Газдите на Сити Мол диктираат кога и од колку до колку ќе се работи. Сите дуќани мора да го почитуваат тоа.
Требаше за Велигден да се работи од 12 до 8, ама го направија од 10 до 8.
Трагично ми беше денес што 100 души ме прашаа дали ќе работиме утре -.-
И прочитав некој коментар за муслимани/православни дека се менуваат за празници. Конкретно кај нас нема многу можност за менување со смени, повеќето се православни и сакале неќеле ќе си дојдат ако се пишани на распоред.
Јас работев за католичкиот Божиќ и Велигден и никој не ме праша дали ми е празник или не.
Приватни фирми се, нормално е да не се замараат со вакви ствари.
Ама добро, сепак ние работените во Сити Мол потпишуваме посебен договор за немање живот. Така да неаме гајле.