Дискусија за буџетот на Македонија за 2011

Според некои стандарди, нашава администрација треба да брои 40.000 :)

Али мислам дека згрешивте со 150.000, ако не се лажам некои 135.000 се со последниве вработувања.

Прашањето е дали некој би гласал за некого кој ветува дека ќе опшушти 80-100.000 административци што најверојатно ќе резултира со невработеност од 40% барем привремено.
 
Ќе го придобие -приватниот сектор. Ама невработеноста ќе се качи мислам на над 50 (ме мрзи да рачунам, не сум Фата :) ). Со вакви вработувања и буџети државата живурка, мрда. Имаат среќа што дел од граѓаните самите си наоѓаат работа во странство па ние се лутеле или не за бугарски, албански, српски...пасоши, реалноста е таа, потемно розово.
 
Многу нормално дека не би гласал....
Невработеноста ќе се зголеми, можеби и некои 50% како што вика Луртз.

Треба да се направи план, да отпуштиш 70.000 вработени одеднаш е погубно. Потребно е постепено намалување на администрацијата, па ако треба и 30.000 за 15 години, али да се намалува. Кај нас се работи обратно.
Намалената администрација значи помал дел во буџетот за плати и администрација, а тие пари може да бидат пренаменети за капитални инвестиции или пример моментално за подмирување на внатрешниот долг(нешто што се крие од Владата, а чим се крие можам да замислам колку должи).

Не знам, додека стигнеме до ниво на една Словенија ќе ни требаат некои 50 години сигурно.
 
Кога би се симнале од буџет 70000, би се зголемила невработеност на 40%, ја бев грешка. Ама и така сме шампиони, 40% е превише. А тоа ваљда (слаба платежна моќ, криминал...) по вашите економски книги носи други последици во државата?
 
Многу нормално дека не би гласал....
Невработеноста ќе се зголеми, можеби и некои 50% како што вика Луртз.

Треба да се направи план, да отпуштиш 70.000 вработени одеднаш е погубно. Потребно е постепено намалување на администрацијата, па ако треба и 30.000 за 15 години, али да се намалува. Кај нас се работи обратно.
Намалената администрација значи помал дел во буџетот за плати и администрација, а тие пари може да бидат пренаменети за капитални инвестиции или пример моментално за подмирување на внатрешниот долг(нешто што се крие од Владата, а чим се крие можам да замислам колку должи).

Не знам, додека стигнеме до ниво на една Словенија ќе ни требаат некои 50 години сигурно.

Колку побавно толку повеќе време ќе треба за да мрдне економијата. :toe:
Знам дека ако шутнеш одеднаш 70-80.000 луѓе на улица ќе има социјални немири и најверојатно тешко дека ќе ги добие твојата партија следните избори. БЦ и Грујо го знаат тоа и затоа и не возат и ќе не возат т.е. ќе го клацкаат возот.
 
Не знам што викаат економскиве книги, 70.000 администрација да се отпушти не сум сигурен дека некој анализирал... Али просто гледано, со 3.000 социјална помош се намалува куповната моќ, со тоа ќе се намали побарувачката за производи, ќе се намали производството кај домашните фирми со тоа ќе се отпуштаат работници, ќе дојде до намалување на цената на трудот поради големата понуда, ќе се намали бдп итн... Не знам искрено што викаат книгиве, али лошо е, затоа и реков дека е погубно тоа да се направи... Да имаше кај да се вработат во приватниот сектор океј, вака јок...

Стефус, многу нормално дека веќе никогаш нема да добијат избори, немири ќе има сигурно... затоа реков дека не е изводливо тоа...
Ма добро е вака, има за леб :)
 
И за млеко :)

Не знам што викаат економскиве книги
мислев да не има претпоставена ситуација, што би било кога би било. Намалување на платежна моќ, а со тоа и цените, пласман на кредити, хипотеките, директно и индиректно буџетот на државата, гдп, дали ќе се зголеми сивата економија и криминалот од други видови, како сето тоа ќе го апсорбира буџетот со исплатите за социјална помош, отштети... домино ефект од еден таков длабок рез. Изгледа кога би се ставиле сите параметри станува премногу сложено за било што да се шпекулира.
 
Не знам што викаат економскиве книги, 70.000 администрација да се отпушти не сум сигурен дека некој анализирал... Али просто гледано, со 3.000 социјална помош се намалува куповната моќ, со тоа ќе се намали побарувачката за производи, ќе се намали производството кај домашните фирми со тоа ќе се отпуштаат работници, ќе дојде до намалување на цената на трудот поради големата понуда, ќе се намали бдп итн... Не знам искрено што викаат книгиве, али лошо е, затоа и реков дека е погубно тоа да се направи... Да имаше кај да се вработат во приватниот сектор океј, вака јок...

Стефус, многу нормално дека веќе никогаш нема да добијат избори, немири ќе има сигурно... затоа реков дека не е изводливо тоа...
Ма добро е вака, има за леб :)
Сите ефекти што ги наброи се краткорочни. И се анулираат со намалување на даноците и поефтиниот труд. За жал во Македонија цената на трудот е нереално напумпана.
Подобро е 3000 денари од 30000 денари загуба од човек колку што е бруто платата. Човекот во администрација непроизвњедува ништо и недопинесува за зголемување на БДП туку напротив влијае на неговото намалување поради што зема пари од економијата и ги става во буџетот. Оваа состојба е неодржлива на долг рок.
-Минимална Администрација (50-60.000)
-Ниски даноци
-Ниски давачки за пензии и здравствено и социјлано осигурвање
-Укинување на минимална плата
-Висококвалификувана ефтина работна сила
-Стабилна Политичка и Безбеносна состојба
-Либерален пазар без монополи, концесии и субвенции и премногу регулативи.
Се основни причини за пораст на економијата.

Ако сакаш тоа да го постигнеш
-Треба отпуштање на 80.000 административци
-Укинување на минимална плата
-Намалување на даноците
-Укинување на субвенции за земјоделци
-Продавање на јавни претпријатија ЈСП МТВ итн
-Либерлаизација на многу пазар и демонополизација на одредени сегменти
-НАТО е ОК, ЕУ не баш.
-Прватизација на делови на ФЗО и ПИОМ и некои болници (неможе баш се)
-Јако и функционална законодавтво и судство (за да немаш анархија како во некој сектори во САД)
-Инвестриање во Капитални Проекти Патишта, Пруги, Брани итн
-Инвестирање во Образование (И тука може да стават ваучески систем на комбинирано приватно и државно обрзование Љупчо ја имаше оваа идеја во 1998 но за жал не ја реализира)
 
Интересно, уште да формираш партија, јас ќе гласам за тебе :salut:
 
1 болд:
Токму така, затоа се инсистира на намалување на администрацијата.
2 бодл:
Зашто пониски даноци? Не знам по која логика треба да се намалат даноците...
Уствари, доколку луѓето се невработени не плаќаат данок, напротив, има социјални трансфер т.е. празнење на буџетот.
3 болд:
Исто како даноците, зашто пониски?
4 болд:
Баш напротив, минималната плата треба да биде што е можно повисока, ако нема минимална плата некој може да те плаќа и 3.000 денари(иако неизводливо со оглед на социјалните трансфери од 3.000 денари)
5 болд:
При 80.000 невработени плус, со некои 3.000 денари месечно, дали сите ќе имаат финансии да се образуваат? Не би рекол... Остај тоа, никој со факултет што ќе ти искочи сега нема да ти работи за 3.000 денари во случај како што ти викаш без минимална плата. Како што кажав, висока понуда на труд > ниска цена на трудот > помалку трошење > помал БДП
6 болд:
Ова баш сега го учам или сум го учел :)
Монополите мора да постојат, да не навлегувам зашто што и како, али мора. Пазарот без регулативи не може да функционира, иако се пропагирало дека пазарот има невидлива рака(позната теорија) и сам може да се справува со неуспесите сепак не е така.
За субвенциите, точно е тоа дека во развиените економии не треба да има субвенции особено поради тоа што се создава нелојална конкуренција во меѓународната трговија. Според прописите на СТО земјите кои се во развој смеа да даваат субвенции во поголема мерка од развиените земји. Ако погледнеш кај нас, ние уште субвенционираме, што може да дојдеме до заклучок во која категорија спаѓаме. Само се косат некои работи, во земјите во развој земјоделството е најразвиена гранка и онаа која што ги помага другите гранки, кај нас тоа не е земјоделството туку Индустријата али ипак даваме субвенции на земјоделците и ипак земјоделството не ни е развиено.

Конечно последниот болд:
Заклучокот ти е лош. Ниските даноци во никој случај не би биле основа за пораст на економијата. Има еден пример во Америка, мислам дека претседателот Реган(ваљда беше вака) имал кампања на намалување на даноците со цел дека граѓаните ќе плаќаат данок, нема да има евазија и фирмите ќе се стремат кон поголемо производство поради помалиот данок и со тоа поголеми приливи на парични средства по основ данок. Резултатот бил намалување на приходите од даноци.
Висококвалификуваната ефтина работна сила ја немаш во развиените земји :) Таму комуналец зема 10.000 евра.
Во сите развиени земји има минимална плата.

Мислам дека доста се изнапишував, кој сака нека чита :)
 
Сите ефекти што ги наброи се краткорочни. И се анулираат со намалување на даноците и поефтиниот труд. За жал во Македонија цената на трудот е нереално напумпана.
Подобро е 3000 денари од 30000 денари загуба од човек колку што е бруто платата. Човекот во администрација непроизвњедува ништо и недопинесува за зголемување на БДП туку напротив влијае на неговото намалување поради што зема пари од економијата и ги става во буџетот. Оваа состојба е неодржлива на долг рок.
-Минимална Администрација (50-60.000)
-Ниски даноци
-Ниски давачки за пензии и здравствено и социјлано осигурвање
-Укинување на минимална плата
-Висококвалификувана ефтина работна сила
-Стабилна Политичка и Безбеносна состојба
-Либерален пазар без монополи, концесии и субвенции и премногу регулативи.
Се основни причини за пораст на економијата.

Ако сакаш тоа да го постигнеш
-Треба отпуштање на 80.000 административци
-Укинување на минимална плата
-Намалување на даноците
-Укинување на субвенции за земјоделци
-Продавање на јавни претпријатија ЈСП МТВ итн
-Либерлаизација на многу пазар и демонополизација на одредени сегменти
-НАТО е ОК, ЕУ не баш.
-Прватизација на делови на ФЗО и ПИОМ и некои болници (неможе баш се)
-Јако и функционална законодавтво и судство (за да немаш анархија како во некој сектори во САД)
-Инвестриање во Капитални Проекти Патишта, Пруги, Брани итн
-Инвестирање во Образование (И тука може да стават ваучески систем на комбинирано приватно и државно обрзование Љупчо ја имаше оваа идеја во 1998 но за жал не ја реализира)
Не се согласувам во целост со тебе , посебно во вториот дел

-Треба отпуштање на 80.000 административци
кој е тој будала што ке отпушти толку народ ке му ја скинат главата.Значи постои планирана преквалификација која се прави врз основа на анализи во општеството и вработување плански.Ова го прави моментално Шведска со работниците од Волво,кое да подсетам и не е дрќавна фирма.

-Укинување на минимална плата
Абсолутно погрешно.Зајакнување на синдикатите и обавезно минимална плата за секој сектор посебно во секоја гранка , генерална минимална плата е грешка

-Намалување на даноците
тука не те разбирам ,намалување на постоечките даноци во РМ ?Еве јас плаќам даноци и овде и таму ,верувај даноците се повеќе од смешни.Јас би се усмерил на сивата економија каде што се губат огромни пари па дури и уште пониски даноци а давачките за бруто плата мора да се изменат .Да нема дел од плата на сметка а другиот на рака ,и тука се губат многу пари.

-Укинување на субвенции за земјоделци
никако ,само со тоа што при субвенционирање добиваш евидентирани земјоделци си во добивка.Овде мора да се организира пласманот на производите ,кога ке му помогнеш за пласман можеш и данок да бараш во спротивно ке купуваме на црно од шиткачите на пазар а никој нема данок да плати

Продавање на јавни претпријатија ЈСП МТВ итн
абе ајде ,јас бев против што се продаде ЕСМ ,знаеш ли во колку држави јавниот превоз е државем? а за државна телевизија да не збориме.Па они треба да бидат репер за приватната конкуренција ,да не може секое говедо да има тв и канти од автобуси да се распаѓаат по улиците.

-Либерлаизација на многу пазар и демонополизација на одредени сегменти
тука се согласувам со тебе ,али со добри законски ограничувања,за заштита на домашните производители

-НАТО е ОК, ЕУ не баш.
ова е дискутабилно од многу аспекти.За мене лично ни НАТО ни ЕУ не ни требаат,ама да не навлегувам во дискусија за ова треба многу простор.
 
Повеќе пари за развој и капитални проекти..ама џабе,старата болка си останува..превработена администрација и пензионери чии што број секоја година се зголемува..се додека овој дефект не се реши , теко напредок

--- надополнето ---

Колку побавно толку повеќе време ќе треба за да мрдне економијата. :toe:
Знам дека ако шутнеш одеднаш 70-80.000 луѓе на улица ќе има социјални немири и најверојатно тешко дека ќе ги добие твојата партија следните избори. БЦ и Грујо го знаат тоа и затоа и не возат и ќе не возат т.е. ќе го клацкаат возот.

Со тоа што Грујо и Б.Ц. го одолговлекуваат тоа,само прават штета..што побрзо се отпуштат административците тоа подобро за државата..само што никој нема муда за тоа,побитено е мерењето на кого му е поголем ( у проценти )
 
Сите ефекти што ги наброи се краткорочни. И се анулираат со намалување на даноците и поефтиниот труд. За жал во Македонија цената на трудот е нереално напумпана.
Подобро е 3000 денари од 30000 денари загуба од човек колку што е бруто платата. Човекот во администрација непроизвњедува ништо и недопинесува за зголемување на БДП туку напротив влијае на неговото намалување поради што зема пари од економијата и ги става во буџетот. Оваа состојба е неодржлива на долг рок.
-Минимална Администрација (50-60.000)
-Ниски даноци
-Ниски давачки за пензии и здравствено и социјлано осигурвање
-Укинување на минимална плата
-Висококвалификувана ефтина работна сила
-Стабилна Политичка и Безбеносна состојба
-Либерален пазар без монополи, концесии и субвенции и премногу регулативи.
Се основни причини за пораст на економијата.

Ако сакаш тоа да го постигнеш
-Треба отпуштање на 80.000 административци
Не треба да се чека ни една секунда да, ќе се направи поголема невработеност што е и добро бидејќи ќе се намали цената на трудот а со тоа и цената на производите значи МК производот ќе биде многу конкурентен на светскиот пазар што ќе резултира со намалување на трговскиот дефицит. Кинески Модел е тоа. Македонија не е Шведска. Македонија е послична со Кина во однос БДПна глава или други такви земји. Преквалификации се ОК и може тоа. Но, поентата е секој државен вработен секој ден краде од економијата и го забавува растот. Од економски аспект е подобро плус 80.000 невработени од 80.000 административци нема дилема со секој секунда држават пропаѓа се повеќе и повеќе поради тоа.НЕ ТРЕБА ДА СЕ ЛАЖЕМЕ
-Укинување на минимална плата
Подбро е човек да работи и за 3000 денари од колку да зема 3000 денари социјала. Ова е една од методите за зголемувањее на вработеноста. Пазарот најдобро одредува колку треба да биде цената на трудот а не некој чичковци што победиле на избори. МИСЛИМЕ ДЕКА СМЕ ШВЕДСКА ИЛИ ШВИЦАРСКА кој се развиени но и тие сега стагнираат поради овие процеси а ние не сме разбиени и уште стагнираме поради овие социјалистички регулативи
-Намалување на даноците
Значи помал буџет, што пониски даноци тоа повеќе странски инвестиции и пари што ќе остануваат во економија е репродуцитаа. Македонската економија произведува 9,6 милијади евра годишно. Буџетот на владата е 2,5 милијади окулу 30% од Економијата.
-Укинување на субвенции за земјоделци
Бидејќи се одржуваат неренатбилни гранки кој следната година пак ќе бараат пари. А не продуцираат доволно за да бидат рентабилни. Треба да го сменат производството и адаптираат на пазарот
-Продавање на јавни претпријатија ЈСП МТВ итн
Цента на билет во ЈСП е 70 денари по човек 30 е бидејќи Државата субвенционира 40 денари на секој продаден билет плус им дава 50 милиини евра сега поклон за нови возила. Приватници возат за 25 денари. ЈСП е загубар и нерентабилна фирма поради што е државна а, државна=неспособна за ништо. За МТВ не треба да се прави и муабет тие се тешко ѓубре. Програми од јавен интерес може само преку СРД може да се купуваат од приватни телевизии.
-Либерлаизација на многу пазар и демонополизација на одредени сегменти
Конкуренција и да нема монополи освен во некој ситни сегменити т.е. само коњуктура т.е. Патишта, Пруги, Дистрибуција на Енегенси , вода итн Но не и нивно производство.
-НАТО е ОК, ЕУ не баш.
Релативно е ова...ЕУ е ок поради тоа што обезбедува голем пазар ама лошо е поради тоа што убива со непотребни закони ограничување и субвенции
-Прватизација на делови на ФЗО и ПИОМ и некои болници (неможе баш се)
ФЗО и ПИОМ инвестираат како ментално ретардирани во глупости наместо да се даде фондот на прави инвестори кој ќе создаваат повеќе профит. Менацирањето на болниците е секогаш подобро од приватни бизнисмени одколку од државни директори
-Јако и функционална законодавтво и судство (за да немаш анархија како во некој сектори во САД)
Е тука е главниот проблем зошто луѓето мислат дека приватната иницијатива и прватизацијата е лош. Коорпорациите не се лоши државата е лоша. Бидејќи не сака или не се труди да регулира и казнаува. Затоа се вози со крш автобуси и хаос е се многу сектори бидејќи нема силна регулатива и нејзина примена. Има правила на игра тие важат за сите.
-Инвестриање во Капитални Проекти Патишта, Пруги, Брани итн
Јасно е ова
-Инвестирање во Образование (И тука може да стават ваучески систем на комбинирано приватно и државно обрзование Љупчо ја имаше оваа идеја во 1998 но за жал не ја реализира)
Па и ова.
 
1 болд:
Токму така, затоа се инсистира на намалување на администрацијата.
2 бодл:

Уствари, доколку луѓето се невработени не плаќаат данок, напротив, има социјални трансфер т.е. празнење на буџетот.

За субвенциите, точно е тоа дека во развиените економии не треба да има субвенции особено поради тоа што се создава нелојална конкуренција во меѓународната трговија. Според прописите на СТО земјите кои се во развој смеа да даваат субвенции во поголема мерка од развиените земји. Ако погледнеш кај нас, ние уште субвенционираме, што може да дојдеме до заклучок во која категорија спаѓаме. Само се косат некои работи, во земјите во развој земјоделството е најразвиена гранка и онаа која што ги помага другите гранки, кај нас тоа не е земјоделството туку Индустријата али ипак даваме субвенции на земјоделците и ипак земјоделството не ни е развиено.

Висококвалификуваната ефтина работна сила ја немаш во развиените земји :) Таму комуналец зема 10.000 евра.
Во сите развиени земји има минимална плата.

Мислам дека доста се изнапишував, кој сака нека чита :)
Државна Администрација НЕ ПЛАЌА ДАНОЦИ :pipi:
Место да ја дивезифицираш Економијата и Адаптираш на Пазарот ти форсираш една гранка не е паметно повеќе се страда при промени на пазарот.
Имаме Економија како Мијанмар а социјална регулатива како Северо-Западна Европска земја воопшто не е паметно тоа. Бидејќи прво нема здрава основа за тоа, втор тоа го убива економскиот раст. Колку има раст Германија Шведска итн...патетично лош. Не е тоа добар модел за развој освен ако не планираш да се задолжуваш како Грција а во последно време во тој правец се оди.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom