува да си брка работите - немам проблем да го фатам за рака и тргнам назат на местото .
Накратко, сум да му се излезе во престрет на одредени категории на луѓе на кој чекањето би им било тешко, или накратко да видат каде да чекаат, останато - не.
 
Колку ме нервираат овие што уплаќаат дневен промет. Ни прашуваат дали може преку ред ни ништо, човек ќе помисли дека е нивна банката.

Во маркет тој што е позади ако купил малку производи без да ме праша му дозволувам да наплати пред мене. А во болница, шалтери веќе се знае на какви луѓе им се дава ред.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom