Boardwalk Empire

  • Креатор на темата Креатор на темата Silvio
  • Време на започнување Време на започнување
1469743_700756223288793_277710043_n.jpg

Потвредно: Boardwalk Empire ќе заврши годинава со петтата сезона.
 
^Штета што е финална сезона,но мислам дека така и е најдобро,како и да е според историјата следува турбулентен период па со тоа очекувам финалната сезона да биде најака.
 

The trick is to stay alive long enough to cash out.

После ова, имам некое чувство дека лошо му се пиши на Наки и компанија. И се молам за повеќе фокус на Лаки Лучијано и Њу Јорк во оваа сезона. Атлантик Сити е супер, ама сите знаеме кај е вистинската акција.
 
Во прав момент ја завршуваат.

Очекувам да има спин оф каде главна улога ќе биде некој од другите мафијаши веројатно Ал
 
Денес почнува последната 5та сезона. Еве еден рекап од 10мин колку да се потсетиме што се случуваше во 4та

 
Хајпов на серијава по интернетот и општо на форумов е мал, премал. Ја почнав пред некоја недела, и вчера ја завршив втората сезона. Со задоволство кажувам и тврдам дека ова заедно со ББ, ГоТ, Сопранови, СФУ и остала багра квалитетни серии кои ми се сместени у категорија 1, серијава е рамо до рамо со нив. Одлична продукција, одлична сценографија, костимографија и пред све приказна и глума. Како ја гледам серијава дејството се развива па да не речам совршено, полека, градуално со точки на кулминација како крајов на вторава сезона.
Стив Бушеми израсна у класа глумец. Серијава го афирмира како таков. Каква глума, како став, одличен шмек и дава на серијава со неговата глума и лик воопшто.
Искрено у почетокот ми беше интересен лик Дармоди, после не. Тоа го потврдува фактот колку е серијава квалитетна и те вози од сезона во сезона со ликови и дешавки. Шта речи. Ремек дело.
 
Скокате седум години напред и го нема најинтересниот лик во серијата?

Освен ова горното, ептен ми се допадна епизодата, ама ко ќе ми текни дека имаат уште само седум епизоди за да ги завршат сите овие приказни, страв ми е да не ја заебат цела серија на крајот, посебно ако продолжат со сцените од 1884. Добро е што сакаат да ја прошират приказната на Наки, ама малку доцна е за флешбек од детството, посебо вака кога секоја броена минута е важна и има многу поинтересни работи за да прикажат.

И пак на првото ќе се вратам - искрено се надевам дека пак ќе го видиме Мајкл Штулбарг, во флешбек или како и да е. Арнолд беше можеби најдобриот лик во серијата, многу глупо ми е што така го шутнаа. Од Википедија: On his deathbed, Rothstein refused to identify his killer, answering police inquiries with "You stick to your trade. I'll stick to mine." and "Me mudder (my mother) did it.". Аман, Винтер, за ова немаш време, а имаше време за барање капи во трските?
tumblr_inline_nbk58zjCGq1qe74zh.gif


Инаку, ќеф ми е дека конечно ќе има повеќе фокус на Чарли Лучијано и Њу Јорк. Има и потенцијал и за спин-оф, ама Винтер не е заинтересиран ни за Вoardwalk, па и поарно шо не одат по тие води. Омилена сцена во епизодата ми беше муабетот на Чарли со Масерија во ресторанот. И нормално, после тоа што се случи. "The fight is over." :cuc:

И +1 за сето тоа што го кaжа HoT IcE над мене. Серијата е одлична и ако ви треба нешто да ја пополни дупката по крајот на Breaking Bad, гледајте ја. Не беше исто вака и со The Wire? Критичарите ја обожаваја ама дури се емитуваше немаше којзнај каква гледаност, ама после стана култен хит. Добро, не велам дека ова е како The Wire, ама...
OdDm2vN.gif


Плус:
 
По тоа превјуто очигледно ќе има флешбекови низ цела сезона. :facepalm: Кај 8 епизоди, па уште ова фалеше, а мислев само првата епизода ќе е така. Кур ме заболе како се кренал Наки, дајте повеќе сцени со Капоне, Лучијано, борбата меѓу нигерите, сеа Mr. Droopy Eyes сигурно ќе прави одмазда на најантипатичниот нигер кој се појавил на ТВ.

Да не беа флешовите, заборавив дека Комодоре постоеше во серијата. Уште Џими нека го дадат како бебе или како слика од ултра-звук и таман сме. Се сложувам дека е најпотценетата серија од HBO, или најпотценетата воопшто и кога-тогаш ќе си ја најди својата публика, бидејќи завршуваат по само 5 сезони. Во ретроспектива првите три беа на ултра-високо ниво, четвртата малку опадна ама се надевам наредните 7 епизоди ќе биди all-in. Првата разочара, сцената со Масерија требаше да биде во наредните епизоди или пак малку подраматична. Исто фалеше и А.Р. најјакиот мадафакер досега на кој му посветија само едно парче дијалог меѓу Ленски и Наки/
 
Со Џими серијата ми беше далеку подраматична.Претходата сезона се претвори само во акција помеѓу мафии ( иако Џип си одглуме како цар ) ,Џими како лик беше совршено претставен.
 
Добра беше сцената со Масерија и мило ми е што е во првата епизода бидејки може да се фокусираат на дигањето на Лучијано и комисијата, нели тоа го сакаме?
Се сложувам за флешбековите со Наки, касно е сега за тоа, башка 8 епизоди само, не знам зошто толку малце, не дека гледаноста е бомбастична али па и не е ни лоша како што гледам статистички.
Скоро цела златна ера на Капоне е рипната со овие 7 години што отидоа напред...
Наредна епизода очекувам трибјут да му направат на А.R како што треба!
Мора спин-оф за Лаки и Ленски!
 
Се сложувам за флешбековите со Наки, касно е сега за тоа, башка 8 епизоди само, не знам зошто толку малце, не дека гледаноста е бомбастична али па и не е ни лоша како што гледам статистички.
Скоро цела златна ера на Капоне е рипната со овие 7 години што отидоа напред...
Наредна епизода очекувам трибјут да му направат на А.R како што треба!
Мора спин-оф за Лаки и Ленски!
Толку кратка сезона не беше желба ни на НВО, не беше ни поради ниска гледаност или такви работи, туку Винтер сакаше да ја заврши шо е можно побрзо оти од НВО му понудиле нова соработка со Скорсезе. Сега ја шутнаа оваа и ќе работи на некоја си драма за музичката сцена во Америка во седумдесетите со Боби Канавале во главна улога.
 
Толку кратка сезона не беше желба ни на НВО, не беше ни поради ниска гледаност или такви работи, туку Винтер сакаше да ја заврши шо е можно побрзо оти од НВО му понудиле нова соработка со Скорсезе. Сега ја шутнаа оваа и ќе работи на некоја си драма за музичката сцена во Америка во седумдесетите со Боби Канавале во главна улога.
Не им било желба на HBO ама ете сепак го ставиле тој проект на штета на Boardwalk.
И педерски потег од страна на Винтер, сепак Boardwalk е негово дете и требал да ја истера до крај како што треба(n)
Од спин- оф ништо значи :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom