„Мајки“ oд Милчо Манчевски

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Го немам гледано, ама од трејлерот некако ме влече дека е бледа копија на Бабел. Три парови на три различни страни од светот поврзани на чуден начин = три приказни од Македонија поврзани на чуден начин. Девојчињата измислуваат за манијак, манијакот по некоја случајност стварно постои (Таневски), а следна жртва е ваљда бабата (сестрата на стариот). Океј, ова е моја теорија, може и е тотална утка.
И Сенки беше копија на The Passengers/Sixth Sense и целата таа клапа на филмови. Така да не би ме чудело.
 
Од 1ви до 7ми ноември ке се прикажува во охридското кино. Почеток 20ч.
 
Само што се враќам од кино, и за филмот можам да кажам дека навистина вредеа парите. Потсеќа на Превртено , целта е иста, прикажување на македонското општесто, само ова е дури подобро прикажано, со симболите на Манчевски и не толку мрачно.
Со филмот ќе ги заприметите оние социјални феноми кои се толку зачестени кај нас што ви се станати како нормални појави. Мутирани американски вредносни кај младите, никакви родители со материјална идеологија, простодушност и наивност кај постарите, неприкриена корупција и нефункционален систем, многу добар начин на прикажување на сето тоа.
Стари кои умираат сами, тоа беше нешто што навистина ме погоди во филмот.
Инаку, после лошите критики на Превртено се откажав од некаква надежна квалитетна критика на филм во Македонија.

Пост Скриптум Др. Кулен, ич не те бива во претпоставки :)
 
Се наежив кога ја слушнав песната,филмот уште го немам гледано ама сакам да го гледам па ќе натерам некого да идеме да го гледаме
 
Незнам само зошто се прикажува како игран, кога е типичен документарен филм за Владо Танески. Толкав буџет за прикажување видео материјал од свадбата на Владо? Глупости. И колку да се каже дека е филм и некако да ја продолжи приказната, Милчо додал уште две сосема неповрзани приказни со таа на Владо. Џабе фрлени пари. Ова треба на МТВ да се даде, не во кино.
 
Не е тоа што очекував. Очекував филм, а испадна лош прв дел без смисла, втор дел со интересна сторија, и барем малце смеење со поговорката на бабата :). Видовме голотија, стенкање, како и во секој наш филм. Последниот дел беше интересен само не ја сфатив поврзаноста на сите делови. Од мој аспект третиот дел ми беше интересен кога правеа анализа на В.Т и кога ги покажуваа жртвите (је*и га- криминалистика, кривично право, убиства ми се у крв ради професијата), но сепак кога би го оценувал би му дал оценка 6.5-7, пролазна.

Малце ме нервираа некои кадри кои траеа предолго, на пр. давање долг "зум" на дечкото што снимаше звукови, на повеќе пати скоро у зеница го снимал ко да е заљубен у него. Исто така (веќе стана традиција у секој филм), пред да почне филмот реков дека прво нешто што ќе се прикаже ќе бидат запуштени места, џамии, питачи и др. работи КОИ НЕ СЕ ПРИКАЖУВААТ во други филмови, туку само кај на, што и се прикажа.
Можеби идејата му била некако да ги поврзе сите приказни, ама мислам дека не му успеало баш најубаво.
 
Бевме денес цела генерација за 80 ден. да го гледаме и не е лош филмов ама не е ни нешто најнај :)

Три вистински приказни , три неповрзани, пола филм- пола документарец.
Само дали дедото од Мариово му е татко на Владо? Зошто кога ги гореше сликите ја изгоре сликата со детето на коњче а кога покажуваа слики од Владо како дете ја покажаа токму таа ?:)


Подобро ке беше наместо буквално документарец да се направи убав филм со истата приказна. Малце премногу описи и раскажувања за убиствата од семејствата, и сцени од живото на Владо.
Поубав ми беше Сенки...и сеуште очекувам некој по "европски" филм од Манчевски
 
Бевме денес цела генерација за 80 ден. да го гледаме и не е лош филмов ама не е ни нешто најнај :)

Три вистински приказни , три неповрзани, пола филм- пола документарец.
Само дали дедото од Мариово му е татко на Владо? Зошто кога ги гореше сликите ја изгоре сликата со детето на коњче а кога покажуваа слики од Владо како дете ја покажаа токму таа ?:)


Подобро ке беше наместо буквално документарец да се направи убав филм со истата приказна. Малце премногу описи и раскажувања за убиствата од семејствата, и сцени од живото на Владо.
Поубав ми беше Сенки...и сеуште очекувам некој по "европски" филм од Манчевски

Да не бевте од 20 часот !?
 
Не ми се допаѓале филмовите на Манчевски, веројатно ни овој нема да ми се допадне, секогаш се вади на женски ци*ки...
А за поврзаноста на деловите, веројатно се поврзани со името МАЈКИ...
Мајката која си има проблем со децата кои веројатно премногу гледаат телевизија, мајките кои биле убиени од ВТ (или некој друг)... Сега не знам што точно се работи во вториот дел, мислам освен тоа што Ана ги покажува атрибутите :)
 
Првиот дел е какви се мајките во денешницава. Пцујат, се дерат на децата, дури и тоа што пријавиле манијак во полиција ги испокара и да...непристојно облечени :)
Вториот дел е бабата која што Ана ја викаше мајче и кога дојде да ја посети ја замоли да дојде со неа да и помага да чува деца, да ја научи да меси. Бидејки Ана ја изгубила мајката, и бабата ја прифати како 2 мајка :)
Третиот дел е за убиствата на мајките и интервјуата од нивните ќерки и синови.
 
Јас никако не можам да сфатам што сака Манчевски да постигне со вакво нешто?
Уште помалку можам да сфатам кои се тие луѓе и од која причина го финансираат за еден ваков проект?
Па уште толку фалења имаше за филмот, дури не сакаше премиера да има во Македонија зошто сме биле ваков, таков народ.
НЕ, Манчевски, си знаеш што следува после вакво нешто, затоа ги вртеше сите тие филмови.
Искрено јас очекувам асален филм од него, барем од него. Ама изгледа ќе си останам фан на серијата Од денес за утре.

Како и да е, ја почитувам неговата работа и неговите достигнувања, ама ова не е тоа што требаше да го направи.
 
МНОГУ ЛОШ ФИЛМ!!!

Сенки ми се допадна но ова... ова е катастрофа.

1. Гаќи на малолетни девојчиња. Претерано користење англицизми. Нешто што никогаш не би го направило едно девојче
(пријавување фиктивен манијак за чиста забава)


2. Пријатели, 2 момчиња и 1 девојка идат во мариово. Девојкава се рока со едниот(дечко и девојка се или барем таква престава добив)
а после некое време во филмов се бакнува со другиот а ниту се скара со првиот ни ништо, тој едноставно исчезна


3. Документарец... 7 годишно дете го прашуваат за неговата почината баба, "Кај е сега баба ти?"

АЛОООООО, крајно идиотски филм.

P.S. А да и како можев да заборавам... Баба која вика нешто во стилот на
"Куро нема крај"
 
Милчо е гнаса од човек...еднаш на една хрватска телевизија имаше интервју...и водителката го замоли да си зборува на Македонски за да зборува на англиски во емисијата...и паметниот вика:

-"Јас ретко сум во Македонија така да англискиот ми е полесен за комуникација":violent1:

п.с Милчо Македонија ја смета за ѓубре кое може да го шутка низ европските кина,и европејците да си мислат дека ние сме некое диво курдско племе...ама јас незнам како може владата уште да му дава пари за филмови кои немаат врска со објективната реалност на македонецот,и промовирање на неморал и перверзии како заштитен знак за нашата земја...пу не ни требаат лажни филмски патриоти!!!
 
Дали сте сигурни дека земал пари од некое министерство?

И дали парите се за него или за истражувачка дејност на институтот за етнологија?


** намерно се напишано со мали букви, оти не заслужуваат големи
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom