„Извинете, брзам. Може пред вас?”

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
Ја СУМ кафир, нели?

Погрешно, од твоја гледна точка може ТОЈ да е кафирот.

Кафир значи нечист, неверник. Не ти ја знам верската определба, ама сигурен сум дека не си муслиман (не знам со сигурност ни тој дали е муслиман). Ама ако претпоставам дека тој е муслиман, а ти си христијанин, или што знам - веруваш во Зевс, Маниту, Один, Црвениот Бог, или атеист си, итн... Тогаш од твоја гледна точка, ти за него можеш истото да го кажеш - дека е неверник, или кафир.
 
Последно уредено:
Ако не се брзам би го пуштил,зошто да не.
А тоа дека сите се брзаме во моментот не верувам
 
Никогаш не ми се случило да побарам некој да ми даде предност, колку и да се брзам, но ми се случило во маркет личноста што е пред мене да ми дозволи да бидам пред неа на каса, ако сум со еден производ.
Посебен случај ми се пензионерине, па како само се брзаат мислиш градот на нив чека за да функционира, особено ко ќе ти застанат веднаш прилепени во редот на шалтер, особено после изедено лукче за здравје :facepalm: , може да добијат само остар поглед :) На некои навистина изнемоштени, кои факт е дека ги има по шалтери, самоиницијативно им сум помогнала дури, ама кога ги гледам некои невоспитани, а возрасни, не им отстапувам во никој случај.
Почитување на туѓото време е нешто што треба да се учи од основно образование, ама и да се повторува понатаму.
 
Највероjатно ако не се брзам би го/ја пуштила. Само од такт ме вадат ако им речиш не, одма има дофрлања, коментари исто како да си му го зел редот. Јас сега брзо имам една случка со постара жена, самата се понуди да одам пред неа заради тоа што таа немала друга работа освен да ги плати сметките, а јас сум била млада и сигурно испланирано ми било целото време :)
 
Само милфици пропуштам под услов ак ме замољет културно:D, абе све друго абе и Грујо да дојт да му се брзат назад бе!
 
Зависи од ситуацијата, врмето, како сум расположен :D
Прво, до човекот е. Ако љубезно ме замоли и ми направи онаква тажна фацка за да се смилувам, тогаш би му отстапил место. Има некои, на пример вчера одам на автобуска и имам уште 3 минути до тргнување на автобус и сеа сите си стоиме у колона и баш пред јас да стигнам една постара госпоѓа се обиде да ми го земе местото. Каснев, имав некои проблеми и така па уште тоа ми фалеше. Можеби малку бев дрзок, ама со обвинувачки тон и кажав дека автобусот ќе ми замине и дека не смее туку-така да се пикне преку ред. Се извини, не и се гледало (што се сомневав, али ајде), нејзиниот автобус тргнувал дури за пола саат (можеше барем да излаже и да каже дека и она се брза али ајт).
Од друга страна, одлично сфаќам како е да касниш а пред тебе огромна редица. Многу пати со другари сме трчале низ Тинекс и молеле да не пуштат преку ред зошто ќе задоцниме за час. Ни се нема случено некој да рече не, чекајте си или нешто такво, дури напротив има и некои кои самите ни велат Ај вие сте со помалку работи одете пред мене.
 
Ги пуштам првите тројца такви, четвртиот добива гласно викање и лекција кога ќе изговори еден збор....
 
Во зегин денес се сретнаа со мојте хормони... третиот што тргна да помине пред мене и втората што помина ама не ја пуштав после да си оди!
 
Ја СУМ кафир, нели?
Веројатно, ти си шкавел (shkavel).

Кафир е премногу воопштен поим, а и не се користи толку често колку што повеќето си мислат.

Не се понашај како кафир.
Кажи му на човекот за ова. Или си премногу млад, па не знаеш?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom