Дискусија за буџетот на Македонија за 2011

Како речиси ИСТ буџет како сегашниот преродбенициве го нарекуваат развоен,мене ме чуди јесте да има мислам +7% е зголемен ама па бајаги и вработија непотребни кадри односно администрација со книшка,етничка припадност а не по економски основ-ова штети на долг рок исто така и индексот на корупција како и сеуште неефикасното судство и долгите бирократски хоризонти СИГУРЕН СУМ странците не се БУДАЛИ да инвестираат-во Р.Македонија реалните инвестиции не надминаа 120 милиони евра а трошоци за промотори,консалтинг бла бла???

Ќерата за статуи по 32 милиони евра а субвенции за земјоделците 100 милиони(делумно неисплатени!)????

Ова е третина така:)

Нема развој,не сум песимист,ниту критикувам власт или опозиција едноставно сум реален:)

Либерален пазар без монополи, концесии и субвенции и премногу регулативи.
Па ние испродадовме де телеком 700ки окта ЕСМ остана уште единствениот природен монопол железницата...ауу да и водата!!

П.С либерален пазар нема кога имаш нелојална конкуренција,кога имаш селективност по неекономски основ понатаму сива економија и ЕУ применува субвенции и ајде еве свеж пример со српското млеко кое баш поради субвенциите од србија стана конкурентно на нашиот пазар па сега се намалува бројот на крави,стока говеда а на долг рок расте бројот на Идиоти удрени од медиумската лоботомија!
 
две милијарди и шестомилиони евра буџет...

Па нек го поделат рамноправно по семејства, ако е просек некои 4 члена во семејство би му дошло по нешто над 5.000 евра по фамилија. Тие шо се сиромашни ќе си се препородат ќе имаат пари за цела година да си живеат со по 400 евра месецо, тие шо се средна класа ќе можат да си земат кола од германија или плазма тв и некои работи за дома, а тие богатите можат да се частат со по некој одмор на бали, малдиви или рио.
Сите задоволни а парите ќе се свртат и в година пак.
 
Ќерата за статуи по 32 милиони евра а субвенции за земјоделците 100 милиони(делумно неисплатени!)????

Ова е третина така:)

Нема развој,не сум песимист,ниту критикувам власт или опозиција едноставно сум реален:)

Па ние испродадовме де телеком 700ки окта ЕСМ остана уште единствениот природен монопол железницата...ауу да и водата!!

П.С либерален пазар нема кога имаш нелојална конкуренција,кога имаш селективност по неекономски основ понатаму сива економија и ЕУ применува субвенции и ајде еве свеж пример со српското млеко кое баш поради субвенциите од србија стана конкурентно на нашиот пазар па сега се намалува бројот на крави,стока говеда а на долг рок расте бројот на Идиоти удрени од медиумската лоботомија!

статуите не коштаат 32 туку преку 200 милиони евра...
 
статуите не коштаат 32 туку преку 200 милиони евра...

Не шири дезинформации 200мил e целиот проект сосе згради мостови и чуда. За Статуи се макс 30-40 милиони во период од 5 години или 7-8 милиони годишни од 2,5 милијади буџет. 7 милиони од 2,5 милијади е 0,2%

Е остнатиет 99,8% се трошат на работи за кој никој ни од СДСМ и ВМРО несака да дискутираат многу.
160000 Административци
300 000 ПИОМски Пензионери
ФЗО
ЈСП
МТВ
и остали јавни ѓубриња.

Е додека рипате како зелени мајмуни по Статуи, Кипови и Антички Фасади Грујо и БЦ ќе ве шишаат како овци.
 
Значи повеќе за леење бронза,за имитација со триумфална капија а за земјоделието чиста лага или намерно одложување,притисоци абе нека не креираат идиоти па со 200 милиони каков стимул се дава на економија како нашава..ццц па срамота е ќерата и гледаме како лозарството умира,сточарството исто...зарем не можеа 10 милиони евра да пуштат за лозарите или пак малце барем координирана монетарна и фискална политика,знаеш ЧУДИ ФАКТОТ што имаме како Прво ЕНЕРГЕТСКИ ПОТЕНЦИЈАЛ(хидро-важен е и за индустријата исто така) како второ Имаме и Ефтина работна сила,трето имаме солидна или географски кажано ПОВОЛНА географска положба,имаме и рудни богатства а и предуслови за земјоделство,сточарство или со еден збор имаме ПРИРОДНИ предуслови за просперитет,раст и развој а еве НЕМА НИШТО???

Букефал да не беше само 32????

Ауу па цената на овие лоботомни идеи владата изјави дека нема да надминат над 80 милиони евра е сега дали е до кадрите дали транспорт и шпедиција зема многу пари тоа незнам.Ама не е на арно имаме 2000 деца бездомници,зголемена стапка на убиства,девијации и слабости во системот каде покрај негативните фактори кои ги набројав во претходниот пост сега пак на виделина е и феномен префрлање одговорност од институција до институција тоа ти иде како тко је почео Рат:)

Ако споредиме ПОЗИТИВНИ УСЛОВИ за просперитет,добробит и развој на нашата држава ПРОТИВ Негативните фактори се доаѓа до заклучок дека народот е ГЛУП како Метилава ОФЦА!!

ејј ама добра вест ми кажа 200 милиони за статуи...цц ај кафе да си варам и цигарче едно на краток рок влијает позитивно..(освен цигарите):)
 
Па ние испродадовме де телеком 700ки окта ЕСМ остана уште единствениот природен монопол железницата...ауу да и водата!!

П.С либерален пазар нема кога имаш нелојална конкуренција,кога имаш селективност по неекономски основ понатаму сива економија и ЕУ применува субвенции и ајде еве свеж пример со српското млеко кое баш поради субвенциите од србија стана конкурентно на нашиот пазар па сега се намалува бројот на крави,стока говеда а на долг рок расте бројот на Идиоти удрени од медиумската лоботомија!

Зошто не треба да купуваш Македонско Млеко бидејќи за секое купен литар трошиш по да речеме 2 денари од твоите пари што си ги дал како субвенција (убав збор за крадење или државен рекет) значи ти секоја годинина на сељакот од Свирипичино мораш да му даваш пари инаку ќе ти блокира улици. Нели тоа е рекет и изнуда. Кажи ми што е подобар млекарот Душко од Сврипичино од УЧК и Командат Шпати-Нацист. Ништо. Едниот се научил само крави да молзе а другиот на носи каљаш и ти треба да плаќаш и за едниот и другиот да продолжат да ја работат работат кој не носи пари. :toe:
Ако се Србите глупи и даваат субвенции купувај Српско Млеко и добивај по 2-3 денари поклон од Српскиот даночен обврзник и инвестирај ги во нешто што прави пари а не загуба. Србинот ќе заврши со млекар државен паразит а ти ќе завршиш со 2-3 денари слободен ќеш од него и плус 2-3 денари заштеда од твојот млекар. Или 4-6 денар заштеда на секое купено српско млеко отвори ти нешто што прави пари а не загуби како Србинот.
 
Не шири дезинформации 200мил e целиот проект сосе згради мостови и чуда. За Статуи се макс 30-40 милиони во период од 5 години или 7-8 милиони годишни од 2,5 милијади буџет. 7 милиони од 2,5 милијади е 0,2%

Е остнатиет 99,8% се трошат на работи за кој никој ни од СДСМ и ВМРО несака да дискутираат многу.
160000 Административци
300 000 ПИОМски Пензионери
ФЗО
ЈСП
МТВ
и остали јавни ѓубриња.

Е додека рипате како зелени мајмуни по Статуи, Кипови и Антички Фасади Грујо и БЦ ќе ве шишаат како овци.

кој шири дезинформации? ај молим те преарчунај дека само за “госпожата“ која го нацртала букефал и исплатиле 600.000 (да да шесто илјади) евра... само за тоа... а леењето со бронз каде е? колку му исплатија на оној со нај одвратните футуристички лавови од една страна и оние другите неухранети два лава од друга страна на мосот кај владата? 200 милиони е за статуи, фонтани и мостови, а не за цел проекте 2014... згардите и останатото е башка есап..
 
Не дефокусирај .:oftopic:
 
Не дефокусира тоа е од нашиот џеб така??

Не би требало ваков буџет ма Јок јас не гледам ниту инвестиции нит па развој,ако некој гледа дефинитивно Халуцинира или е во Матрикс:vozbud:
 
Не дефокусирај .:oftopic:

ајде бе...:tapp: моето е офф топик а твоето не а?:drk::pusk::pusk: јасни се методите на вмроовците... исто како и во другана тема за сообракјаките... а загусти под нозе, одма се вртиме на друг начин да си го спасиме газето што гори... когаке ве убијат со факти, нај добар начин на одбрана е да нападнете за нрешто ново... ај батали више, нема да полемизирам со такви како ти... ми се здомачи да се објаснувам...и иако имаш коза за аватар, народов више не се ни кози ни овци.. поготово оние што се на форум, се интелегентни луге, кои знаат да размислуваат и имаат своја свест...
 
Сите ефекти што ги наброи се краткорочни. И се анулираат со намалување на даноците и поефтиниот труд. За жал во Македонија цената на трудот е нереално напумпана.
Подобро е 3000 денари од 30000 денари загуба од човек колку што е бруто платата. Човекот во администрација непроизвњедува ништо и недопинесува за зголемување на БДП туку напротив влијае на неговото намалување поради што зема пари од економијата и ги става во буџетот. Оваа состојба е неодржлива на долг рок.
-Минимална Администрација (50-60.000)
-Ниски даноци
-Ниски давачки за пензии и здравствено и социјлано осигурвање
-Укинување на минимална плата
-Висококвалификувана ефтина работна сила
-Стабилна Политичка и Безбеносна состојба
-Либерален пазар без монополи, концесии и субвенции и премногу регулативи.
Се основни причини за пораст на економијата.

Ако сакаш тоа да го постигнеш
-Треба отпуштање на 80.000 административци
Не треба да се чека ни една секунда да, ќе се направи поголема невработеност што е и добро бидејќи ќе се намали цената на трудот а со тоа и цената на производите значи МК производот ќе биде многу конкурентен на светскиот пазар што ќе резултира со намалување на трговскиот дефицит. Кинески Модел е тоа. Македонија не е Шведска. Македонија е послична со Кина во однос БДПна глава или други такви земји. Преквалификации се ОК и може тоа. Но, поентата е секој државен вработен секој ден краде од економијата и го забавува растот. Од економски аспект е подобро плус 80.000 невработени од 80.000 административци нема дилема со секој секунда држават пропаѓа се повеќе и повеќе поради тоа.НЕ ТРЕБА ДА СЕ ЛАЖЕМЕ
-Укинување на минимална плата
Подбро е човек да работи и за 3000 денари од колку да зема 3000 денари социјала. Ова е една од методите за зголемувањее на вработеноста. Пазарот најдобро одредува колку треба да биде цената на трудот а не некој чичковци што победиле на избори. МИСЛИМЕ ДЕКА СМЕ ШВЕДСКА ИЛИ ШВИЦАРСКА кој се развиени но и тие сега стагнираат поради овие процеси а ние не сме разбиени и уште стагнираме поради овие социјалистички регулативи
-Намалување на даноците
Значи помал буџет, што пониски даноци тоа повеќе странски инвестиции и пари што ќе остануваат во економија е репродуцитаа. Македонската економија произведува 9,6 милијади евра годишно. Буџетот на владата е 2,5 милијади окулу 30% од Економијата.
-Укинување на субвенции за земјоделци
Бидејќи се одржуваат неренатбилни гранки кој следната година пак ќе бараат пари. А не продуцираат доволно за да бидат рентабилни. Треба да го сменат производството и адаптираат на пазарот
-Продавање на јавни претпријатија ЈСП МТВ итн
Цента на билет во ЈСП е 70 денари по човек 30 е бидејќи Државата субвенционира 40 денари на секој продаден билет плус им дава 50 милиини евра сега поклон за нови возила. Приватници возат за 25 денари. ЈСП е загубар и нерентабилна фирма поради што е државна а, државна=неспособна за ништо. За МТВ не треба да се прави и муабет тие се тешко ѓубре. Програми од јавен интерес може само преку СРД може да се купуваат од приватни телевизии.
-Либерлаизација на многу пазар и демонополизација на одредени сегменти
Конкуренција и да нема монополи освен во некој ситни сегменити т.е. само коњуктура т.е. Патишта, Пруги, Дистрибуција на Енегенси , вода итн Но не и нивно производство.
-НАТО е ОК, ЕУ не баш.
Релативно е ова...ЕУ е ок поради тоа што обезбедува голем пазар ама лошо е поради тоа што убива со непотребни закони ограничување и субвенции
-Прватизација на делови на ФЗО и ПИОМ и некои болници (неможе баш се)
ФЗО и ПИОМ инвестираат како ментално ретардирани во глупости наместо да се даде фондот на прави инвестори кој ќе создаваат повеќе профит. Менацирањето на болниците е секогаш подобро од приватни бизнисмени одколку од државни директори
-Јако и функционална законодавтво и судство (за да немаш анархија како во некој сектори во САД)
Е тука е главниот проблем зошто луѓето мислат дека приватната иницијатива и прватизацијата е лош. Коорпорациите не се лоши државата е лоша. Бидејќи не сака или не се труди да регулира и казнаува. Затоа се вози со крш автобуси и хаос е се многу сектори бидејќи нема силна регулатива и нејзина примена. Има правила на игра тие важат за сите.
-Инвестриање во Капитални Проекти Патишта, Пруги, Брани итн
Јасно е ова
-Инвестирање во Образование (И тука може да стават ваучески систем на комбинирано приватно и државно обрзование Љупчо ја имаше оваа идеја во 1998 но за жал не ја реализира)
Па и ова.
Добро ,различно размислуваме и тоа е ок ,јас сеуште се држам до моето и тврдам дека не постои влада ниту премиер кој ке отпушти толку многу народ без да му ја скинат главата.Од друга страна мислам и дека не смее да се направи таква глупост и да се дотепа и онака утепаните работници без разлика што се административци и сега имаат примања испод минималните потреби.Најдобро решение преквалификација ,и пак ке имаш поголема понуда на работна сила зарем мора да бидат на улица и да молат ???????
За тоа дека сме поблиску до Кина а не до Шведска воопшто не е точно.Има овде еден професор на факултет кој на студентите убаво им објасни дека самиот систем на Шведска е граден по урнек на бивша Југославија и по тој повод во 60 тите се праќани доле да се обучаваат и системот е пресликан овде тоа да бидеш сигурен.Не знам колку знаеш Шведска сега е во процес на приватизација ,само што моделот е друг а и немаат Бранковци ,Љубчовци и слични идиоти.Во секој случај државна телевизија ,јавен превоз,ЕС, и сл не се приватизира.Какво ти е тоа објаснување дека државата не може да менаџира јавни сервиси а во раце има буџет од 2.5 милијарди евра со кои треба да раководат.
За даноците ти кажав дека држи некаде да се намали ,али дека е пресудна контролата и разбивање на сивата економија ,таму се парите,тоа што нема инвестиции во РМ е најмалку поради даноците ,административни проблеми ,неефикасно судство носи несигурни инвестиции па и да укинеш даноци никој не е глуп да ризикува да ги изгуби парите вложени.
 
Моменталниот Систем за жал ни е посличен до Шведскиот и тоа е проблемот затоа не ни иде економијата. :toe: Државата не е способна да менаџира асално. Финтата е што секој денар пројден низ државата вреди многу помалку во реалноста бидејќи се губи вредност поради корупција администрација лошо раководење. Причината е недостаток на мотивација и инвативност. Нека ми објасни зошто ЈСП го чини 70 денари(40 денари се субвенци) една карта во автобус а приватницте 25 денари а првитве ги добиле автобусите на поклон од граѓаните? Докажано е во светот во сосема исти услови приватна и државна фирма ако им дадеш пари приватната ќе биде 2-3 пати поефикасна од државната. Неможеш да корумпираш приватен имот можеш само државен.
Значи што помала државна администрација и јавни претпирјатија = помалку корупција неефикасност и партизираност. Просто е. Единствен проблем е да не се формира монопол ама со добра регулатива и тоа е можно.
 
За даноците ти кажав дека држи некаде да се намали

Па нели данокот на добивка го намалија од 15 на 10% надевајќи се дека во МАСА(помалку евазија) сепак ќе соберат повеќе средства ма има држави со 25-30% данок според тоа данокот не е проблем...шведскиот модел функционира навистина и ќе продолжи така(само да престанат да примаат политички азиланти,и абдали знаеме дека швеѓанец не ја уби Линд туку сервус) а ние 20 години дур не се заситат( а нема никогаш) се прашуваме

Никој не делува имаме еден голем Прашалник но уште поголем извичник Точка-тишина:)
 
И за млеко :)

мислев да не има претпоставена ситуација, што би било кога би било. Намалување на платежна моќ, а со тоа и цените, пласман на кредити, хипотеките, директно и индиректно буџетот на државата, гдп, дали ќе се зголеми сивата економија и криминалот од други видови, како сето тоа ќе го апсорбира буџетот со исплатите за социјална помош, отштети... домино ефект од еден таков длабок рез. Изгледа кога би се ставиле сите параметри станува премногу сложено за било што да се шпекулира.

Па не баш..
Има конкретни примери на земји кои драстично ја намалиле администрацијата како и вкупните буџети и оствариле одлични резултати - Нов Зеланд,Ирска и Словачка се најпознатите примери..Има и податоци за тоа како се развивала американската економија во услови на зголемување/намалување на буџетските приходи и расходи.Американците имаат вршено и многу истражувања и пресметки за тоа.Процентите се разликуваат во зависност од тоа кој го вршел истражувањето но заклучокот е ист - зголемување на даноците и буџетските трошења носат намалување на инвестициите и на економскиот раст.
И обратно,кога се намалувале даноците и буџетските расходи се зголемувале инвестициите и економ. раст.

Инаку дека буџет може да биде развоен - може, ама како што ми стои работава ние тој филм ни сме го гледале нити па ќе го гледаме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom